Контакт

Книги

Промоција на книгата „Виножитото зад душата“ од Милан Јазбец

Објавено пред

„Зборовите се како чуда, само со нив мора да бидеш внимателен, умешен и нежен“ – Милан Јазбец.

Писателот Милан Јазбец, кој е наедно актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – стариот и искусен словенечки дипломат, кој е наедно и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност.

Kако што ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман: „Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi – пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда…“ „Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта. Роман кој дури ќе посакате да го прочитате по вторпат.

Промотори на книгата ќе бидат проф. Луан Старова и Ермис Лафазаназовски, со музички настап на дуото ВИОХАРФ: Ерхан Шукри (виолина) и Мерсиха Шукри (келтска харфа)

Книги

Нов број на филхармонискиот весник

Објавено пред

Излезе вториот број на Магазинот за класична музика и уметност кој го издава Филхармонија. И во овој број има интервјуа и текстови кои се врзани со настаните кои ќе се реализираат на нашата концертна сцена. Во магазинот може да се прочитаат интервјуа со диригентот Тимоти Редмонд, пијанистот Бери Даглас, виолинистката Естер Ју, македонските уметници – диригентот Борјан Цанев и виолинистката Фросина Богданоска.

Во мини магазинот има и претставувања на ансамблот „Јаношка“, кој ќе настапи на новогодишниот гала-концерт на Филхармонија, пијанистот Давид Фре, за кого критиката вели дека е „совршен пример за музичар кој размислува“, тромбонистот Питер Мур – најмладиот победник на натпреварот на Би-би-си… Читателите преку содржината на овој број може да се запознаат и со дел од композициите кои ќе прозвучат на концертите на Филхармонија. Воедно има и изјави од различни личности од јавниот живот во земјата, врзани со Филхармонија, нејзиниот програмски концепт и уметниците кои настапуваат. Во овој број може да се прочитаат изјавите за Филхармонија од писателот Александар Прокопиев, академик Катица Ќулафкова и од новинарите и долгогодишни проследувачи на културната сцена Љупчо Јолевски и Ѕвездан Георгиевски.

Магазинот визуелно се инспирира од комплетно новиот дизајн на сите печатени материјали на Филхармонија – каталог, постери, програма за концерти кои се идејно решение на дизајнерот Горан Златевски. Уредници и автори на текстовите во магазинот се музиколозите Ангелина Димоска и Тина Иванова.
Бесплатни примероци од магазинот ќе има во нашата институција, но и по градските кафулиња, ресторани, туристички агенции, хотели…

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена новата драма на Томислав Османли

Објавено пред

Во најновиот, 40. број на реномираното литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли насловен „Враќање дома“. Пиесата се однесува на траумите на една современа галерија ликови, наши современици од две спротивставени генерации, кои ги жи­веат своите делби, сонот за богатство, носталгии, острас­тените поли­тизации, социјални трауми, политички фрус­трации, и во еден дел  реализираните желби за заминување од тука, од овој или од некој друг град, додека повеќето остануваат заглавени на истото место, во едно от­ту­ѓено меѓувреме.Во сценските слики кои авторот на „Враќање дома“ ги гради, како во воз кој стои во место, додека, пара­док­сално, покрај него врви „желез­ничкиот пејзаж“ на животот – на некој друг воз во забрзано движење.

„Балкански књижевни гласник“ е списание формирано пред петнаесет години, кое ја афирмира литературата и уметноста на автори од балканските простори и објавува оригинални прозни, драмски, поетски есеистички творби, прикази и интервјуи. Негов основач и главен уредник е писателот Душан Гојков. Списанието, покрај во електронска, се публикуваше и вопечатена форма. Сега се појавува како интернет-публикација за литература, култура и уметност.
Пиесата „Враќање дома“, која сега се објавува во „Балкански књижевни гланик“, пред неколку месеци беше објавена во книгата со две „Нови драми“ на Т. Османли, во издание на ВиГ „Зеница“ од Скопје, која неодамна, проследена со врвните оценки на истакнатите писатели и критичари акад.Ферид Мухиќ, Ристо Лазаров и Глигор Стојковски, ја имаше својата промоција во „Салонот 19,19“.

Овој драмскиот текст се движи помеѓу нос­талгијата, чувството на горчина од новите времиња на лични и на социјални изневери. Иако е поставен среде скопски теми, мотиви, дијалект и носталгична чувственост, тој развива општи, дури универзали видувања. Драм­скиот текст „Враќање дома“ ги носи значењата на разјадената љу­бов и солидарност, и на одвеаната нежност на раз­валеното традиционално семејсто; и воедно, критика во однос на заборавот на старото време и вредности, и на немоќта и индолетноста кон по­добрувањата во новото време – и едното и дру­гото, како наши актуелни одлики и одредници во драмата која ја живееме сега и тука, дома.

„Дома не е место. Дома е чувство. И сеќавање. Ако забораваш, немаш каде да се вратиш“ – истакнува Томислав Османли во предговорот за неговиот драмскиот текст сега објавен и во белградскиот „Балкански књижевни гласник“.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Менциј“ – првпат на македонски во превод од старокинески јазик

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, деновиве ја објави книгата „Менциј“, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија.

Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј.

Делата на Менциј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик.

„Македоника литера“ претходно ги има објавено „Лун Ји“ („Беседи и мислења)“ на Конфучиј (познати и како „Аналектите“ или „Изреченија“), „Тао Те Кинг“ на Лао Це и „Безгрижно талкање“ на Чуанг Це.

Менциј (Мѐнг Ци̌’; 372 – 289 пр. н.е.) е еден од стожерните филозофи во кинеската историја, чие дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја. Живеел во преодот од IV и III век пред Христа кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности дошло и до заживување на филозофската мисла кога разни филозофи, кои претставувале разни интелектуални школи, влегувале во остри полемики меѓу себе.

Менциј секогаш е претставен како говори во трето лице, најчесто во разговор со други личности, вообичаено владетели, но и со други високопоставени луѓе, а исто и со други мислители, но и со некои од своите ученици. Временски настанувањето на книгата „Менциј“ може да се датира кон средината на III век пред Христа.

Структурно книгата е поделена на седум дела, секој од нив разделен на две поглавја, со што има вкупно четиринаесет поглавја. Поглавјата најчесто се имаат наслов според името на главниот соговорник со кого Менциј дебатира во нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија11 час

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија12 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија12 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија12 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија13 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија14 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија15 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија16 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија17 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија18 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет20 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет20 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет20 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет20 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија21 час

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет21 час

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија21 час

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет1 ден

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија2 дена

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие