Контакт

Култура

Промоција на монографијата „Урбани пејзажи“ од Павле Кузманоски

Објавено пред

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, денеска, во 12 часот, ќе биде промовирана колор-монографијата „Урбани пејзажи“ од академскиот сликар Павле Кузманоски.

dobivaj vesti na viber

За ова ретко издание ќе говори академик Витомир Митевски.

Промоцијата ќе биде збогатена и со изложба на дваесет и пет слики од авторот работени во изминатите шест децении.

Култура

Три фестивали и неколку актуелни европски продукции во јули во Кинотека

Објавено пред

По годинешното летно издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, јулската програма на Кинотеката продолжува со проекции на филмовите од програмата на фестивалот на нов европски филм – „Синедејс“.

dobivaj vesti na viber

На репертоарот на „Синедејс“ ќе можете да видите неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин. НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts), РЕЗ (The Cut) и ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино.

Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – „Десонанз“. Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм КАДИФЕНА КРАЛИЦА ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain).

Францускиот филм ТИТАН (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават ТИТАН филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите.

СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контроверзното прашање за евтаназијата како спас.

Австриско-германската копродукција ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија.

Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век. Францускиот филм ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество.

На таа критичка линија се наоѓа и СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и МЕМОРИЈА (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија.

Прикажи повеќе...

Култура

Омаж на филмовите на Јане Алтипармаков на „Скопје синема сити“

Објавено пред

Со ретроспективата на музичките документарни филмови на македонскиот режисер Јане Алтипармаков на 4 јули и со филмовите „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок“ на 5 јули ќе се затвори осмото издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот, кој почна со изложба на фотографии од Ник Кејв на Немања Ѓорѓевиќ и филмот „Ник Кејв: 20.000 дена на земјата“, му оддаде почит на Кејв, кој е артист во фокус на фестивалот.

На 4 јули, во рамките на програмата на македонски автори и филмови, фестивалот ќе прикаже ретроспектива на филмовите на Алтипармаков – „Гето 103,“ „Фолтин се јави,“ „Бадмингтонс“ и The Hip Overdrive. Повеќето од овие филмови се исчезнати од архивата на МРТ и ова е последна можност да се видат од личната архива на Алтипармаков.

Фестивалот се затвора со двата филма за електронска музика на 5 јули. „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика, но преку жените композиторки, чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби, каде што на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите подеми и падови во една богата кариера.

Фестивалот е во организација на здружението „Номад-арт Скопје“. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје синема сити“ е поддржана од Агенцијата за филм, Министерството за култура, КинотекаТА на Северна Македонија, Културно-информативниот Центар, ПР-агенцијата „Навигаторс“ и „Спона“, центарот за култура на Србите во Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Групната изложба „Проект 4“ во Културно-информативниот центар

Објавено пред

Утре со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар, Салон Империјал 1 и 2, се очекува отворањето на групната изложба насловена „Проект 4“ од ликовните уметници од Србија Татјана Армуш, Данијела Тасиќ-Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ.

dobivaj vesti na viber

„Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од сето тоа, ништо не постои“, соопшти организаторот.

Со оваа поставка во новиот простор, со димензија на времето кое во себе ги содржи сите потенцијални енергии за реализација на скоковите, преку и покрај наметнатите пониски енергетски битисувања, Проектот 4 не постои како фиксна, непроменлива детерминанта, туку го започнува својот пат на излез од зададените ни форми.

Татјана Армуш

Родена 1986 година во Сомбор (Србија) каде завршува основно и средно училиште. Дипломирала 2009. година на Факултетот на уметности во Приштина (со седиште во Звечани) на насоката ликовна графика во класата на професорот Зоран Јовановиќ – Добротина. Реализирала три самостојни изложби и изложувала на повеќе колективни во Сомбор, Нови Сад, Белград, Косовска Митровица и Грачаница.

Данијела Тасиќ-Цветковиќ

Родена 1974 година во Оџаци. Завршила гимназија „Вељко Петровиќ“ во Сомбор. По завршувањето на ВШЛИПУ во Белград, запишува Факултет за ликовна уметност, насока сликарство. Дипломирала 2003 година, а магистрирала 2007 на истиот факултет во класата на професорот Јован Сивачки. Член е на УЛУС од 2003 Добитничка е на неколку награди за сликарство во текот на студиите и награда на Сомборскиот ликовен салон 2017 година. Често учествувала на групни изложби, а излага и самостојно.

Мила Алексиќ

Живее и работи во Сомбор, учествувала на повеќе заеднички изложби и реализирала една самостојна. Се занимава со самоистражување низ концептот на монохромни инсталации и записи.

Татјана Димитријевиќ

Родена 1965 година во Сомбор, Србија. Дипломирала 1988 на Академијата на ликовна уметност во Нови Сад, на насоката за сликарство, во класата на професорот Душан Тодоровиќ. Изложувала самостојно и на бројни колективни изложби во земјата и странство (Италија, Норвешка, Француска, Швајцарија), учествувала и на повеќе собири на ликовни колонии. Од 2009 до 2018 година ја реализирала Street art акцијата на плоштадот Св. Тројство во Сомбор.

Изложбата ќе биде отворена до 23.7. 2022 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија1 час

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет2 часа

Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска

Членките на НАТО денеска ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на Шведска и Финска во воената алијанса на...

Свет2 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија2 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија3 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија14 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија16 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија17 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија18 часа

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет21 час

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија21 час

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија22 часа

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија23 часа

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија24 часа

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет1 ден

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет1 ден

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...

Свет1 ден

Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со...