Контакт

Изложби

„Рамнотежист“ – изложба на Љубиша Камењаров

Објавено пред

Вечерва, во 20 часот, во мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонија, ќе биде отворена изложбата „Рамнотежист“ на Љубиша Камењаров.

Делото „Рамнотежист“ (борец за рамнотежа, паднат во битка за неа) не се занимава со мотивите и причините за ваквото општење на релација субмисивен-доминантен во уметноста, туку само ја забележува, потсетува за нејзиното постоење – ја прави очигледна нерамнотежата. Во мал дел се обидува да ја преврти таа појава залагајќи се за урамнотежување зашто со природниот тек на работите во вселената секоја нерамнотежа тежнее кон урамнотежување.
Ваквата поставеност на нештата (нерамнотежата) се смета за неправилност – аномалија и го зема подредениот субјект за свој херој преку кој ја отсликува таа сосотојба.
Со прикажување човечка фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, без точно одредена возраст, пол, раса, се нагласува само припадноста на човечкиот род (најзасегнатата странка во оваа замисла).

Изборот на местоположбата на фигурата (на високо издигната основа) го засилува нејзиното величење, херојски прикажува паднат борец за рамнотежа, притоа материјалот наменет за одводна инсталација се поврзува директно со (се користи за) уметничката инсталација градејќи го телото на херојот, паднат на колена, претворајќи го од сумисивен во субверзивен.

Љубиша Камењаров е роден во Скопје 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарство, во 2004 година. Од 2003 до 2014 учесник е на голем број групни изложби, ликовни колонии и фестивали. Од 2005 до 2007 работи на изработка на сценографии за драмска и филмска продукција. Од 2007 до 2017 е член на перформативната група „Свирачиња“.

Изложби

Изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“

Објавено пред

На 22 ноември (четврток), во 19 часот, во Националната галерија на Македонија Чифте амам Скопје, ќе биде отворена ретроспективна изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“, како и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“.

На настанот ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на „Остен“.

Настанот е под покровителство на премиерот Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата. На отворањето ќе присуствуваат и уметници и карикатуристи од целиот свет.

Прикажи повеќе...

Изложби

Во Скопје изложба на еден од основоположниците на современата хрватска фотографија Тошо Дабац

Објавено пред

Изложба „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“ ќе биде отворена денеска (15 ноември) во Порта Македонија со почеток од 19 часот.

Организатор на изложбата е Музејот на македонската борба во Скопје од каде што велат дека истата нуди ексклузивна можност да се видат фотографиите на еден од основоположниците на современата хрватска фотографија Тошо Дабац.

„На изложбата ќе бидат претставени триесетина фотографии со мотиви од народни носии од различни краеви на Хрватска, БиХ, Македонија и други земји од регионот, во сопственост на Музејот на современа уметност во Загреб. Изложбата се реализира во соработка со Културниот центар „Травно“ и Работилницата за заштита и изнајмување  народни носии од Загреб, Република Хрватска, а е поддржана од Министерството за култура на Република Хрватска“, се наведува во најавата за настанот.

На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Музејот на македонската борба, Даниела Николова, и директорот на Културниот центар „Травно“, Јосип Форјан. Специјален настап ќе има Ансамблот „Македонија“.

Изложбата ќе биде отворена до 14 декември годинава.

За авторот

Тошо Дабац (1907-1970) е познат хрватски и светски фотограф, еден од основачите и еден од главните претставници на таканаречената Загрепска школа на уметничка фотографија. Во долгогодишната кариера има оставено зад себе повеќе од 200 000 фотографии, а негов најголем фокус била социјалната фотографија преку мотивите на животот на улица, питачи, народ на улица, циркузанти, панаѓури, процесии и сл.

Прикажи повеќе...

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ од денеска ќе биде отворена галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија7 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија9 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија10 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија10 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија10 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија12 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија13 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија13 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија13 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија13 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток14 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток14 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија15 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа16 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија17 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија17 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија1 ден

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Досие