Контакт

Култура

Публиката на „Охридско лето“ уживаше во звуците на флејтата и пијаното

Објавено пред

Прекрасен концерт приредија синоќа флејтистката Јонела Големи и пијанистката Мерита Реџа Тершана од Република Албанија на фестивалот „Охридско лето“.

Двете извонредни уметници во црквата „Света Софија“ настапија со програма за која, како што велат, ја подготвиле токму за фестивалската публиката. Музичкото доживување започна со Сонатата за флејта и пијано од Франсис Пуланк.

„Подготвивме специјална програма која е комбинација од класична музика и современи жанрови. Започнавме со сонатата на Пуланк, а продолживме со композиција од Франц Доплер, потоа ја изведовме Сонатината за флејта и пијано од Жак Ибер. На репертоарот беше застапен и Оливие Месијан со композицијата ‘Црна птица’. Исто така го отсвиривме и делото ‘Цигански напеви’ од Пабло де Сарасате”, изјави флејтистката Јонела Големи.

Албанските уметници покажаа совршена техника на музицирање, а меѓу другите композиции од програмата изведоа и дело на македонски композитор, композицијата „Елегија“ од Гоце Коларовски.

„Со огромно задоволство ја изведуваме оваа композиција на Коларовски. Јас третпат настапувам на фетсивалот ‘Охридско лето’, но мојата колешка Јонела Големи е првпат на фестивалот. За нас е огромно задоволството што настапуваме на овој реномиран фестивал во светски рамки и сме благодарни на поканата за нашиот настап”, вели пијанистката Мерита Реџа Тершана.

Освен како дуо, Големи и Тершана настапуваат и во трио со други уметници. Велат дека нивната соработка трае од поддамна и ќе продолжи во иднина.

Јонела Големи дипломирала на отсекот за флејта на Универзитетот во Тирана, по што во 1997 година заминува на студии во Париз каде на Конзерваториумот работи под менторство на П.И. Арто, по што следеле судии на Екол Нормал „А. Корто“ и четиригодишни студии на регионалниот национален конзерваториум „Сен Мор де Фосе“ кај проф. П. Легор каде се здобива со златен медал и дипломи на студиите по флејта, камерна музика и педагогија. Добитничка е на бројни награди и признанија, прв победник е на натпреварот „Н. Зораки“ и прогласена е за музички уметник на годината во 2018 година на доделувањето на наградите „Култ“ откако три последователни години била номинирана за оваа награда.

Член е на оркестарот „Француски флејти“ каде ги свири сите инструменти од семејството флејти, пиколо, алт, бас, октобас, а е прва флејта на оркестарот на Албанската радио-телевизија. Критиката, публиката и медиумите ја сметаат пијанистката Мерита Реџа Тершана за една од најактивните уметници на албанската територија, и таа продолжува да гради кариера полна со нови достигнувања.

Добитничка е на импресивна бројка на национални награди како – Изведувач на годината на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, Изведувач на годината и добиник на Култ наградата во 2010 и 2016. Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително со оркестарот на Албанското радио и ТВ, оркестарот на Универзитетот во Тирана и оркестарот на Операта.Како солистч есто настапува на познати фестивали во Албанија и Европа. Предава пијано како вонреден професор на Универзитетот за уметности во Тирана.

Култура

Филмови на Чарли Чаплин во летното кино на Кинотека

Објавено пред

Кинотеката од 17 јули (петок) со почеток во 21 часот почнува со прикажување филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо.

„Со десет наслови во овој исклучителен циклус – кој го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци па сè до последните дела – Кинотеката ви овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој Шарло се справува со предизвикот на звучниот филм“, се вели во најавата за настанот.

Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977), не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што ние денес го нарекуваме класика.

Со безмалку 90 улоги на филм и 72 кредити како режисер, Чаплин е од оние автори кои компримираат вистински филмски универзум сам за себе: бил и сценарист, монтажер, продуцент, а повремено и компонирал или бирал музика за неговите филмови.
Од крајот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна Чаплин ги снима неговите најуспешни кратки и среднометражни филмови (ДЕТЕТО / The Kid, 1921; МРЗЛИВЦИ / The Idle Class, 1921; АЏИЈАТА / The Pilgrim, 1923…) и долгометражни филмови (ЦИРКУС / The Circus, 1928; СВЕТЛИНИТЕ НА ВЕЛЕГРАДОТ / City Lights, 1931; МОДЕРНИ ВРЕМИЊА / Modern Times, 1936).

Појавата на звучниот филм е новиот предизвик, и во таа сфера не е неуспешен: ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР (The Great Dictator, 1940), ГОСПОДИНОТ ВЕРДУ (Monsieur Verdoux, 1947) и СВЕТЛИНИТЕ НА СЦЕНАТА (Limelight, 1952) е неговите три звучни филмови, со кои ја завршува американската епизода во неговиот живот и кариера. Во Велика Британија го снима КРАЛ ВО ЊУЈОРК (A King in New York, 1957).

Прикажи повеќе...

Култура

Прво издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Објавено пред

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ, на 23 и 24 јули, во паркот позади Младинскиот културен центар ќе биде одржаното првото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“. Фестивалот е производ на оваа дискографска куќа, која постои од 2018 година и досега има издадено 14 изданија современ македонски џез, а идејни творци се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.

Културолошката заложба на ПМГЏЕЗ е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно, кросовер музика (pmgjazz.bandcamp.com). Поголем дел од музичките автори, кои имаат издадено за оваа дискографска куќа ќе настапат на фестивалот, кој е поддржан од Министерството за култура.

