Контакт

Книги

Промоција на книгата „Скопски блуз и други песни од Македонија“

Објавено пред

Промоцијата на книгата „Скопски блуз и други песни од Македонија“ на Имануел Мисфурд – Малта ќе се одржи денеска во градската кафеана „Пелистер“ со почеток во 11 часот. Издавач е „Академски печат“, а промотор на книгата е Данило Коцевски.

„Скопски блуз и други песни од Македонија“ не е обична збирка поезија инспирирана од Скопје и Македонија. Всушност, „Скопски блуз и други песни од Македонија“ претставува поетски патопис за нашата земја во кој се мапирани не само значајните места во главниот град и околината туку и интимните доживувања и преживувања на поетот додека бил во посета на Македонија. Неговото поетско освојување на нашата земја раѓа стихови преку кои ние, нејзините жители и жителки, добиваме сосема поинаква перцепција за нашето родно место. „Скопски блуз и други песни од Македонија“ претставува географско-интимистичка карта на улиците по кои минуваме замижани, на градбите што махинално ги одминуваме, за доживувањата што само ги животариме под влијание на животната рутина, на чувствата што ни се длабоко закопани поради потрагата по далечното егзотично… „Скопски блуз и други песни од Македонија“ претставува стихови што ни подаруваат нови очила за добро познатите глетки.

Книги

„Играле моми по месечина“ – промоција на еротскиот фолклор на Иван Котев во Струмица

Објавено пред

Од

Денеска во НЦУК „Антон Панпв“ во Струмица со почеток во 20 часот ќе биде промовирана книгата со еротска содржина „Играле моми по месечина“ од струмичанецот Иван Котев. Книгата ќе ја промовира д-р Ана Витанова Рингачева, а низ промоцијата ќе води Ѓорги Калајџиев.

„Играле моми по месечина“ е книга од 160 страници меѓу чии корици се сместени 87 песни, 16 анегдоти, 11 народни приказни и стотици пословици и поговорки. Книгата ја рецензирала Ана Мартиновска, која, меѓу другото, напишала: „Иван Котев е еден од ретките доследни и долгогодишни собирачи на богатствата од македонското народно творештво, неуморен во своите напори да ги собира и избира скапоцените и ретки фолклорни бисери за да ги зачувува од заборавот и да им ги остави во наследство на идните генерации. Таа своја благородна фолклористичка и публицистичка мисија, Котев во оваа пригода ја продолжува со едно исклучително значајна збирка на македонски народни умотворби со еротски мотиви насловена како ‘Играле моми по месечина’. Овој релативно неутрален наслов крие во себе провокативна и опсцена содржина, односно избор од народни умотворби од различни жанри – песни, приказни, пословици, гатанки, афоризми и други творби, кои поради својата тема и лексика недвојбено можеме да ги вброиме во она што се нарекува еротски фолклор.“

Ова е прва книга со ваква содржина во Струмичко.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен „речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу

Објавено пред

Од

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје неодамна ја објави лексикографската публикација „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу од Истанбул, Турција. Ова е прв научен и лексикографски труд и прва публикација за хомонимите меѓу овие два јазика.

Речникот е, всушност, адаптирана верзија за печатење на истоимената магистерска теза којашто беше одбранета, во 2015 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Овој труд е составен од два дела. Првиот дел содржи текстови со кои се објаснува и се образложува речникот. Најнапред е дадено објаснување на зборот хомоним според лексикологијата и етимолошките речници; се објаснува како термин во смисла на литературата, потоа авторката дава објаснувања за структура на речникот, главните принципи на речникот, методологија во врска со преводот и принципите за избор на зборовите…

На почетокот Филиз Мехметоглу ја образложува целта на својот труд – проучување на хомоформите, т.е. зборовите со иста форма или ист гласеж, но со различно значење и неповрзано потекло, на релација турски и македонски јазик. Тие критериуми, пак, елиминираат многу зборови кои македонскиот ги презел од и преку турскиот јазик. Авторката констатира дека, според нејзината евиденција, темата е слабо разработувана во лингвистиката воопшто, а помеѓу македонскиот и турскиот јазик воопшто не е разработена. Мехметоглу истакнува дека дел од нејзиниот научен интерес се турцизмите во македонскиот јазик, но смета дека пред да се испитуваат турцизмите, треба да се проучат оние зборови кои погрешно може да се толкуваат како турцизми, иако тоа не се. Нивното проучување, пак, смета дека ќе биде корисно за сите што го познаваат турскиот јазик и го учат македонскиот и за сите оние што го учат турскиот јазик и го познаваат македонскиот јазик. Секако, и секој што се занимава со компаративна лексикологија и лексикографија на релација македонско-турски јазични споредби може да дојде до значајни сознанија во овој труд.
Во вториот – главен дел, којшто го содржи речничкиот материјал, каде зборовите се дадени по азбучен ред со значењата и во двата јазика, прво се даваат значењата на македонски јазик, а потоа се даваат значењата на турски јазик со македонски превод. Кај секој збор најпрво се бележи стилистичката употреба (дијалектен говор, арго, вулгаризам и сл.). Потоа од граматички аспект се додава и морфолошката припадност по зборовни групи. Ова има цел да укаже на фактот дека припадноста кон различна зборовна група најчесто е доволен показ дека овие зборови немаат идентично значење во двата јазика.

Филиз Мехметоглу е родена во 1974 година во Штип, каде и што го завршила своето основно образование. Во 1985 година со фамилијата се иселила во Истанбул, Република Турција. Гимназија завршила во Истанбул, а потоа, на Универзитетот Анадолу, завршува економски факултет.
Магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, насока – Македонски јазик.
Истовремено дипломира и на Истанбулскиот универзитет, насока – Филозофија.

Мехметоглу е коавтор на три книги и на 17 научноистражувачки трудови, подготвувани првенствено за меѓународни конференции, симпозиуми и научни списанија. Речиси сите директно или индиректно се однесуваат и на македонскиот јазик.
Живее и работи во Истанбул.

Прикажи повеќе...

Книги

Излезе од печат првиот том од избраните дела на Стојан Андов

Објавено пред

Од

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „На мој начин“ од Стојан Андов. Со ова дело издавачот го најавува реализирањето на колекцијата од десет томови од македонскиот политичар, публицист и писател, прв претседател на Собранието на Република Македонија.

Во препораката на големиот издавачки проект, главниот уредник Раде Силјан истакнува дека на страниците од ова дело авторот на показ изнесува непознати детали за настани и личности сврзани со транзиционите процеси во нашата држава. Неговиот начин на кажување е едноставен и непосреден, со што читателите препознаваат хроничар со творечка дарба.

„Во делото на Стојан Андов дефилираат херои и антихерои, политички фигури од формат и колебливци, душегрижници и парадери, луѓе со визии, но и луѓе натрапници во политичкиот живот на нашата татковина. Сите нив авторот ги претставува со име и со презиме, со што остава простор за нови видувања и полемики, кои можат да бидат убав прилог во расветлувањето на мноштво настани тесно сврзани со осамостојувањето на Република Македонија“, констатира Раде Силјан.

По завршувањето на својата политичка кариера, во последниве две децени Андов се посвети на пишувањето мемоарска литература и на белетристика. Автор е на книгите:„На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“,„Кицо Американецот“,„Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992 – година на опасни ризици“ и „Успеси и заговори – 1993 година“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија13 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија14 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија14 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија15 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија15 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ15 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ16 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија17 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија17 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија19 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија19 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија20 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион21 час

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет21 час

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа21 час

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Досие