Контакт

Култура

Распишани конкурсите за 11. издание на „100 илјади поети за промена“

Објавено пред

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодишното издание на фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 31 август, по што ќе бидат разгледани од комисијата. Селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“.

Ваков конкурс се организира веќе единаесетта година по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот.

Исто така, распишан е и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на [email protected] или на фејсбук-профилот на оваа манифестација најдоцна до 31 август 2021 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 25 септември 2021 година во Струмица.

Култура

Премиера на „Грдиот“ вечерва на фестивалот „Гола месечина“

Објавено пред

Премиерата на претставата „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ што вчеравечер требаше да се одржи во рамките на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ е презакажана за вечерва во 21 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

Претставата е презакажана поради технички пречки во електричната инсталација. Билетите што граѓаните ги добија вчера ќе важат и за вечерва.

Промена на терминот е направена и за претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“, која според првичниот репертоар требаше да се одржи вечерва. Во продолжение е изменетиот распоред:

ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“

ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“ на НУ „Театар за деца и младинци“

САБОТА (18.9.2021) „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“

НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Куманово)

ПОНЕДЕЛНИК (16.9.2021) „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“

Прикажи повеќе...

Изложби

На античкиот локалитет Стоби изложба на дела од Петар Хаџи Бошков

Објавено пред

В сабота, 18 септември, во 18 часот (вратите на локалитетот се отвораат во 17.30 часот), на античкиот локалитет Стоби ќе биде отворена голема изложба со дела од Петар Хаџи Бошков, со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на Хаџи Бошков, кои опфаќаат четиридецениски период (1962 – 2004) од овој значаен уметник, чие творештво е вградено во темелите на современиот културен идентитет на земјата.

Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Проектот е поддржан од Министерството за култура. Иницијативата за овој проект е на Националната установа за управување со археолошки локалитет „Стоби – Градско“ и се реализира во рамките на долгорочната проектна програма „Стоби – жив град“, со идеја да се заживее локалитетот и да се овозможи отворање нови перспективи во дијалогот со модерното наследство, како и со современата културна продукција.

Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на своето семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков, ќе бидат позајмени и директно од ателјето ќе бидат пренесени на локалитетот Стоби.

По тој повод, на денешната прес-конференција во Музејот на современата уметност – Скопје, директорот на НУ „Стоби“, Спасе Перовски, изјави:

„Изложбата на Хаџи Бошков е голем предизвик за нас. Имаме цел да го приближиме стариот заштитен свет кон модерната доба. Археолошкиот локалитет Стоби е релативно нова институција во рамките на културата на РСМ и тоа е предност на локалитетот бидејќи, иако археологијата, конзервацијата и заштитата се примарни дејности во Стоби, имаме можност да пробиваме нови простори и времиња за да го приближиме овој стар заштитен со закон свет кон современата доба“, вели Перовски.

Делата на Хаџи Бошков ќе бидат поставени поединечно и во посебни целини на повеќе пунктови на локалитетот Стоби, поврзани во еден логичен редослед.

Оваа поставка на посетителите ќе им овозможи движење во две насоки, помеѓу прекрасните и инспиративни објекти на локалитетот, меѓу кои се: Полукружниот плоштад, Виа сакра, сцената на Античкиот театар и коридорот под гледалиштето, храмот на Изида и Серапис, како и големиот неистражен простор, кој се протега до градбата со арки. Овие локации се избрани како специфични бидејќи на најинтересен начин овозможуваат заемно разоткривање на модерната и античката култура и посочуваат на суштинска врска меѓу врвните вредности на овие две епохи.

За важноста на оваа поставка, кураторот Јанчевски вели дека овој проект претставува обид за компаративна анализа на сличностите и разликите помеѓу античкото и модерното наследство, за културните континуитети и дисконтинуитети, за значењето на делата на Хаџи Бошков, но и генерално за улогата на културата и уметноста во развојот на општеството.

