Контакт

Култура

„Развој на филмска маркетинг-стратегија“ – работилница со Матијас Ношис во Скопје

Објавено пред

На покана од „Медиа Деск МК“ во Скопје на 2 и 3 октомври, Матијас Ношис, основачот на една од најреномираните маркетинг- агенции за филм „Алфапанда“, ќе одржи предавање и работилница специјално наменета и адаптирана за македонските филмски професионалци со цел нивно усовршување во областа на филмскиот маркетинг и развојот на маркетинг-стратегија.

Во програмата ќе бидат опфатени главните аспекти на маркетинг во филмот со фокус на маркетинг-стратегии за независни филмови, како и практични совети за апликацијата на „Медиа“ во делот што се однесува на маркетинг-стратегија. Дополнително, одбрани проекти ќе имаат можност за индивидуални консултации со Матијас Ношис.

Агенцијата „Алфапанда“ има свои канцеларии во Берлин, Варшава и Женева, а дел од нејзините клиенти се 20th Century Fox, Warner Bros., Евроспките филмски награди, како и филмовите „Фаворитот” на Јоргос Лантимос, „Облик на водата“ на Гилермо Дел Торо, „Не допирај ме“ на Адина Пинтилие и многу други. Предавањето што ќе се одржи на 2 октомври е отворено за јавност, но поради ограничен број места, потребна е потврда за учество.

Неодамна во рамките на 10. издание на „Македокс“, се одржа првиот форум за ко-продукции во документарниот филм „МакеCoProDox”, а она што следува се филмски разговори на тема успех кои ќе се случуваат за време на 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во соработка со „Медиа“ Хрватска и Хамбург на 19 септември во Битола. За тоа колку успехот може да биде поттик или стапица, ќе зборуваат швајцарскиот кинематографер Рајнер Клаусман најпознат по соработката со Фатих Акин; германскиот режисер номиниран за оскар Макс Цале; Дубравка Турич, монтажерка од Хрватска чие режисерско деби доби награда за најдобар краток филм во Венеција; и македонската режисерка Елеонора Венинова, која со својот последен краток филм имаше премиера во програмата Кензен во Кан. Во Битола, доаѓа и Мартина Петрович, директорката на „Медиа“ Хрватска со која нашите филмски професионалци ќе може да закажат индивидуални консултации.

Од оваа година Северна Македонија стана дел од „Еуро конекшн“ (Euro Connection), платформа за ко-продукции на кратки филмови во рамки на фестивалот „Клермон Феран“ во Франција, со што и македонските продуценти ќе може да аплицираат преку „Медиа Деск МК“, кој е национален координатор на оваа платформа.

Досега годинава македонските проекти добија вкупна поддршка од 353,867 евра од програмата Креативна Европа Медиа.

Култура

Лидија Вуќичевиќ со хит-комедијата „Чекајќи го министерот” во Струмица

Објавено пред

Мегапопуларната актерка, која јавноста во регионот ја познава по многуте серии, како „Жикина династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии, в петок (15 ноември), гостува во Струмица со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“.

Хит-комедијата, која ќе биде поставена во Центарот за култура во Струмица, ги освојува срцата на сите гледачи во сите земји во светот.

Во неделата и во понеделникот во Театар „Комедија“ пред преполна сала, а в петок Лидија Вуќичевиќ заедно со Милан Паиќ и Семир Гичиќ ќе го чека министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток 20 часот, а билетите се по цена од 200 денари.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска премиера на „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ на „Синедејс“

Објавено пред

По фестивалите во Бусан, Варшава и Котбус, филмот „Глас“, во режија на Огњен Свиличиќ, утре ќе ја доживее македонската премиера во рамките на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“.

„Глас“ е копродукција меѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ, како и од Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на интернационалниот филмски фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на фестивалот во Котбус, Германија, каде беше дел од натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што им дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно“.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографијата е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук е Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак, а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејно реиздание на Homebound на Кирил Џајковски

Објавено пред

Јубилејното реиздание на ремек-делото Homebound на Кирил Џајковски излегува на 13 ноември, точно дваесет години по оригиналната објава. Овој легендарен албум со своето појавување во 1999 година дефинира нов музички правец, во кој традиционалната музика и
современата електроника живеат во совршена хармонија. Оригинално објавен под
тогашното уметничко име на авторот, Кирил, Homebound беше еднакво фасцинантен и за публиката и за музичката критика, која не штедеше пофалби за храбрата мешавина од downtempo, world music, breakbeat и drum’n’bass. Албумот доби одлични рецензии од речиси сите релевантни музички списанија и радиостаници и со тоа значително им го олесни патот на цела генерација нови музичари кои не се плашеа да експериментираат, да ги пробиваат постојните граници и да откриваат нови музички светови.

Дваесет години подоцна оваа исклучителна колекција од современа музика останува да биде скапоцено сведоштво за едно време кога музиката беше забавна и авантуристичка, но истовремено и длабока и полна со значење. Речиси е неверојатно што покрај тоа што беше футуристички и авангарден во времето кога се појави Homebound, остари прилично достоинствено, па звучи извонредно свежо и релевантно цели две децении по првото објавување.

Реизданието на Homebound содржи ремастерирани верзии од сите десет песни од оригиналното издание. Излегува потпишано со новиот уметнички бренд на авторот Џајковски, а од 13 ноември ќе биде достапно на сите дигитални сервиси за музика во светот. Издавач на реизданието е Filter Label.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион3 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија4 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија7 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија9 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија11 час

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија11 час

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија12 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија13 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа13 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија14 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија14 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија14 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет14 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет15 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија15 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт15 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија1 ден

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион1 ден

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие