Контакт

Актуелно

„Разговори во четири очи“ ја освои наградата за најдобра претстава на „Московски ноќи“ во Русија

Објавено пред

Претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ ја освои наградата на жирито за најдобра претстава на 6. интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, што од 5 до 9 октомври се одржа во Митишчинскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.

Во жирито на фестивалот учествуваа познати руски театарски критичари и национални уметници, и тоа Елена Шанина, Татјана Тихоновец, Владислава Куприна и Андреј Пронин. Изведбата на претставата се одржа на 6 октомври во полниот салон на театарот „Фест“.

На фестивалот беа изведени осум претстави, од кои, покрај Македонскиот народен театар, учествуваа шест руски и еден театар од Казахстан.

Претставата „Разговори во четири очи“ е копродукција на Македонскиот народен театар и „Скопје филм студио“. Работена е по текст на познатиот филмски и театарски автор Ингмар Бергман. Претставата досега гостуваше на повеќе театарски фестивали во Русија, Словачка, Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија.

Во претставата играат Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петар Арсовски, Дамјан Цветановски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов. Претставата е на редовниот репертоар на Македонскиот народен театар, а македонската публика ќе може да ја гледа на 25 октомври на малата сцена во МНТ.

Актуелно

Проекција на филмовите на Киро Урдин во рамки на изложбата „Духовите на Африка“

Објавено пред

Проекција на филмовите „Догона“ и „Оган и вода“ на Киро Урдин, во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, ќе се одржи во кино-салата на Музеј на Македонија утре, 12 декември, во 20 часот. Филмовите на Киро Урдин се директно поврзани со Африка, каде што престојуваше додека ги снимаше, особено меѓу народот Догон во Мали.

На проекцијата ќе присуствува целата екипа што ги изработи филмовите, режисерот Киро Урдин, снимателот Владимир Петровски-Картер, композиторите Венко и Васко Серафимови, а модератор на настанот ќе биде Влатко Галевски, филмски критичар. По проекцијата ќе се одржи едно од последните групни водења низ изложбата „Духовите на Африка“.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во Музејот на Македонија изложба за наследството на малцинските етнички заедници

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, на 11 декември со почеток во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе ја отворат изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“.

Како што информираат од Музејот на Македонија, станува збор за првата изложба во овој музеј што го претставува интегрално културното наследство на етничките заедници на Албанците, Турците, Ромите и Власите.

Оттаму додаваат дека музејот располага со богати музејски збирки поврзани со овие заедници, кои биле од витално значење за истражувањето на нивниот фолклор и традиција.

На изложбата ќе бидат прикажани предмети кои се дел од народни носии и накит, како и предмети за домаќинство направени од дрво, текстил, метал и грнчарија. Секој од презентираните експонати, кои датираат од 19 до средина на 20 век, во себе ја носи колективната историска и емоционална меморија на овие заедници.

„Овие етнички заедници со векови живеат на исто тло и потребата и нужноста за нивна непосредна секојдневна комуникација е сосема природна. Како резултат на тоа, материјално и духовно културно наследство на овие енички заедници било во постојан допир и меѓусебно влијание, но, сепак, тие успеале да создадат автохтони културни вредности, зачувувајќи ја на тој начин својата посебност и индивидуалност, односно својот идентитет“, велат од Музејот на Македонија во најавата за изложбата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Објавено пред

Утринава, на 81-годишна возраст, почина режисерот и драмски писател Љубиша Гоергиевски, објави на „Фејсбук“ поранешниот директор на Драмски театар, Роберт Вељановски.

„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!“, напиша тој на „Фејсбук“.

Љубиша Георгиевски беше роден во Битола. Тој беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар, беше претседателски кандидат во 1994, амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија2 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија2 часа

Амнестијата не може да чека – предлог-законот стигна пред пратениците

Текстот на предлог-законот за амнестија, кој го подготви интерпартиското тело за помирување, е поставен на веб-страницата на Собранието и им...

Македонија2 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања2 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија2 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија2 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија4 часа

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток4 часа

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ5 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија5 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија5 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ6 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Македонија6 часа

Обвинителството поднесе жалба против пресудата за смртта на родилката во Гевгелија

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја...

Македонија7 часа

Управниот одбор на ЗНМ едногласно го потврди Младен Чадиковски за нов претседател

Управниот одбор вчера на конститутивна седница едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ, кои се однесуваат на...

Македонија7 часа

Патник од автобусот на смртта: Се враќаме дома со траума што никогаш нема да ја заборавиме

„Им благодариме на сите што ни помогнаа кога најмногу ни требаше. Се враќаме дома со траума што нема да ја...

Вести7 часа

Нов извештај: Русија со дезинформации на социјалните мрежи му помогнала на Трамп да победи

Два извештаја, подготвени за Сенатот на САД, покажуваат дека Русија во координирани кампањи му помогнала на Доналд Трамп да го...

Топ8 часа

ИОМ: 3.400 мигранти и бегалци ги загубиле животите во светот годинава

Миграцијата е многу значајно прашање на оваа ера. Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018...

Македонија8 часа

Забрана за тешки возила на Стража, Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот...

Регион19 часа

Вучиќ во ОН: Исплашен сум за иднината на народот во регионот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека е многу загрижен, а...

Досие