„Тој спој на овие два света можеме да ги видиме на еден компаративен и некомпетативен начин. Редок случај е во опусот на еден модерен скулптор на специфичен начин да се проткајуваат класични вредности, не како видлива форма, туку како ликовни принципи. Со оваа поставка сакаме да го преиспитаме каков е нашиот однос кон модерното наследство наспроти односот кон културното наследство, кое опфаќа повеќе епохи. Правиме обид на несекојдневен спој со цел да се отворат прашања, кои можеби не би се отвориле во затворените галерски простори. Постои една важна линија во опусот на Хаџи Бошков, а тоа е неговиот однос со отворениот простор и амбиентот. Многу од неговите скулптури се лоцирани на несекојдневни позиции, преку кои авторот сакал да акцентира на кој начин тие коегзистираат со средината. Интимно верувам дека тоа е недоостварена желба на авторот и со оваа изложба во негова чест правиме обид да му го овозможиме тоа со еден постхумен омаж“, објаснува Јанчевски.

Изложбата нема цел да биде постхумна комеморативна ретроспективна изложба на еден голем автор, туку обид за заемно разоткривање, врски помеѓу античкото и модерното, за континуитетите и дисконтинуитетите, за значењето на делата на Хаџи Бошков, за неговата личност, пристап и за улогата како општествен фактор, како и значењето на локалитетот Стоби.

Петар Хаџи Бошков (1928 – 2015) е еден од најзначајните ликовни творци во втората половина на 20 век. Човек со интернационален дух и отворен светоглед, школуван во повеќе значајни центри, меѓу кои Љубљана, каде што дипломирал, и Лондон, каде што специјализирал на Кралскиот колеџ за уметност. Лондон е особено значаен за неговиот развој, каде што имал можност да истражува и да развие пријателство со големиот британски скулптор Хенри Мур. Од исклучително значење за него е и Британскиот музеј, кој речиси секојдневно го посетувал. Поминувал часови пред најубавите и најзначајни дела од египетската, античката грчка и римска уметност, кои му биле инспирација во раниот творечки период, а таа врска ќе остане силна и понатаму ќе се развива на едно повисоко ниво. Како изграден автор бил визитинг-професор на уметничката школа „Купер Јунион“ во Њујорк по што се вратил во своето Скопје да го донесе светот дома. Тука продолжува со педагошката дејност, првин како професор во Уметничкото училиште во Скопје (1968 – 1980), а подоцна и како професор и прв декан на Факултетот за ликовни уметности во Скопје сѐ до своето пензионирање.

Изложбата ќе биде отворена во согласност со актуелните владини препораки за заштита од Ковид-19. На влезот од локалитетот задолжително е приложување сертификат за вакцина.

Поставката ќе биде отворена до 11 октомври 2021 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Филхармонијата гостува со „Петре и волкот“ во Прилеп

Објавено пред

Оркестарот на Филхармонијата, в петок, 17 септември, ќе гостува во Прилеп, каде што ќе ја изведе симфониската поема „Петре и волкот“ од Сергеј Прокофјев. Концертот наменет за најмладата публика ќе се одржи во Домот на културата „Марко Цепенков“ со почеток во 20 часот. Диригент е Борјан Цанев, а наратор е актерот Мартин Јордановски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

„Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Делото е напишано за наратор и оркестар, чии одделни инструменти или групи инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот.

Приказната го следи Петре, кој поминува некое време во куќата на својот дедо сместена во шума. Еден ден тој не сакајќи, ќе ја остави вратата од дворот отворена и покрај тоа што дедото ќе го предупреди да не го прави тоа бидејќи во шумата живее опасен волк. Петре во тоа нема да верува, но кога навистина ќе се појави волкот, тогаш почнува неговата авантура обидувајќи се да го фати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија повеќе не е...

Свет47 минути

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 час

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 часа

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 часа

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион15 часа

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија17 часа

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ20 часа

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа24 часа

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ1 ден

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија1 ден

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа1 ден

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет1 ден

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа1 ден

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион1 ден

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија1 ден

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Македонија2 дена

30 починати и 572 новозаболени со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 287, Куманово...

Македонија2 дена

(Видео) Заев-Меркел: Македонија треба да ги почне преговорите, проширувањето на ЕУ со Западен Балкан не смее да се одлага

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот...

Досие