Контакт

Книги

Промоција на две нови книги од Марјан Анѓеловски

Објавено пред

Промоција на двете нови книги на Марјан Анѓеловски – романот „Колку убав погреб“ и драмата „Животот е краток и нејасен“ – ќе се одржи в сабота (31 октомври) во Umbrella (ГТЦ, Скопје) со почеток од 19 часот.

Двете книги се поддржани од Министерството за култура како проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2020 година.

„Колку убав погреб“ е роман кој зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите хранејќи се од погреб на погреб. Ангел на еден погреб ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш…

„Животот е краток и најасен“ е сатирична драма, која ни ја претставува Македонија од иднината. Како Македонецот би се однесувал во една нормалана, средена и богата држава? Што е она што нè враќа назад? Футристичка фарса за едно гнило општество – систем на загубени вредности, општествено уредувње водено од хомофоби и партиски лумпен-активисти, систем што го разоруваат национализам, меѓуетнички конфликти и убедувања.

Марјан Анѓеловски е автор кој пишува и настапува во земјата и на Балканот со хумор, сатира и театарски претстави, а работи и како сценарист во ТВ-емисии.

Автор е на книгите „Македонијо, off мори, мајко“, „Го силувавме ежот“, како и коавтор на книгата „Три ем“. Како сценарист има работено во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“.

Добитник е повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата „Млади типар“ за најдобар млад сатиричар на поранешните ју-простори во Плевља – Црна Гора (2017 година).

Промотори на книгите ќе бидат Снежана Стојчевска и Денис Бојаров, а со свој читачки и театарски перформанс настанот ќе го збогатат актерите: Јасмин Рамани, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Елена Ѓорѓевска.

Настанот ќе биде организиран во согласност со сите протоколи за заштита од Ковид-19.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Нова книга на Славчо Ковилоски

Објавено пред

Неодамна, во издание на Книгоиздателството Ми-Ан излезе од збирката поезија „Компјутерска поезија“ на Славчо Ковилоски.

Во книгата, авторот ги зема добро познатите симболички, митски, фолклорни елементи, стварите од секојдневието, малите парчиња од културата и културното наследство и ги преработува, си поигрува со нив, често ги разложува на значенско ниво, за да ги организира во сопствениот поетски дискурс, добивајќи притоа сосема нови ставови, светогледи, па и нови означители и означувачи. Овој пристап не секогаш е веднаш препознатлив и директен. На тој начин, Ковилоски ги маскира/трансформира нормите, што неговата поезија ја прави динамична, понекогаш цинична, но секогаш читлива и провокативна. Од перформативноста на поезијата до слемот е само еден чекор.

Мотивите, инспирацијата, цитатите во оваа книга се земени од широкото подрачје на интереси на Ковилоски. Од популарната култура, преку фолклорот и секојдневниот живот до љубовта и митот. Разградувајќи ги и повторно (поинаку) вградувајќи ги во својата поезија на иновативен и креативен начин, Ковилоски се оддалечува, значајно се оддалечува од формалноста и шаблонизирањето на стихот, создава нова, современа поезија, која бара нови изразни средства, нови форми, но, секако, и нови содржини.

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), една книга критика и есеистика („Отворени страници“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и неколку монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и: награда за наука („3 Ноември“), за проза („Прозни мајстори“) и за поезија („Григор Прличев“ и „Јован Котески“). Во 2018 година го добил најголемото државно признание, наградата „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македнија од областа на науката.

Работи во Институтот за македонска литература, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавени пет книги од најпродаваниот кинески писател за деца и млади, Шен Шиси

Објавено пред

„Македоника литера“ деновиве објави серија од пет книги за деца и млади од Шен Шиси, најпродаваниот кинески писател за деца и млади и еден од најпродаваните современи писатели во светот.

Петте книги: „Непослушната мајмунка“, „Последниот слон воин“, „Крвавооката мечка“, „Волчицата невеста“ и „Горалите скокачи“ ги содржат најпопуларните и најуспешни новели на овој автор. Шен Шиси пишува за животните и во Кина е познат како кралот на приказните за животни. Во новелите на Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет преку имагинацијата на писателот ја отсликуваат човечката природа.

„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со кого веќе заеднички објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Преводите на оваа серија се на Елена Саздовска, Анета Пауновска, Сибел Ајдинова и Славчо Пеев.

Шен Шиси е роден 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување почнал во 80-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите дела се искрени, реалистични и трогателни приказни за животните. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се еднакво популарни и кај возрасните читатели.

Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци. Добитник е на многу награди за литература за деца, меѓу кои наградата на Здружението на писателите на Кина за извонредни дела во литературата за деца, добиена во три последователни години, наградата „Кинеска книга“, наградата за нови дела за литература за деца „Бингсин“ и наградата за литература за деца на Тајван, „Јанг Хуан“.

Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование. Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво. Неговиот прв роман за животни „Долината на слоновите“ е објавен во 1980 година. Неговото дело „Последниот воен слон“ е исто така адаптирано во сценска претстава.

До декември 2019 година, според проекцијата на пазарот на OpenBook, книгите за животни на Шен Шиси се продадени во над 60 милиони примероци веднаш по објавувањето на секое дело, од кои бестселерот „Сонувајќи да се биде крал на волците“ е продадено во речиси 15 милиони примероци. „Сонувајќи да се биде крал на волците“, исто така се најде на првото место во најпродаваната оригинална литература за деца во 2018 година. Покрај тоа, продажбата на пазарот на „Седмиот загар“, „Последниот слон воин“ и „Горалите скокачи“ надмина над четири милиони примероци од книга.

Шен Шиси имал нераскинлива врска со животните уште пред неговата писателска кариера. На 16-годишна возраст, во 1968 година, во време кога многу млади луѓе од кинеските градови биле испраќани во оддалечените рурални области, Шен побарал да замине во Сишуангбана, тропски регион во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тој живеел на границата на Јунан 18 години. Работел како работник во хидроцентрала и учител во планинско село, акумулирајќи искуство во оваа област. Единствената причина што Шен Шиси го избрал Јунан е тоа што имал слушано за многуте животни таму и можел да има куче за лов. Кога пристигнал таму, тој не само што добил куче, туку отишол да живее во куќа на ловџија, кој се однесувал спрема него како син и го водел на лов во целата Сишуангбана. Во повеќето негови дела за животни се присутни ликот на локалниот ловец и пределите на Сишуангбана. Уникатниот пејзаж во Сишуангбана, му дал на Шен обилен простор за создавање, како и материјал за оригинален вкус на животот во шумата. Опасноста за животните од нивните непријатели, борбата меѓу видовите, недостигот од храна и суровата страна на ловот од луѓето се тематските пунктови за кои Шен Шиси отворено пишува.

Пред неколку месеци „Македоника литера“ објави две ремек-дела на Шиси – „Мајката чакал Скарфејс“ (роман) и „Лисицата трговец“ (новели и раскази).

Прикажи повеќе...

Книги

„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија во Италија

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, годинава четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот утврдена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на електронската адреса: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс тие автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 10 јануари 2021 година.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационална жири-комисија, со која ќе претседава поетот од Македонија, Митко Гогов, претставник на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел преку возвишена поезија да се прослават и овековечат духот, душата, суштината и есенцијата на животот.

Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели на 28 март 2021 во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Активни 20.687 случаи на коронавирус во Македонија, речиси половина се во Скопје

Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се...

Македонија16 минути

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет51 минута

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да започне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта....

Свет14 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет15 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија16 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија19 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион20 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа20 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија21 час

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион21 час

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија22 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа22 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион23 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа23 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија24 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет1 ден

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет1 ден

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет1 ден

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет2 дена

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Досие