Контакт

Култура

Промоција на четвртиот роман на Фросина Пармаковска „На враќање“ во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ ќе се одржи промоција на четвртиот роман на Фросина Пармаковска со наслов „На враќање“.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институтот за македонска литература, културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 година го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ („Култура“). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, „Или-или“), влезе во финалето за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Преведен е на бугарски и на украински јазик. „Одбројување“ е нејзин трет роман за кој ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Во 2018 година на Саемот на книгата го добива признанието за најуспешен домашен автор што го доделува Македонската асоцијација на издавачите. Неодамна излезе нејзиниот четврти роман „На враќање“, во издание на „Или-или“. Имала многубројни претставувања на домашни и меѓународни настани.

Култура

В сабота Бела ноќ во Скопје, работното време на локалите нема да биде продолжено

Објавено пред

Скопје и скопјани по 16. пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела ноќ – градски културен настан кој стана традиционален.

Една недела порано од вообичаеното, на 10 локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), посетителите ќе можат да погледнат перформанси, концерти, изложби и другите културно-уметнички активности.

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

Годинава централниот настан „Скопските евергрини“ ќе се одржи на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, каде што најпознатите скопските хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Влезниците за „Скопските евергрини“ пред СРЦ Борис Трајковски и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни и истите можат да се подигнат на билетарите на МКЦ и на Универзална сала.

Со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од Белата ноќ в сабота ќе започнат од 19:00 часот и ќе траат до 24:00 часот, работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за оваа манифестација изминатите години, а граѓаните за локациите и програмата дополнително можат да се информираат и на официјалната веб-страница.

Прикажи повеќе...

Култура

Пендаровски со сопругата домаќини на камерен концерт на млади музичари од Фондацијата „Томислав Зографски“

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер беа домаќини на камерен концерт на млади музичари од Фондацијата „Томислав Зографски“.

Меѓу присутните гости беа министерката за култура, Ирена Стефоска, претставници на дипломатскиот кор во земјава, како и претставници од областа на културата.

Ова е прв концерт од ваков вид што се организира во Вила Водно, а целта на оваа иницијатива е промоција на млади изведувачи на класична музика, како и промоција на делата на познати македонски композитори.

Поздравувајќи ги присутните на концертот, директорката на Управниот одбор на Фондацијата „Томислав Зографски“, Панда Зографска-Беличанец, истакна дека веќе петнаесет години оваа фондација успешно работи на афирмирање на музичкото творештво на Зографски, кое е дел од културното наследство на земјава, како и на поттикнување на развојот на музичката култура во државата и во странство.

На камерниот концерт младите музичари: Стефан Неделковски, Јана Каевска, Пандорка Јанакиева, Ева Богоевска, Ѓорѓи Трајков, Маја Витанова, Анел Селим и Леонардо Димоски се претставија со репертоар од познатите композитори: Томислав Зографски, Рио Нода, Лудвиг ван Бетовен, Гоце Колароски, Џон Вилијамс, Игор Стравински, а беа исполнети и обработки на две народни песни „Елено ќерко Елено“ и „Јовано Јованке “.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски во „Мала станица“

Објавено пред

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство.

Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“.

Изложбата ќе биде организирана под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19. За време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат, како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни инспирирајќи се од делата на великанот на македонската илустрација.

Организаторот на фестивалот „Литера“, агенцијата „Ефектива“ најавува интересно патување за сите посетители и поддржувачи на фестивалот.

Димитар Кондовски (1927-1993) во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвува оваа установа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија13 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија14 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија15 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет16 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија19 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија22 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија22 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет22 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа24 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија1 ден

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија1 ден

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Досие