Контакт

Книги

Промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ 

Објавено пред

На 24 ноември, сабота, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, ќе се одржи промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска, а промотор на книгата е д-р Христо Петрески.

„’Новогодишни детски песни’ е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во неа има четириесет песни за деца од разни возрасти кои ги воспеваат: новогодишниот амбиент во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент. Книгата е повеќенаменска, интерактивна и ја развива креативноста кај децата“, се наведува во соопштението на организаторите.

Мијаковска, додаваат оттаму, им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишните илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби. Христо Петрески за „Новогодишни детски песни“ заклучува: „Книгата е едукативно-дидактичка (поучна и практична) и претставува еден мал водич, прирачник, поетска боенка, забавник“.

Книги

Ново издание на „Ромео и Јулија“: Љубовта го истакнува најдоброто во нас

Објавено пред

Читањето има значителен број придобивки меѓу кои намалување на стресот, зголемување на знаењето, проширување на речникот, дури и подобрување на меморијата.
Токму овие се дел од причините зошто треба од најрани години децата да се стимулираат да читаат. Истовремено, со навремено градење на овие навики, децата подоцна имаат многу повеќе самодоверба, стекната навика и желба за читање.

Издавачки центар „Херои“ силно верува дека читањето на класиците и градењето на самодовербата кај децата треба да почне што порано, поради што третото издание од нивната колекција е посветено токму за сите деца на возраст од 8 години, нагоре.

„Ромео и Јулија“ од Шекспир – неверојатна приказна која е вешто проткаена со силна емоција низ неколку ликови, со многу недоразбирања и неуспешно синхронизирани временски настани кои кулминираат со голема трагедија, но пренесуваат силна порака:

Љубовта го истакнува најдоброто во нас. На крајот, љубовта е посилна од омразата.

За сите останати кои веќе го имаат прочитано овој безвременски класик и сакаат да се присетат на приказната преку краток текст и бројни илустрации, оваа книга ќе биде одлично збогатување на вашата домашна библиотека. Пречитувањето на класиците е секогаш дополнителен одмор, релаксација и будење спомени. Се надеваме дека ќе уживате во ова ново и поинакво издание на „Ромео и Јулија“ од Шекспир и ќе го споделите со вашите најблиски.

Од 1 па сè до 15 ноември, книгата ќе биде достапна низ целата земја, по цена од 100 денари, во сите трафики и продажни места на весниците. Промотивната цена е само во случај кога се купува со дневен весник.

Прикажи повеќе...

Книги

Излезе од печат „10 минути и 38 секунди“ од Елиф Шафак

Објавено пред

Издавачки центар ТРИ информира дека излезе од печат „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“, новиот роман на Елиф Шафак, најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена. Елиф Шафак отсекогаш умеела преку сложеното ткаење на возбудливи приказни да пренесува важни мисли за љубовта, верата, културата, слободата на изразување, феминизмот и улогата на жената во светот.

Нејзиното најново дело „10 минути и 38 секунди“ има сè што може да очекуваме од Шафак – интригантност, посебен вид пријателство и сложен внатрешен живот на женските ликови по кои е одамна препознатлива. Последните десет минути од животот на убиената проститутка Леила Текила се пренесени во сензуална приказна за една малтретирана но многу храбра жена, која останува човечна и покрај тоа што животот ја изневерувал на секој чекор.

Секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање, детството во мирното турско гратче, бегството во Истанбул… А секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот.

Елиф Шафак е повеќекратно наградувана британско-турска авторка и една од најчитаните писатели во Турција, која пишува за политичките и сексуалните табуа на нашето време. Нејзините дела се преведени на педесетина јазици, а на македонски може да се прочитаат „Копилето од Истанбул“, „Четириесет правила на љубовта“, „Чест“, „Чиракот на архитектот“, „Трите ќерки на Ева“, и сега најновиот роман „10 минути и 38 секунди“.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавени книги од нови македонски автори – „Сенката на сонцето“ и „Скршен аватар“

Објавено пред

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот „Сенката на сонцето“ од Иван Стојановски и поетската збирка „Скршен аватар“ од Магдалена Чапаровска.

За романот на Ивановски, Стефан Марковски подвлекува:„Цикличниот наратив заради кој доаѓа до завршени наративни сегменти што одразуваат настани на некои од ликовите во „Сенката на сонцето“ од Иван Стојановски неретко експлоатиран во епската фантастика, одразен на оригинален начин, е една од поретките специфики на овој роман за ова поднебје, но сепак, она што е најинтересно е разновидноста од формални и семантички методи кои авторот умешно ги вкрстил со свој печат“.

Лидија Капушевска-Дракулевска, пак, анализира: „Понудениот ракопис претставува едно комплексно трагикомично симболичко дело, хибридно остварување реализирано преку монтажа и симбиоза на епско-лирски и драмски елементи, од една, и на митско-фантастични теми и мотиви со научно-технолошки достигнувања, од друга страна. Структуриран како филмско сценарио, со нелинеарно развивање на приказната, при што крајот го објаснува почетокот, ракописот на Стојановски се одликува со мошне згусната фабула, со цел серијал од настани и ликови кои на вешт начин се поврзани меѓу себе, како и со извонредно богатство од дискурси (филозофски, религиозен, поетски, народен говор…)“.

Осврнувајќи се кон секој од 4-те циклуси од збирката на Чапаровска, Јасмина Мојсиева-Гушева забележува: „Дали андроидот е јаболко во рацете на оваа модерна Ева? Дали изглоданото јаболко алудира на гревовите веќе сторени, а андроидот е оној кој нѐ става пред нови искушенија? Дали изборот на зборови е само наивен и случаен? Во „Скршен аватар“ желбата за себеосознавање и себеоформување е потпомогната, но и затрупана поради модерната технологија и новите социјални медиуми. Психолошката длабочина на Чапаровска и тука наоѓа примена“.

Романот „Сенката на сонцето“ претставува дебитантско романескно остварување на македонски јазик на Стојановски (1982, Скопје) од доменот на ретко застапената епска фантастика, додека „Скршен аватар“ е втора поетска збирка на поетесата Чапаровска (1983, Скопје).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија31 минута

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион1 час

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија2 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија5 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија7 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија9 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија9 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија10 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија11 час

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа11 час

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија12 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија12 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија12 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет13 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет13 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија13 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт13 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија24 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион1 ден

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие