Контакт

Книги

Промоција на поемата „Охридски извори“ од Ференц Јухас

Објавено пред

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, денеска, во 19 часот, ќе ја промовира поемата „Охридски извори“ од големиот унгарски поет, Ференц Јухас, добитник на „ Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2002 година.

Во оваа пригода за делото ќе говорат писателот Раде Силјан и амбасадорот на Унгарија во нашата држава, Ласло Дукс, а пред присутните свое обраќање ќе има и писателот и преведувач, Паскал Гилевски. Настанот ќе биде збогатен и со музички колаж на Жужана Ѓурина-Дуксне, позната флејтиска од Унгарија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

,,Читајќи го Балканот” – разговор со четворица писатели

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ ве поканува на разговорот со писателите Илија Ѓуровиќ, Жарко Кујунџиски, Петар Андоновски и Живко Грозданоски. Разговорот ќе се одржи на 24 јуни во книжарницата „Антолог“ (Димитрие Чупоски број 31), со почеток во 20 часот. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Илија Ѓуровиќ е писател од Црна Гора, кој во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели на издавачката куќа Готен, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“. Проектот „Читајќи го Балканот“, кој опфаќа резиденцијални престои на автори од Балканот во шест балкански градови (Скопје, Тирана, Белград, Сараево, Сплит и Ново место) е конкретниот повод за разговорот, на кој ќе учествуваат и дел од македонските автори кои учествуваа во овој проект: Жарко Кујинџиски (кој оствари резиденцијален престој во Сплит), Живко Грозданоски (резиденцијален престој во Сараево) и Петар Андоновски (автор чиј роман „Телото во кое треба да се живее“ беше преведен на англиски јазик во рамки на проектот, а исто така учествуваше и на книжевната вечер организира во Черновиц, Украина). Од нашата земја учество во проектот „Читајќи го Балканот“ преку резиденцијален престој остварија и Лидија Димковска, Даим Мифтари, Игор Анѓелков, Давор Стојановски и Иван Шопов.

Теми на разговорот ќе бидат вмрежувањето на авторите од балканскиот регион, можноста за поголема регионална соработка, ќе се постави прашањето дали балканскиот регион може да се согледува како автентичен книжевен и културен простор, со свои специфики, а авторите ќе ги споделат и своите искуства поврзани со нивните резиденцијални престои.

Илија Ѓуровиќ (Подгорица, 1990) е автор на кратки раскази, поезија, драми и филмски сценарија. Неговите раскази се објавени во списанија во Црна Гора и во регионот, а застапен е и во неколку антологии. Моментално живее и работи во Берлин, а првиот негов роман треба да излезе во 2020 година.

Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) е романсиер, есеист, драмски автор, поет и филмски критичар. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“. Главен уредник е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје. Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински и на албански јазик. Застапен е во повеќе антологии на македонската проза и поезија. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија „The Best European Fiction 2013“.

Петар Андоновски (Куманово, 1987) ги објавил следниве книги: „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015), „Страв од варвари“ (роман, 2018). Неговиот прв роман „Очи со боја на чевли“ бил во финалето за наградата Роман на годината, а за неговиот втор роман „Телото во кое треба да се живее“ ја добива наградата Роман на годината на Утрински весник.

Живко Грозданоски (Кичево, 1986) дипломирал италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ги има објавено книгите „Песок и свила“ (поезија, 2005), „Отпечатоци врз коцки мраз“ (кратка-кратка проза, 2009/2016), „Приказни за тревите и други приказни“ (раскази, 2011), „Куфер за тројца“ (роман/збирка од три новели, 2014), и „Последното име на иднината“ (роман, 2018). Активно се занимава со книжевен превод, главно од италијански јазик.

Проектот „Читајќи го Балканот“ е партнерски проект на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, „Гога“ од Ново Место и организацијата „Крокодил“ од Белград. Проектот се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Прикажи повеќе...

Книги

Сузан Колинс го најави ретро продолжението на „Игри на гладот“

Објавено пред

Авторката Сузан Колинс најави дека го пишува ретро продолжението (приквел) на оригиналната трилогија „Игри на гладот“.

Романот, кој сè уште нема наслов, ќе излезе во печат во мај 2020, а настаните ќе се одвиваат во светот на Панем 64 години пред настаните во трилогијата.

Колинс потврди дека овој роман ќе ги обработува годините по таканаречените мрачни денови на неуспешниот бунт, како и процесот на повторното издигање на Панем.

Колинс додава дека ликовите ќе согледаат и сфатат дека нивната перцепција и самите тие како личности се најважни за да преживеат.

Според авторката, ликовите ќе водат битка со овие прашања, а со тоа и ќе ги дефинираат своите погледи за човештвото.

Од издавачката куќа „Сколастик“ изјавуваат дека се возбудени за можноста да им ја претстават новата перспектива на модерниот класик на посветените обожаватели, но исто така и на нова публика.

Оригиналната трилогија на Колинс е сместена во постапокалиптична дистопија, каде што младите се принудени да се борат и да се убиваат меѓусебно, а сето тоа е прикажано во живо на телевизија.

Романите „Игри на гладот“, „Раѓањето на огнот“ и „Мокингџеј“ се продадоа во повеќе од 100 милиони примероци и беа преведени на над 50 јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „Помеѓу“ од Валентина Бактијаревиќ

Објавено пред

На 12 јуни (среда) со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана поетската книга „Помеѓу“ од поетесата Валентина Бактијаревиќ, издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

На промоцијата, покрај авторката, ќе настапат и Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Владимир Лукаш и Ѓоко Здравески.
„Помеѓу“ е прва книга на младата поетеса од Ниш, Валентина Бактијаревиќ. Објавена е двојазично – на српски и на македонски јазик, а препевот на македонски го направи Ѓоко Здравески.

„Нејзините стихови се една своевидна суптилна стилистика, која се спротивставува на граматиката и синтаксата, една стилистика на емоциите, а не на мислите, стилистика што ја проучува афективната содржина на човечкиот израз“ – Весна Мојсова-Чепишевска.

„Песните од поетската книга Између/Помеѓу од Валентина Бактијаревиќ, всушност, се впишуваат во една силна и смела поетска линија, соочувајќи нè со најголемата моќ на љубовта – да ги трансцендира границите помеѓу смртта и животот. Книгата е сочинета од љубовни песни, во најубавата и најчистата смисла на зборот. Тие се топли, искрени и човечни лирски посланија до нејзината пријателка Калина Велевска, која близу до снежниот врв Кајмакчалан (прерано и трагично) го загуби животот во февруари 2018 година“ – Владимир Мартиновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ53 минути

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион2 часа

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Регион2 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од еден и пол час падна повеќе дожд од просекот за овој...

Регион3 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет3 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија14 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ16 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион17 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија22 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија22 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија22 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија22 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие