Контакт

Актуелно

Промоција на третиот албум на Пиколомини

Објавено пред

Вечерва почеток во 20 часот во барот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија ќе се одржи слушачка промоција на третиот албум на скопскиот музичар Пиколомини. По четири години од претходното издание, овој артист се враќа со потполно нов материјал спакуван во 10 песни со наслов „Бела птица, црн бран“.

Се работи за музички провокативен преплет составен од песни во пост-панк, инди-поп и њу-вејв манир, но со многу стилски варијации, кои го прават овој албум вистински предизвик за секој пар љубопитни уши. Истовремено е политички силен приговор на реалноста, но и акт на музичка љубов и можно прибежиште за неприлагодените на овој засега тешко разбирлив век, барем за оние родени и делумно пораснати во минатиот.

Како гости на овој материјал се појавуваат и вокалистките Кристина Горовска (Бернајс пропаганда), Надежда Рубен (Поган паган) и Соња Димитриоска (КЛО). Комплетниот материјал авторски и продукциски е потпишан од Давид Ангелевски, а фотографијата за обвивката ја изработи Иван Илиев. Албумот „Бела птица, црн бран“ ќе биде достапен на цеде и во дигитален формат во издание на независната издавачка куќа Шарла.

Актуелно

Објавено видео од нападот врз Марина Абрамовиќ во музеј во Фиренца

Објавено пред

Од

Маж вчера ја удри српската уметница Марина Абрамовиќ со слика по главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на установата, Артуро Галансино, соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.

„Сè е во ред“, напиша Галансино на „Твитер“.

Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка, со која е извршен нападот, е портрет од Абрамовиќ што го насликал напаѓачот.

Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Скопска промоција на поетската книга на Бранислав Николов од групата „Фолтин“

Објавено пред

Од

Во кафулето „Цреша“ денеска (21 септември) ќе се случи скопската промоција на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј, што е уметничко име на Бранислав Николов, фронтменот на групата „Фолтин“.

На промоцијата закажана со почеток од 19 часот настап ќе има и „Фолтин“, а примероците од збирката ќе бидат достапни по промотивна цена.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“, а книгата „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро.

Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Претставата „Против демократијата“ на Големата сцена на велешкиот театар

Објавено пред

Од

На Големата сцена на велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“, во вторник, на 25 септември, со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Против демократијата“ од Естев Солер, во режија на Дејана Николовска, а во продукција на Здружението на уметници „К.Ц. Медиа артес“.

Гостувањето на претставата е финансирано од Министерството за култура во рамките на културната манифестација „Нов културен бран“ 2018.

„Против демократијата“ е дел од трилогијата „против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер и зборува за демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне.

Преку седум смешни и истовремено застрашувачки сцени авторот се обидува да ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок“ и „финансискиот напредок“ во рамките на демократското општество. Екстремната театарска форма, комбинација од комедија и хорор е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието.

Во претставата настапуваат актерите Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ и Дениз Абдула. Автор на сценографијата и костимографијата е Милена Пантелеева, композитор на музиката е Гаро Ашикјан, тон-мајстор е Дарко Дарковски, а светло-мајстор е Борис Велјановски.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставните измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставните измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ4 часа

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија4 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет6 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија7 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион7 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава7 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет7 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион9 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет20 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион23 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија24 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија1 ден

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток1 ден

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток1 ден

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие