Контакт

Книги

Промоција на книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски Дневник“ во Виница

Објавено пред

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница, во вторник (12 јуни) ќе биде промовирана книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ‘Дневник’“ на авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев.

Самото издание, како што може да се заклучи и од насловот, ги обработува стриповите кои се создадени од македонски стрип-автори, а кои се објавени во едни од легендарните и условно кажано најпопуларни стрип-едиции во поранешна Југославија – „Лунов магнус стрип“ и „Стрип забавник“.

„Во текот на 80-тите години на минатиот век, македонските цртачи Љубомир Филиповски и Ласко Џуровски биле ангажирани од издавачот ‘Дневник’ од Нови Сад, за изработка на неколку стрипови и во книгата на лесно читлив и динамичен начин се опишани околностите кои довеле до создавањето на тие стрипови, процесот на изработка и соработката со сценаристот Миодраг Милановиќ, како и значењето и белегот што го имаат оставено гледано од денешна гледна точка“, наведуваат организаторите во најавата за настанот.

Тие појаснуваат дека книгата изобилува со ексклузивни изјави од значителен број автори кои работеле на изданијата во истиот тој период, уредници и издавачи, како и од голем дел актуелни македонски и балкански стрип-автори кои творат и издаваат стрипови во моментов.

„За целата слика да биде комплетна, исто така се вклучени и детални рецензии на самите стрипови, како и визуелен приказ на насловни страници, одделни кадри и цртежи. Ова издание е посветено на легендарниот македонски стрип-автор Љубомир Филиповски, кој е еден од најдобрите и најплодни стрип-професионалци во целокупната македонска стрип-историја“, се истакнува во соопштението.

Инаку, книгата чија промоција е најавена за 20 часот е само трета книга од ваков вид и за ваква тематика во целокупната издавачка историја на македонската литература, па организаторите на настанот истакнуваат дека ова треба да претставува поттик и мотивација за збогатување на изданија посветени на деветтата уметност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промовирана книгата „Вермахтот и Македонија“

Објавено пред

Од

Во рамките на овогодишното издание на фестивалот „Бит фест“, во малата сала на НУ Завод и музеј -Битола се одржа промоција на книгата на д-р Роберто Трајковски, со наслов „Вермахтот и Македонија (1943-1944 година)“.

Пред публиката на промоцијата се обрати д-р Александар Литовски, историчар, осврнувајќи се на делови од содржината на книгата и нејзиното значење.

За книгата и мотивите за нејзиното создавање зборуваше и авторот, Роберто Трајковски.

Прикажи повеќе...

Книги

Поезијата на Руми одекна во ресенскиот крај

Објавено пред

Од

Јавната установа Дом на култура „Драги Тозија“ и приреди ново изненадување за Преспанската публика. Синоќа пред Сарајот, во прекрасниот двор и амбиент на ова историско здание, беше промовирана поетската збирка „Два света” од познатиот поет, филозоф и теолог од Персија кој творел во 13-тиот век, Џелаледин Мевљана Руми.

Поезијата на Руми годинава доби превод на современ македонски јазик преку поетската збирка „Два света”, од страна на преведувачот Тихомир Јанчовски. Јанчовски, заедно со промоторите, митрополитот Пимен и струмичкиот поет Митко Гогов прочитаа дел од преведната поезија на Руми.

„Во основа Руми е теолог, без разлика на фактот што и припаѓа на друга вера. Но, сепак таа е универзална теологија и знае да се повика на чистота на душата и менување на животот на подобро, така што таа припаѓа во моралната теологија. Другата причина поради која што вечерва читав поезија од Руми е навраќањето на времињата кога сум чул за Руми и сум читал негови песни, што беше доволен мотив да ја истражувам теологијата повторно и повторно. Третата причина е пријателскиот момент меѓу мене и Тихомир Јанчовски и взаемниот однос, така што тој ме покани да бидам еден од луѓето кои ќе ја читаат поезијата од Руми во Ресенскиот сарај“, рече митрополитот Пимен.

Дел од преведените песни беа прочитани и од Добрила Грашевска, вокалист на групата Чалгија саунд систем, која на задоволство на публиката изведе неколку стари македонски композиции, а публиката запеа заедно со неа. Директорот на Домот на културата „Драги Тозија“, Васко Василевски, по завршувањето на овој настан најави нови културни содржини непосредно пред одржувањето на Преспанскиот јаболкобер, како своевиден предвесник за оваа голема преспанска манифестација.

Прикажи повеќе...

Книги

Билјана Станковска ја доби наградата „Струшко изгрејсонце“ за книгата „Кој ги краде соништата“

Објавено пред

Од

Традиционаланата награда „Струшко изгрејсонце“, која се доделува за книга за деца и млади од македонски автор, годинава ја доби писателката Билјана Станковска за книгата „Кој ги краде соништата“, во издание на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.

„Кој ги краде соништата“ е продолжение на романот „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ и е инспирирана од динамиката на современото живеење кога компјутерите и севкупната електроника полека ни ги потиснуваат фантазијата и желбата за креативно изразување.

Романот е исклучителна приказна што ја поттикнува имагинацијата, но и нè води по работ на опасностите и предизвиците на современиот живот, што неминовно дава можности за многу сознанија, но може и да ни го одземе основното – сонот и желбите.

Затоа, не станува збор само за приказна преплетена само со фантазија, ниту за бурлескни авантури, ова е книга со имплементирана порака за целото семејство.

Билјана Станковска (1951) автор е на делата: „Кој ги краде соништата“ (роман за деца), 2016; „Кога ветровите стивнуваат“ (роман), 2015; „Сега сè е поинаку“ (збирка раскази), 2014; „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ (роман за деца), 2011; „Реставрација на светлината“ (поезија), 2009; „Замисли желба“ (роман), 2008; „Мед и ѕвезди“ (драмска трилогија), 2006; „Лето значајно како изгрев“ (роман за деца), 2002; „Разговорливи ветрови“ (роман), 2001; „Сказни и сторенија за поколенија“ (поезија за деца), 1999; „Светлиот пат“ (поезија), 1996; „Миг за пресоздавање“ (поезија), 1995; „Заробен сон“ (раскази), 1993; „Светлооко небо“ (поезија за деца), 1990; „Ограничен простор“ (поезија), 1983.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година.

Наградата „Струшко изгрејсонце“ ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Досегашни добитници на наградата се писателите: Киро Донев, Панде Манојлов, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Трајче Кацаров, Васил Тоциновски и Ели Маказлиева.

Веле Митаноски

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија13 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија14 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија16 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион16 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија16 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија18 часа

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија18 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија18 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион19 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет20 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет2 дена

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион2 дена

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие