Контакт

Култура

Работна средба на министерот за култура, Адеми, со израелскиот амбасадор Оријан

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, на која стана збор за досегашната соработка во областа на културата помеѓу двете земји, но и за нови проекти што ќе се реализираат во наредниот период.

На средбата беа истакнати добрите културни врски што ги негуваат Израел и Република Македонија, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата.

На средбата исто така беше потенцирано и дека во тек е процедурата на усогласување посебна програма за културна соработка, со што би се интензивирала комуникацијата меѓу инстутуциите во двете земји. Во контекст на квалитетната размена на проекти и уметници беше нагласено дека во изминатите години се остварени гостувања на истакнати уметници од Израел, но и македонски уметници што се претставија во оваа земја.

Како една од позначајните активности што се реализираа во изминатите години беше потенцирано дека е отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а се нагласи дека Македонија активно партиципира и во адаптацијата на павилјонот 17А, кој се наоѓа во Државниот музеј во Аушвиц – Биркенау, Полска, проект под покровителство на УНЕСКО, во кој, покрај Република Македонија, учествуваат и сите земји од поранешна Југославија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Годишната изложба на основните училишта „Дада и јас“ во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Годишната изложба на основните училишта е традиционална изложба организирана од страна на Националната галерија на Македонија. Од досегашните искуства таа преставува одлична можност учениците да ги усовршат своите творечки способности, да го развијат визуелното помнење, да ја ослободат својата фантазија на најдобар можен начин.

„Изложбата ќе биде отворена на 21 ноември во 13 часот во Даутпашиниот амам, а ќе биде презентирана до 24 ноември“, информира Маја Димитрова, едукатор.

Годишната изложба на основните училишта секоја година третира како тема еден од нашите најголеми македонски ликовни автори. На таквиот начин учениците имаат можностда ги прошират знаењата за нашето уметничко богатсво, да ги запознаат уметниците и нивните уметнички дела на најдобар можен начин. Преку делата на еминентните уметници тие учат и за разните ликовни правци, материјали и ликовни техники. По организираните посети на изложбите, кратките предавања за уметникот, како и прикажување документарен филм, учениците се подготвени да учествуваат во креативните работилници создавајќи креации што личат на оние на уметниците. Понекогаш тие се со сосема нов израз, детски, наивен, давајќи секогаш позитивна слика за животот. Така, оваа година учениците од различна возраст својата инспирација ја црпеа од творештвото на Драган Попоски – Дада. Преку забава и игра тие со глината моделираа и создаваа креации многу слични на оние од големиот уметник. Освен со глина, тие свои креации изработија и со стиропор, направија и голем број цртежи, а од сите изработени творби произлезе изложбата со наслов „Дада и јас“.

Ваквите проекти се корисни бидејќи учениците на едноставен начин учат за сите оние вредности што ние како држава ги поседуваме и тие треба да ги негуваме и почитуваме. Отворајќи им ги портите на уметноста, придонесуваме за развој на децата за подобри наши идни генерации.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ 

Објавено пред

На 24 ноември, сабота, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, ќе се одржи промоција на книгата „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска, а промотор на книгата е д-р Христо Петрески.

„’Новогодишни детски песни’ е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во неа има четириесет песни за деца од разни возрасти кои ги воспеваат: новогодишниот амбиент во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент. Книгата е повеќенаменска, интерактивна и ја развива креативноста кај децата“, се наведува во соопштението на организаторите.

Мијаковска, додаваат оттаму, им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишните илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби. Христо Петрески за „Новогодишни детски песни“ заклучува: „Книгата е едукативно-дидактичка (поучна и практична) и претставува еден мал водич, прирачник, поетска боенка, забавник“.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Стефоска во Европскиот парламент на комисиски состанок за културното наследство

Објавено пред

По покана од Европскиот парламент, претседателката на собраниската Комисија за култура, Ирена Стефоска, ќе учествува на меѓупарламентарен комисиски состанок на тема „Европско културно наследство“, што ќе се одржи денеска и утре во Европскиот парламент во Брисел.

Како што наведуваат од прес-службата на Собранието, 2018 година е прогласена за европска година на културното наследство и по тој повод Комисијата за култура и едукација при Европскиот парламент ги повикува националните парламенти на земјите членки и земјите кандидати на ЕУ да земат учество на заеднички меѓупарламентарен комисиски состанок.

Претставниците на националните парламенти на состанокот ќе имаат можност за заедничка дискусија во насока на понатамошно унапредување на културното наследство на европско и национално ниво.

Програмата ќе се одвива во три работни сесии на тема: „Култура и идентитет“, „Заштита, конзервација и реставрација на културното наследство“ и „Културното наследство и образованието“, при што со пленарна сесија ќе се заклучи дводневната работа на меѓупарламентарниот комисиски состанок.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа39 минути

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија40 минути

Анѓушев, наместо Заев на работниот појадок кај Курц

Во Виена започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион40 минути

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион, најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово...

Економија1 час

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија2 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија3 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија4 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија15 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт15 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа18 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести19 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија20 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет22 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија22 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Досие