Контакт

Книги

Промоција на книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски-Џери

Објавено пред

Книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски во издание на „Авант прес“ ќе биде промовирана в петок (6.11.2020) во ресторанот „Пелистер“ со почеток во 11 часот. При промоцијата ќе се запазат сите мерки за заштита и протоколи за заштита од Ковид-19, пропишани од Владата.

Промотори на книгата ќе бидат Ѕвездан Георгиевски и Александар Прокопиев, а за музичката придружба ќе се погрижи македонскиот кантавтор Јаков Дренковски, додека, пак, актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска ќе чита дел од стиховите од новата книга на Љубомир Грбевски.

Книгата – Џери за тинејџери: (Кaлеидо) Скопски шеми (улични легенди и урбани песни удобни како чевли тесни) – е петта книга на Љубомир Грбевски, со која тој се навраќа на својата првобитна форма, пишување песни кои се наменети за тинејџерската публика.

„Воопшто не е лесно во себе да се пронајде логиката на детското и тинејџерското размислување, она што повеќето од нас, се чини, трајно го имаат загубено. Но, авторот не само што успешно се справува со овој предизвик, туку оди и подалеку. Тој не го поставува во преден план сопственото тинејџерско искуство, како што тоа обично го прават авторите во оваа област, туку се идентификува со сегашните тинејџери“ – вели Ѕвездан Георгиевски во својата рецензија.

Љубомир Грбевски е познат како новинар и музички критичар, пред сè е познат по написи и рецензии за македонската и светската рок и џез-музика. Покрај новинарската активност, пишува и белетристика, рок-поезија, како и песни и драмски текстови за урбана тинејџерска популација. Збирката „Стихови празни и рими безобразни“ – антипесни тинејџери, е негова дебитантска книга која доживеа две изданија (1991 и 1992), книгата (Хоро)скопски шеми во печат се појавува 2009. Во 2016 година излегува неговата книга Бајки тралалајки за „урбани клинци и напредни мајки“, а во 2019 книгата „Лет со умот, кон папокот на универзумот“.

Неговата пиеса „Сликата на Доријан Змеј“ е влезена во Антологија на драмски текстови за деца и млади во 2013, а, пак, бајката „Мал крал“ е влезена во Антологијата на македонски авторски бајки. Неговата пиеса „Како шутот доби на дар, работно место да стане цар“ е снимена како радиодрама во 2018 година. Во светот на македонската рок-музика е познат како автор на либретото на првата македонска рок-опера „Житието на сликарот“ (1981) и како автор на полчасовната рок-поема „Седумте пеења на пророкот“ (2012). Се јавува и како текстописец на над седумдесетина текстови за рок-композиции. На манифестацијата „12 величествени“ во 1992 прогласен е за текстописец на годината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавен романот „За тоа ли беше сѐ“ на бугарскиот писател Евтим Евтимов

Објавено пред

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „За тоа ли беше сè“ од познатиот бугарски писател Евтим Евтимов. Романот е напишан со современ стилски израз и со вешто изведена структура. Во основа е политички роман, но тој, пред сè, е постмодерно егзистенцијален, во кој на еден суптилен начин авторот говори за човечката судбина, за страдањата на човекот поради политичките парадокси.

Дејството е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората светска војна, карактеристичен за источноевропските земји во тој период, и ја разобличува репресивноста на тој режим, којашто во осумдесеттите години, пред залезот на режимот во времето на Тодор Живков, ќе ја почувствува и авторот на романот. Според темата, филозофско-етичкиот пристап и пораките кои се искажани – тоа е, пред сè, роман со наднационални вредности и со универзален простор и универзално време, роман за доброто и злото, за судбината на човекот, за предавствата што ги вршат луѓе спрема своите блиски и спрема себеси, за компромисите поради користољубие, за цената за купување кариера, за изневерените мечти и идеали, за кругот на времето и на животот и на човечките судбини.

Заснован врз ужасни вистински настани, но богат со метафори и слики, романот претставува филозофско-етички и естетски трактат за пресвртите во историјата и во животот на човекот. Исти луѓе во исти ситуации си ги менуваат местата – жертвите стануваат џелати, а џелатите жртви. И едните и другите се во маѓепсан круг на човечката превртливост и злоба.

На крајот на романот е објавен и поговор од литературниот критичар и издавач Пламен Тотев, кој го објаснува контекстот во којшто се одвива дејството, но и мотивите на Евтимов да го напише ова дело.

