Контакт

Култура

Публиката на Охридско лето уживаше во композиции за флејта и пијано

Објавено пред

Со дела за флејта и пијано од познати светски композитори во рамките на фестивалот Охридско лето, синоќа во црквата „Света Софија“ настапија истакнатите уметници Елвис Руди и Марин Ѓолма од Албанија.

„За настапот на Охридско лето одбравме две француски сонати од периодот на импресионизмот, како што е втората соната од Филип Гобер и Пјер Санкан, а помеѓу двете сонати свиревме една голема концертна соната од Фридрих Кулау. Се работи за светски репертоар, а исто така и композиторите се светски“, вели познатиот флејтист Елвис Руди.

И неговиот колега, пијанистот Марин Ѓолма, е восхитен од амбиентот на самата црква каде што настапија, а особено важна, според него, е акустичноста на просторот каде што музицираа синоќа, соопштуваат организаторите.

„Акустиката во црквата е прекрасна и секогаш зависи како ние го восприемаме звукот од инструментите на кои свириме и како публиката го слуша истиот тој звук. За акустични инструменти, секако сметам дека е извонредна“, изјави Марин Ѓолма.

Ова, како што посочуваат организаторите, е трет концерт на кој Елвис Руси и Марин Ѓолма настапуваат како дуо.

Нивниот репертоар со композиции за флејта и пијано со високи уметнички перформанси ја воодушеви публиката, која синоќа го следеше нивниот настап на 58. издание на фестивалот Охридско лето.

 

Актуелно

(Видео) Исмаили: Во овие тешки времиња не заборавивме на културните работници

Објавено пред

Во целиот период од почетокот на епидемијата на коронавирусот, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците, кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто, вели во видео порака министерот за култура Хусни Исмаили.

Почитувани,Дозволете да ве информирам дека Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од КОВИД 19, во целиот овој период, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура , а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза. Убеден сум дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која го обединува светот и ја промовира нашата зејмја во светски рамки.

Posted by Hysni Ismaili on Петок, 29 мај 2020

Тој во обраќањето до уметниците и културните работници ги нагласува напорите на министерството за обезбедување на финансиска поддршка за време на кризата.

„Успеавме во наштите напори да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза“, нагласува министерот.

Исмаили изразува надеж дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе се ублажат последиците од состојбата.

Прикажи повеќе...

Култура

Balkans beyond borders ги повикува македонските режисери да учествуваат на фестивалот

Објавено пред

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11. издание на фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој ќе биде одржан во Измир, Турција, на тема contrUst: It is U who makes the difference.

Oд 2010 година фестивалот се одржал во 10 града (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина), со програма од над 380 балкански и над 200 небалкански филмови.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува илјада евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар прв филм, специјални признанија и награда од публиката. Рокот за пријавување е продолжен до 15 јуни оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк: http://www.balkansbeyondborders.eu/wp-content/uploads/2020/03/participation-terms-2020.pdf

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурс за наградата „Антево перо“

Објавено пред

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, утврдена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата „Антево перо“ за 2020 година се доделува за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

На конкурсот може да се јават сите автори што имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот стаж или државата во која живеат.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат лиитературен творец во рамките на самата манифестација.

Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), д-р Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член има право на вето на одлуката на комисијата доколку смета дека делото што комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 25 август 2020 година.

Кандидатите ракописот може да го достават со свое име и презиме или со шифра. Во вториот случај авторството го докажуваат со копија од ракописот по објавувањето на резултатите.

Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок затоа што комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата, која ќе се одржи кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија9 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија12 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт13 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија13 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија13 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија14 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија14 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија14 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија16 часа

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет17 часа

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија17 часа

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет18 часа

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Македонија18 часа

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Македонија18 часа

Почнува четвртата вонредна состојба

Почнува четвртата вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи вчера по состанокот на Советот за безбедност. Вонредната состојба ќе...

Македонија1 ден

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија1 ден

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија2 дена

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија2 дена

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија2 дена

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Досие