Контакт

Книги

Промоција на книгата за деца „Моите омилени песни“ на Смиља Христовска

Објавено пред

Под мотото „За да бидеш модерен и фин, читај книги и биди ин“ в сабота, 9 март, ќе биде промовирана книгата за деца „Моите омилени песни“ на  Смиља Христовска. Промоцијата ќе се одржи во 17:30  АТК премиум клубот во Скопје. Оваа книга е првенче за авторот, а во неа има содржано 50 испиративни песни за деца до тинејџерска вораст. Книгата е збогатена е со илустрации на Искра Илиеска, Магдалена Добревска и Андријана Весовска.
„Зошто баш моите омилени песни? Целта на насловот е секое дете да ја земе оваа книга во рака и да рече: Еве, ова се моите омилени песни! Сите ми се омилени! Сите сакам да ги читам! Оваа книга нека биде мал одмор од сите таканаречени модерни технологии. Наместо едно дете да седи крај мобилниот или таблетот и го троши времето за нестварни фотографии и видеа, нека ја земе оваа книга во рака и нека извлече поука дека зад секоја цел стои голем труд, организација и желба да бидам подобар и успешен“, вели авторката Христовска.

Книги

Промоција на „Помеѓу“ од Валентина Бактијаревиќ

Објавено пред

На 12 јуни (среда) со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана поетската книга „Помеѓу“ од поетесата Валентина Бактијаревиќ, издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

На промоцијата, покрај авторката, ќе настапат и Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Владимир Лукаш и Ѓоко Здравески.
„Помеѓу“ е прва книга на младата поетеса од Ниш, Валентина Бактијаревиќ. Објавена е двојазично – на српски и на македонски јазик, а препевот на македонски го направи Ѓоко Здравески.

„Нејзините стихови се една своевидна суптилна стилистика, која се спротивставува на граматиката и синтаксата, една стилистика на емоциите, а не на мислите, стилистика што ја проучува афективната содржина на човечкиот израз“ – Весна Мојсова-Чепишевска.

„Песните од поетската книга Између/Помеѓу од Валентина Бактијаревиќ, всушност, се впишуваат во една силна и смела поетска линија, соочувајќи нè со најголемата моќ на љубовта – да ги трансцендира границите помеѓу смртта и животот. Книгата е сочинета од љубовни песни, во најубавата и најчистата смисла на зборот. Тие се топли, искрени и човечни лирски посланија до нејзината пријателка Калина Велевска, која близу до снежниот врв Кајмакчалан (прерано и трагично) го загуби животот во февруари 2018 година“ – Владимир Мартиновски.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Обител“ на рускиот писател Захар Прилепин

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве го објави романот „Обител“ на рускиот писател Захар Прилепин во превод од руски јазик на Ленче Тосева. Романот е награден со неколку книжевни награди, меѓу кои и со највисоката руска книжевна награда – „Бољшаја книга“.

„Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг. Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година како Соловецки логор за специјални намени (т.н. СЛОН), првиот од новата мрежа на казнени логори во СССР. Во манастирот затвор нема само белогардејци, туку и црвеноармејци, чекисти, ленинисти, сталинисти, кулаци, наемници, поети, свештеници, убијци, манијаци…, каде што џелатите стануваат жртви, а затворениците стражари.
Прилепин романот го пишувал три-четири години истражувајќи многу литература, архивски материјали, мемоари и досиеја на затвореници. Логорот „Соловецки“ е посебен феномен, првиот гулаг, и не може да се спореди со идниот гулаг, но имало ужаси за кои не се очекувало да се чуе во Русија: ужасни затворски услови, глад, тешка исцрпувачка работа, беспричински егзекуции, неразумни казни…

„Во руската култура постојат две традиции: трагедиска и херојска. Достоевски е трагедиска фигура, Толстој – херојска. Шаламов е трагедиска фигура, Солженицин – херојска. Прилепин точно ја следи херојската традиција. Прилепин е големиот стил. Никој не умее, но тој умее“, напиша рускиот писател Андреј Рубанов за Захар Прилепин по објавувањето на „Обител“.

„`Обител` е совршено грандиозен текст, прекрасен, сеопфатен, физички опиплив – во дијапазон од болка до сладострастие“, пишува Шамиљ Керашев.

Захар Прилепин (1975) е руски прозаист, публицист, музичар. Во Русија е познат и по политичката, хуманитарната и воената дејност. Тој е ветеран од војната во Чеченија (како командир на одред на специјалната полиција). По политичко убедување е националболшевик и член на партијата Друга Русија.
Книжевна афирмација му донесоа романите „Патологии“ (2005, за војната во Чеченија), „Санкја“ (2006, за млади набљудувачи), „Обител“ (2014)“, „Некои не паѓаат во пеколот“ (2019, роман фантазмагорија), книгите со раскази – „Грев“ (2007) и „Чевли полни со топла вотка“ (2008). Неколку негови раскази и повести се екранизирани. Автор е и на неколку есеистички и публицистички книги. Приредувач е на неколку антологии и зборници.
Прилепин е добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Национален бестселер“, „Супер-Нац бест“, „Јасна Полјана“…

Романот „Обител“ е награден со „Бољшаја книга“, „Книга на годината“, со уште неколку национални и регионални награди, а беше финалист за „Руски букер“. Во 2016 година за него ја доби наградата на владата на Русија од областа на културата. Во 2018 година почна да се снима филмска серија според мотиви од овој роман. По објавувањето на „Обител“, Прилепин во руската литература го сметаат за еден од најголемите писатели на модерното време.
„Обител“ е преведен на полски, норвешки, француски, српски, словенечки и на ерменски. Делата на Захар Прилепин се преведени на 24 јазици. „Обител“ е прво негово дело објавено на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

„Езерска“ од Лазаров објавена во Белград

Објавено пред

Белградскиот издавач „Архипелаг“ ја објави најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров во превод на српски јазик.

Поговор на белградското издание, кое доаѓа само еден месец по објавувањето на „Езерска“ на македонски, напиша академик Катица Ќулавкова, која истакнува дека ако се следи развојот на поетското творештво на Лазаров, ќе се види дека тоа речиси цело е проткаено со една тенденција да ги поврзува песните во поголема целина не само во циклуси туку и во книги“. Тоа е експлицитно покажано во неговата најнова збирка поезија „Езерска“, тематски конектирана со охридскиот географски, културен и историски простор.

„Езерска“ не е типична егземпларна поема, ама покажува стремеж да биде поема, да прерасне во поема во читателската визија затоа што нуди компактна книга: секоја песна си е целина за себе, ама припаѓа и на една виша целина, онаа на книгата.

Оваа книга со своите 49 песни алудира на многу нешта во кои се препознава македонската реалност од 21 век, доловена низ фрагменти од охридскиот природен и градски пејзаж, ритам, говор, фолклор, вклучително и апсурд.

Со други зборови, во книгата „Езерска“ се вкрстени конкретните слики на охридската стварност со општите места од македонската културна и колективна меморија.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток4 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија5 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија9 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија10 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија11 час

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија12 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски12 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион13 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет2 дена

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие