Контакт

концерти

Распродаден концертот Rock the opera, закажан и втор

Објавено пред

Поради огромниот интерес за концертот Rock the opera, кој ќе се одржи на 12 април во Македонската филхармонија, закажан е втор концерт за наредниот ден, на 13 април, исто како и првиот, со почеток во 20:30 часот.

Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

На концертот ќе бидат изведени најлегендарните рок-песни и најдобрите звуци испреплетени во одлично искуство.

Најпопуларните песни од настапите вклучуваат: Pink Floyd – Shine On You Crazy Diamond, Comfortably Numb, Echoes, Another Brick In The Wall, Deep Purple – Highway Star, Fireball, Smoke On The Water, When A Blind Man Cries, Queen – The Show Must Go On, We Are The Champions, A Kind Of Magic, Led Zeppelin – Stairway To Heaven and Kashmir, U2 – With Or Without You and Where The Streets Have No Name.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Музиката од филмот за Амелија Пулен со пијанистката Дуња Иванова

Објавено пред

В петок, 29 март, во Музејот на македонската борба, во 20 часот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на звукот на современиот француски композитор Јан Тирсен. На програмата е музиката на Тирсен напишана за филмските остварувања „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ и „Збогум, Ленин!“, како и композиции од албумите „Светилник“ и ЕУСА.

Посетителите истата вечер ќе имаат можност да ја проследат изложбата „Скопје на штипка“ на фоторепортерот Дарко Попов, чиј објектив сведочи за урбано и суптилно Скопје, низ детали што пркосат на целината, а зборуваат за уметност, инспирација, храброст и сеќавања.

Двата проекта се дел од програмата за култура на Град Скопје за 2019 година, а се реализираат со поддршка на „Слобода филм“, „Минимал“, СОКОМ и Музејот на македонската борба.

Влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт и мастер-клас со тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли

Објавено пред

Славниот музичар, тромбонистот Фред Весли, денеска пристигнува во Скопје и уште вечерва, со почеток во 19 часот, во скопското кафуле „Брик ит“, кое е лоцирано покрај реката Вардар, веднаш до „Парк хотел&спа“ ќе одржи двочасовен мастер-клас за сите оние што се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио Fred Wesley Generation Trio. Организаторите оваа средба повеќе ја најавуваат како meet and greet со легендарниот тромбонист. Ова е единствена и неповторлива можност неговите искрени поклоници да се сретнат со оваа ѕвезда. Бројот на учесници е ограничен, а повеќе информации за овој настан има на фејсбук-страницата на „3 гонга“.

Утревечер, 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, Весли со своето трио ќе одржи целовечерен концерт. Настанот е во организација на „3 Ггнга“ и Funky Fresh, локална поддршка Гоце&Чваре.

Неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото, Тони Меч, има 45 години. Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез-музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно сè до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.

Фред Весли ја почна својата кариера како тинејџер тромбонист на Ајк и Тина Тарнер. Подоцна, во 1968 година, на легендарниот Џејмс Браун му стана музички аранжер, тромбонист и главен компизитор. Соработката со Браун го направи Весли најпознатниот тромбонист на светот, кој хируршки прецизно го дефинира јазикот на фанкот. Тој успеа да го издигне фанкот на сосема ново ниво. Нивната соработка траеше сè до 1975 година. Во годините потоа тој музицира со многу познати артисти и бендови, меѓу кои и Parliament – Funkadelic и со Bootsy’s Rubber Band. Фред има снимено дузина соло албуми, култни песни, кои се дел од многу наградени документарни филмови, тој е дел од многу книги за фанкот и со години организира мастер-клас насекаде во светот. Билетите за концертот се достапни преку мрежите на kupikartizase.com и karti.com.mk.

Прикажи повеќе...

концерти

„Да танцуваме!“ – симфониски концерт на Македонската филхармонија

Објавено пред

„Да танцуваме!“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 28 март, во четврток, со почеток во 20 часот.

Под палката на маестро Габриел Бебешелеа од Романија, оркестарот ќе ги изведе прекрасните дела: „Словенски танци“ оп. 46 од Антонин Дворжак, како и „Симфониски танци“ оп. 45 од Сергеј Рахмањинов.

Дворжак најголемата популарност ја стекнал токму со своите прочуени серии од осум „Словенски танци“ кои најпрвин ги напишал како сет за пијано дуо, на барање на германскиот музички издавач Фриц Симрок, идеја која всушност ја иницирал Брамс како еден од најголемите поддржувачи на чешкиот композитор. „Симфониски танци“ на еден од најголемите руски композитори Сергеј Рахмањинов, опишани како длабоко емоционални и сентиментални, се сметаат за едно од најубавите оркестарски дела.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија“ во Клуж-Напока, Романија. Моментно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ5 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија6 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија6 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија7 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија7 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија10 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ11 час

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ11 час

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија12 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија13 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие