Контакт

Книги

Промоција на книгата „Гаргара“ од Игор Станојоски во Софија

Објавено пред

Денеска во 18.30 часот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Гаргара“ од македонскиот романсиер Игор Станојоски. Книгата, во превод на бугарски јазик, е издание на книгоиздателство „Персеј“. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и во Брно. Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Автор е на романите „Гаргара“ (2014), „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ (2016) и „Диссомнии“ (2017).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Современа македонска поезија од Раде Силјан

Објавено пред

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат антологија на современата македонска поезија од Раде Силјан, соопштуваат од „Матица“.

На страниците од оваа книга застапени се песни од дваесет и осум автори, кои создавале во изминатите осумдесет години. Во предговорот насловен како „Традиција, современост и континуитет“, Силјан опширно говори за развојните текови на македонската поезија, почнувајќи од делото на основоположникот на модерната македонска поезија, Кочо Рацин, па сè до претставниците на генерацијата на седумдесеттите години на минатиот век.

На крајот од антологијата, велат од „Матица“, Силјан објавува и комплетни биобиблиогравски белешки за застапените автори.

Прикажи повеќе...

Книги

Годинешниот Саем на книгата во Франкфурт соодветствува со бурните времиња

Објавено пред

„Треба да разговараме“. Со овие зборови Саемот на книгата во Франкфурт тргнува во своето најполитичко издание во изминатите неколку години. Во центарот на вниманието ќе биде сè од движењето #MeToo и слободата на говорот до животот во Трамповата Америка.

Минатогодишното издание на најголемиот саем на книгата во светот заврши со метеж и извици „Нацистите надвор“, предизвикани од присуството на екстремен десничарски германски издавач и контроверзни говорници.

Иако тоа беше издавачката куќа „Антаиос“, позната по своите противиселенички и антисемитски публикации, организаторите велат дека нивниот саем е против секоја цензура.

Затоа, овој саем ќе почне со силен проевропски сигнал – воведниот говор на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, во вторникот вечерта.

Саемот ќе биде отворен за јавноста в среда кога претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе учествува на дебатата за тоа како да се борат против популизмот во бурни времиња.

ОН и „Амнести интернешнл“ во рамките на Саемот ќе организираат манифестација по повод 70-годишнината од Декларацијата за човекови права.

Слободата на изразување во Путиновата Русија и Ердогановата Турција и загриженоста во врска со владеењето на правото и слободата на говорот во Полска исто така ќе бидат панел-тема во Франкфурт.

Ќе се зборува и за движењето #MeToo, една година по поттикнувањето да се открива сексуалната злоупотреба на жените, истакнатите американски автори Мег Волицер и Пол Бити ќе се осврнат на феминистичките и расните прашања во времето на Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Книги

Книга со избрани песни од македонскиот поет Јовица Тасевски–Етернијан е објавена во Србија

Објавено пред

Книга со избрани песни од македонскиот поет Јовица Тасевски–Етернијан, насловена „Пат кон благоста“ (Пут ка благости), деновиве беше објавена во Србија. Изборот на песните од Етернијан и преводот на српски јазик го направи поетот, критичар и преведувач Ненад Трајковиќ, јазично-стилската редакција е на познатиот српски поет Обрен Ристиќ, а книгата ја издаде Уметничката академија „Исток“ во едицијата „Мостови“.

Во поговорот, м-р Мирослав Радовановиќ истакнува дека Јовица Тасевски–Етернијан со својот блескав возлет кон небото и светлината ги разрешува и ги отфрла недоумиците, несигурните вредности, парадоксите, го доведува во прашање целокупниот систем на уверувања и знаења, исто така тој негира сè што носи обележја на воспоставени конвенции, лажна стабилност и самоуверена рационалност, при што во неговата поезија создава поубав свет на посигурни вредности. Според Радовановиќ, Етернијан е бунтовник против мочуришната и каллива стварност, творец на чудесни светови. За неговата поезија е карактеристичен естетскиот мистицизам во кој исчезнуваат приземните нешта, а на нивно место блескаат контурите на илуминираните внатрешни пејзажи. Со зборовите и со нивната тежина поетот ги надминува границите на стварноста, воспоставувајќи нова рамнотежа на духовниот и светлосниот принцип, односно јазикот формулира една нова стварност, логика и визија при што се раѓа невидена и дотогаш непозната реалност. Јовица Тасевски–Етернијан во песните од кои е составена книгата „Пат кон благоста“ ја величи убавината која е негова поетска определба и ги отвора просторите на бескрајот и слободата, ги надминува границите на времето, при што за овој поет таа е метафизички поим што го пробива патот кон апсолутот и неговата светлосна димензија, заклучува во поговорот м-р Мирослав Радовановиќ.

Јовица Тасевски–Етернијан е афирмиран македонски поет, книжевен критичар и есеист. Автор е на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во околу триесет држави. Уредник е на списанието за литература, култура и уметност „Стремеж“. Уредник-консултант е на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“. Член е на Издавачкиот совет на референтното научно списание „Сајбер литература“ и на Советодавниот одбор на „Меѓународното списание за истражувања и хуманистички студии“ (International Journal of Research and Humanities Studies). Бил стручен советник за македонска поезија во завршениот меѓународен поетски проект „Други гласови“ – антологија на светската поезија вклучена во референтната листа (World Poetry Directory) на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска,...

Македонија2 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија2 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Македонија5 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија7 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија8 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Македонија10 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Македонија10 часа

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет10 часа

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет11 час

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија11 час

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија14 часа

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија1 ден

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија1 ден

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет1 ден

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија1 ден

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија1 ден

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Досие