Контакт

Книги

Промоција на збирката раскази „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку

Објавено пред

Во мултимедијалниот центар „Матица“ во Паркот на книгите во 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку, преведна од албански на македонски јазик од Маноил Богдановски.

Книгата е во издание на „Матица македонска“, а ќе ја промовираат проф. д-р Беса Арифи и писателот Блаже Миневски. Книгата „Љубовта на Генерал Ш“ доаѓа природно во нагорна линија, што е доказ за раскажувачката дарба на младата авторка Лира Бојку, констатира академик Али Алиу во препораката на ова дело. Лира Бојку (Скопје, 1990) е автор на книгите со раскази „Црвените чевли“ и „Љубовта во машина за перење“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавен третиот роман на Ирена Јорданова

Објавено пред

Од

Денеска од печат излегува новиот, трет роман на Ирена Јорданова насловен „Послушен брод што плови“, во издание на „Или-или“.

По дебитантската книга „Помеѓу“, која во 2008 влезе во финалето за наградата „Роман на годината“, и „Катализатор 33“ од 2010 година (преведен на англиски јазик, во 2012 година беше еден од најсимнуваните романи на „Амазон“), талентираната Јорданова, која дипломираше на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата по Општа и компаративна книжевност, ни подарува нов роман, нова приказна која одлично се надоврзува на сето она што таа претходно го објави, и кое од критичарите и од публиката беше одлично оценето и прифатено.

„Во својот нов роман Јорданова врви по еден длабок, неистражен пат каде што на автентичен начин ги спојува уметноста и човечноста. Романот изобилува со една нова димензија на битисувањето. Од една страна ја следиме формата, човечкото движење, човечкото тело, човечката егзистенција, се’ она што всушност можеме сетилно да го искусиме во рамки на формата додека сме живи и постоиме. Од друга страна, пак, Јорданова нè води со свесноста, со нешто што е поголемо од формата, од градивото на сетилното, што останува зад нас, па дури и по смртноста на формата“, вели Славица Гаџова Свидерска во рецензијата кон книгата.

Илустрацијата на корицата е дело на Бојан Кртолица, дизајнот го финализираше Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Министерството за култура.

По повод излегувањето на книгата, денеска и утре во книжарницата „Или-или“ книгата ќе се продава по промотивна цена, а промоцијата на „Послушен брод што плови“ ќе се случи кон крајот на летото.

Прикажи повеќе...

Книги

„Играле моми по месечина“ – промоција на еротскиот фолклор на Иван Котев во Струмица

Објавено пред

Од

Денеска во НЦУК „Антон Панпв“ во Струмица со почеток во 20 часот ќе биде промовирана книгата со еротска содржина „Играле моми по месечина“ од струмичанецот Иван Котев. Книгата ќе ја промовира д-р Ана Витанова Рингачева, а низ промоцијата ќе води Ѓорги Калајџиев.

„Играле моми по месечина“ е книга од 160 страници меѓу чии корици се сместени 87 песни, 16 анегдоти, 11 народни приказни и стотици пословици и поговорки. Книгата ја рецензирала Ана Мартиновска, која, меѓу другото, напишала: „Иван Котев е еден од ретките доследни и долгогодишни собирачи на богатствата од македонското народно творештво, неуморен во своите напори да ги собира и избира скапоцените и ретки фолклорни бисери за да ги зачувува од заборавот и да им ги остави во наследство на идните генерации. Таа своја благородна фолклористичка и публицистичка мисија, Котев во оваа пригода ја продолжува со едно исклучително значајна збирка на македонски народни умотворби со еротски мотиви насловена како ‘Играле моми по месечина’. Овој релативно неутрален наслов крие во себе провокативна и опсцена содржина, односно избор од народни умотворби од различни жанри – песни, приказни, пословици, гатанки, афоризми и други творби, кои поради својата тема и лексика недвојбено можеме да ги вброиме во она што се нарекува еротски фолклор.“

Ова е прва книга со ваква содржина во Струмичко.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен „речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу

Објавено пред

Од

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје неодамна ја објави лексикографската публикација „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу од Истанбул, Турција. Ова е прв научен и лексикографски труд и прва публикација за хомонимите меѓу овие два јазика.