Евтим Михалушев Евтимов (1933, Петрич – 2016, Софија) е познат бугарски писател. Работел како учител, раководител на радио, директор на издавачка куќа и главен уредник на списанија. Образованието го завршил на Институтот за основни учители во родниот град, во 1952 година. Десет години бил учител во родниот крај. Работел и како програмски директор на радиото во Петрич, секретар на Градската библиотека (1962 – 1965). Бил раководител на Одделот за поезија и директор на Издавачката куќа „Народна младеж“ (1966 – 1984), главен уредник на весникот „Литературен фронт“ (1984 – април 1988, кога е отпуштен) и главен уредник на списанието „Родољубие“ (1989 – 1991).

Најпознат е по својата поезија. Многу негови песни се компонирани, а некои негови стихови денес се познати бугарски песни. Политичките, патриотските и љубовноисповедните мотиви се доминантни во неговата поезија, а поради ритмичната структура и стилистиката блиски до народната песна беше посебно популарен кај широк круг читатели. Љубовта е основниот елемент во поетскиот вредносен систем на Евтимов. Таа е пространство во кое најцелосно и најискрено се отвора лирското јас. Класичната ритмична структура, блискоста до стилистиката на народната песна и успешните естрадни интерпретации на неговите стихови ја направија особено популарна љубовната лирика на Евтим Евтимов. Лиричен и вдахновен е и во својата проза.

Првите стихови ги објавил во 1951 година во весникот „Пиринско дело“. Автор е на околу 40 книги. Повеќето негови книги се поезија. Добитник е на повеќе награди за книжевност и култура, а во Бугарија уживаше статус на култен автор. Преводот на романот е на Нове Цветаноски.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Сликање со светлина“ од Цветан Гавровски

Објавено пред

„Матица македонска“ ја објави книгата „Сликање со светлина“ од авторот Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на светската федерација на фотографска уметност.

На 370 страници со двата циклуса, црно-бело и колор, во книгата се репродуцирани речиси 200 авторски фотографии со кус наратив за секоја од фотографиите.

Книгата е на македонски и англиски јазик со текст за авторското видување на креативната фотографија како ликовно изразно средство.

Цветан Гавровски (1947) е автор на дванаесет самостојни изложби и учесник на повеќе од 200 изложби во светот. Ја претставувал македонската фотографија со фотографии во националните колекции на светските изложби во: Кина (1997, 2006), Швајцарија (1999), Италија (2001), Унгарија (2004), Луксембург (2004), Словачка (2008), Ирска (2009), Индонезија (2015), Кореа (2016), Шпанија (2012, 2019).

Прикажи повеќе...

Книги

Нова книга на Славчо Ковилоски

Објавено пред

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“, излезе од печат збирката поезија „Компјутерска поезија“ на Славчо Ковилоски.

Во книгата авторот ги зема добро познатите симболички, митски, фолклорни елементи, стварите од секојдневието, малите парчиња од културата и културното наследство и ги преработува, си поигрува со нив, често ги разложува на значенско ниво, за да ги организира во сопствениот поетски дискурс добивајќи притоа сосема нови ставови, светогледи, па и нови означители и означувачи. Овој пристап не секогаш е веднаш препознатлив и директен. На тој начин Ковилоски ги маскира/трансформира нормите, што неговата поезија ја прави динамична, понекогаш цинична, но секогаш читлива и провокативна. Од перформативноста на поезијата до слемот е само еден чекор.

Мотивите, инспирацијата, цитатите во оваа книга се земени од широкото подрачје на интереси на Ковилоски. Од популарната култура, преку фолклорот и секојдневниот живот, до љубовта и митот. Разградувајќи ги и повторно (поинаку) вградувајќи ги во својата поезија на иновативен и креативен начин, Ковилоски се оддалечува, значајно се оддалечува од формалноста и шаблонизирањето на стихот, создава нова, современа поезија, која бара нови изразни средства, нови форми, но, секако, и нови содржини.

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), една книга критика и есеистика („Отворени страници“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и неколку монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и: награда за наука („3 Ноември“), за проза („Прозни мајстори“) и за поезија („Григор Прличев“ и „Јован Котески“). Во 2018 година го добил најголемото државно признание, наградата „Гоце Делчев“, за особено значајно остварување од интерес на Република Македнија од областа на науката.

Работи во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија6 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија7 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија7 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија10 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен11 час

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ11 час

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет12 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет12 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија13 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет13 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион14 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ14 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа14 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет15 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет15 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион16 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа1 ден

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт1 ден

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Досие