„Инспирирани од одличната работа на нашиот лејбл ПМГЏЕЗ во изминативе неколку години, цврсто верувавме дека треба да направиме и џез фестивал. Успеавме да ја материјализираме нашата идејна замисла. Фестивалот нема да биде строго ограничен на канонско сфаќање на џезот, туку ќе биде отворен за музички излети и авантури. Во центарот на нашиот интерес се македонските џез-музичари и амбицијата да се подигне квалитетот на нивниот перформанс, но секако и подигнување на нивниот профил во очите на домашната јавност. Незадоволни од односот на нашето општество кон оваа култура, а пред сè кон нејзините локални чинители, ПМГЏЕЗ и Крај Вардарот… се во мисија за подобрување на атмосферата и условите за работа, издаваштво и промоција на македонската џез-музика“, велат организаторите на фестивалот.

Првата фестивалска вечер ќе почне во 19:45 часот со настапот на скопскиот џез-музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don’t go away mad because the Duke is not coming back“.

По него настапува веројатно најквалитетниот џез-состав во земјава, ветераните „Сетстат“. Музичари, кои 30 години се френетично активни на музичката сцена. Квалитетот на нивните изданија е во постојан подем, а нивниот настап во живо е уникатно музичко доживување, нешто што се памети и за кое долго се дискутира низ возбуда.

Скопските „Зулу 3.4“ кои неодамна го издадоа својот втор албум се еден од најинтересните млади џез-состави, кои се обидуваат да се стекнат со кредибилитет на нашата сцена. Извонредно свежи, интересни и квалитетни, ќе бидат вистински предизвик за џез-гурманите и добронамерната публика.

Вечерта ќе ја заокружи „Кантон6Квартет“ техно-џез хибрид, во состав Мирко Попов, Синиша Евтимов, Владан Дробицки и Панче Бујуклиев.

https://pmgjazz.bandcamp.com/album/interactive-music-lab-skopje-sessions

Следната вечер фестивалот ќе почне во 20 часот. Настапува светски реномираниот, македонски џез-хармоникаш и мултиинструменталист Јордан Костов со неговиот квинтет, кој поголемиот дел од времето го минува патувајќи, компонирајќи и соработувајќи со голем број музичари од светот. Досега има издадено два албума за ПМГ џез „Sanfona de grapa“ и „Plush pig“. Костов ѝ припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои имаат раскрстено со предрасудите и кои го имаат надминато стравот од нормалната творечка комуникација со глобалниот свет. Извонреден композитор и наобразуван инструменталист на хармоника, од родното Квадарци досега го има свртено целиот свет со своите настапи. Неговата номадска кариера вбројува најмногу настапи низ Јапонија и Кина. Неговите досегашни соработки не вклучуваат само музичари од тој дел на светот, туку и Американци, Германци, Индијанци и при тоа за него основен услов е да се чувствува слободата на мислата и изведбата.

https://www.youtube.com/watch?v=eiFnGD9kLFE

По него џез-триото „Cobalt code unit“, кое го сочинуваат музичарите Благојче Томевски (кларинет, перкусии, вокал), Благоја Глигоровски (гитара) и Драган Теодосиев (тапани). Поимот „уникатно“ е врзан за нивните изданија. И никогаш не бил посоодветен отколку сега. Извонредно трио, кое произведува шамански импровизациски звуци длабоко вкоренети во ритуалната музика на истокот. Нивниот албум „Ритуал“ е издаден за ПМГ џез.

https://www.youtube.com/watch?v=P7wNUE4lxM0

За крај, скопскиот состав „Светлост: Одрон ритуал оркестар“, луѓе кои со нивниот албум „Odron Ritual Orchestra“ издаден за ПМГЏЕЗ минатата година, успеаја да влезат во сите порелевантни светски топ-листи за најдобар џез-албум за 2019 година. Ова придонесе за неверојатен успех во продажбата на нивниот албум на Band Camp (светски познат онлајн сервис за музички артисти и лејблови), што дефинитивно ги прави најпродаван македонски музички продукт во светот за 2019 година. Во „Светлост“ членуваат 11 музичари на сцена, што го прави нивниот настап вистинска атракција за публиката.

https://www.youtube.com/watch?v=EzMqNEOUCwk&t=536s

Билетите се симболични 100 денари, а двете фестивалски вечери ќе се одвиваат според сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот. Задолжително е носење маска, столчињата ќе бидат поставени на 2 метра растојание.

Организаторите на фестивалот апелираат до публиката да се држи до сите норми на однесување со цел да се заштитиме меѓу себе и наедно да покажеме пример дека настаните од културата можат да се одвиваат безбедно и во вакви услови. Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на Дарко Рундек во Охрид идниот месец

Објавено пред

По концертот на Амира Медуњанин, „Aвалон продукција“ најавува концерт на Дарко Рундек на Античкиот театар во Охрид на 15 август.

Дарко Рундек и „Екипа“ неодамна го најавија новиот албум „Брисани простор“ со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите свои големи хитови, како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, „Хаустор“.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и „Екипа“ во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален во согласност со протоколите за одржување јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе може да се набават онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава за следниве цени и категории: трибини – 1.000 денари, ВИП – 1.500 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели...

Македонија21 минута

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата имало краток прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, во општина Липково имало краток прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките...

Македонија24 минути

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани – 49,22 отсто

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна...

Македонија1 час

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија2 часа

За 10,56 отсто намален одѕивот до 13 часот во споредба со изборите во 2016 година

Одѕивот до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помал во споредба со парламентарните избори во 2016...

Македонија2 часа

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, најголем во Крива Паланка – 41,07 отсто

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, гласале 432.026 гласачи, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се...

Македонија3 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија3 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион3 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет4 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија5 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија7 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион8 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија9 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија9 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија10 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија17 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет19 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија1 ден

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Досие