Речникот е, всушност, адаптирана верзија за печатење на истоимената магистерска теза којашто беше одбранета, во 2015 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Овој труд е составен од два дела. Првиот дел содржи текстови со кои се објаснува и се образложува речникот. Најнапред е дадено објаснување на зборот хомоним според лексикологијата и етимолошките речници; се објаснува како термин во смисла на литературата, потоа авторката дава објаснувања за структура на речникот, главните принципи на речникот, методологија во врска со преводот и принципите за избор на зборовите…

На почетокот Филиз Мехметоглу ја образложува целта на својот труд – проучување на хомоформите, т.е. зборовите со иста форма или ист гласеж, но со различно значење и неповрзано потекло, на релација турски и македонски јазик. Тие критериуми, пак, елиминираат многу зборови кои македонскиот ги презел од и преку турскиот јазик. Авторката констатира дека, според нејзината евиденција, темата е слабо разработувана во лингвистиката воопшто, а помеѓу македонскиот и турскиот јазик воопшто не е разработена. Мехметоглу истакнува дека дел од нејзиниот научен интерес се турцизмите во македонскиот јазик, но смета дека пред да се испитуваат турцизмите, треба да се проучат оние зборови кои погрешно може да се толкуваат како турцизми, иако тоа не се. Нивното проучување, пак, смета дека ќе биде корисно за сите што го познаваат турскиот јазик и го учат македонскиот и за сите оние што го учат турскиот јазик и го познаваат македонскиот јазик. Секако, и секој што се занимава со компаративна лексикологија и лексикографија на релација македонско-турски јазични споредби може да дојде до значајни сознанија во овој труд.
Во вториот – главен дел, којшто го содржи речничкиот материјал, каде зборовите се дадени по азбучен ред со значењата и во двата јазика, прво се даваат значењата на македонски јазик, а потоа се даваат значењата на турски јазик со македонски превод. Кај секој збор најпрво се бележи стилистичката употреба (дијалектен говор, арго, вулгаризам и сл.). Потоа од граматички аспект се додава и морфолошката припадност по зборовни групи. Ова има цел да укаже на фактот дека припадноста кон различна зборовна група најчесто е доволен показ дека овие зборови немаат идентично значење во двата јазика.

Филиз Мехметоглу е родена во 1974 година во Штип, каде и што го завршила своето основно образование. Во 1985 година со фамилијата се иселила во Истанбул, Република Турција. Гимназија завршила во Истанбул, а потоа, на Универзитетот Анадолу, завршува економски факултет.
Магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, насока – Македонски јазик.
Истовремено дипломира и на Истанбулскиот универзитет, насока – Филозофија.

Мехметоглу е коавтор на три книги и на 17 научноистражувачки трудови, подготвувани првенствено за меѓународни конференции, симпозиуми и научни списанија. Речиси сите директно или индиректно се однесуваат и на македонскиот јазик.
Живее и работи во Истанбул.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион4 часа

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ5 часа

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет6 часа

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија7 часа

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија7 часа

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија8 часа

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија19 часа

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија1 ден

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Македонија1 ден

Кој ќе биде амнестиран со можните измени на Кривичниот законик?

ВМРО-ДПМНЕ не преговара за амнестија, туку бара подобри законски решенија, вака опозициската партија реагира на објавите дека се обидуваат да...

Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ
Регион1 ден

Харадинај: Евентуална поделба на Косово би значело почеток на војна

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека евентуална поделба на Косово за него би претставувало почеток на војна. Харадинај го...

Gavril Bubevski SJO Gavril Bubevski SJO
Македонија1 ден

(Видео) СЈО му честиташе на судот за конфискацијата на целата сума од тендерот во пресудата за „Труст“

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ рече дека е задоволен од пресудата,...

Тимјаник, Мила Царовска, дом Тимјаник, Мила Царовска, дом
Македонија1 ден

Отворен домот во Тимјаник, во него се сместени четири деца

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, Неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

(Видео) Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три...

ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK
Македонија1 ден

Димовски до Груби: Седнете со Џафери и гласајте сами за ДИК

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека Владата ставила европско...

Свет1 ден

Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир...

Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија
Вести1 ден

Отворен саркофагот во кој се веруваше дека се останките на Александар Македонски

Истражувачите го отворија саркофагот стар 2 000 години што беше пронајден во Египет и ги покрена шпекулациите во локалните и...

Мисури, САД, туристи, несреќа Мисури, САД, туристи, несреќа
Свет1 ден

(Видео) Единаесет мртви откако туристички брод се преврте во САД, нуркачите трагаат по исчезнати

Најмалку 11 лица загинаа во Мисури откако се превртел брод кој превезувал туристи по езеро, соопшти полицијата. Амфибиското возило Ride...

Македонија1 ден

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Досие