Контакт

Култура

Реализирани активности во рамките на Европската година на културното наследство 2008

Објавено пред

Со oдлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа eвропска иницијатива беше да го промовира значењето на eвропското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности.

Европска година на културното наследство покри четири клучни теми што се однесуваат на културното наследство и тоа: вклученост, одржливост, зачувување и иновација. Преку овие теми, во земјите членки на Европската Унија оваа година беа спроведени преку 11 500 настани и проекти на европско, национално, регионално и локално ниво, инволвирајќи 6.2 милиони жители на Европската Унија, особено деца и млади, со цел зајакнување на нивното знаење за културното наследство, но и за припадноста во поширокото eвропско семејство.
Иако Република Македонија сè уште не е полноправна членка на Европската Унија и немаше обврска да ја спроведе одлуката на европските институции за спроведување на оваа целогодишна манифестација, сепак Управата за заштита на културното наследство се приклучи со повеќе активности.

Оттука, стручни лица од Управата заштита на културното наследство изготвија национална програма на активности со кои и Република Македонија им се приклучи на земјите членки на Европската Унија во прославувањето на вредностите и на македонското културно наследство како дел од европското. Во таа насока, во кампањата што ја водеше Управата, беа вклучени проекти и активности за популаризација на нашето, но европско културно наследство, негово приближување до пошироката јавност преку јавни презентации, промоции и едукативни настани за децата и младите, стручни настани (работилници, обуки) за вработените во институциите за заштита на културното наследство, но и за граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Оваа програма на активности за одбележување на Европската година на културното наследство, беше спроведена под слоганот ,,Нашето наследство – Европска вредност!“ и мотото ,,Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“ .

Во рамките на оваа програма беа спроведени вкупно 19 активности, од кои 15 беа спроведени во Македонија, додека 4 беа реализирани во делот на меѓународни активности.

Култура

Претставата „Вардарски пастуви“ гостува во Кочани и во Струмица

Објавено пред

НУ Театар Комедија започнува турнеја низ нашата држава со претставата „Вардарски пастуви“. Почетокот на турнејата е закажан за 27 мај, понеделник, во Кочани, каде што претставата ќе биде дел од свеченото отворање на ДАФ (Фестивал на аматерскиот театар), а веќе следниот ден, на 28 мај, екипата на „Вардарски пастуви“ ќе игра во Центарот за култура ,,Антон Панов“ во Струмица.

„Одамна размислуваме да направиме една мини турнеја низ нашава земја со хит претставата на Театар Комедија, ‘Вардарски пастуви’. По неколку разговори и анализи, одлучивме дека е созреано времето за да започнеме со реализација на оваа турнеја. Како што е познато, секоја изведба на оваа претстава е целосно распродадена во нашиот театар и ги руши сите рекорди на гледаност, па така најчесто билетите се распродаваат за само 40 минути. Многумина од посетителите ни реагираат бидејќи не можат да дојдат на ред за билет. Морам да истакнам дека имаме многу побарувања за оваа претстава и за надвор од Скопје. Ние како управа решивме да започнеме со турнеја низ државата, стартуваме со Кочани и Струмица, но во план ни се уште неколку градови“, ни изјави директорот на НУ Театар Комедија, Сашо Ристовски.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Столе Мицов, Едмонд Сотир, Жаклина Петровска и Ердоан Максут, а режисер е хит мејкерот Синиша Евтимов.

Прикажи повеќе...

Култура

Промена на саатницата за изведбата на претставата „Макбет“ на 28 мај

Објавено пред

Закажаната изведба на претставата „Макбет“ во режија на Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар, на 28 мај, поради технички причини се презакажува во 19 часот.

Претставата првично беше најавена за 20 часот. Од МНТ нагласуваат дека денот на изведбата останува ист и дека се менува само саатницата за почетокот на истата.

Прикажи повеќе...

Книги

„Години од слама“ нов роман од Братислав Ташковски

Објавено пред

Во издание на „Панили“ излезе новиот роман на македонскиот писател Братислав Ташковски „Години од слама“. Романот на еден необичен начин, со контрапунктирање на најразлични типови говори, се обидува да го сопре наративното време, како ламент по изгубената историја. Околу редакцијата на еден весник гравитира цела галерија најразлични ликови, често на работ на надреалното, иако во нив препознаваме и реални личности од нашата поблиска историја: министри, професори, интелектуалци, арлекини, шарлатани и конкубини.

Станува збор за моќна приказна која изворот го наоѓа во матното секојдневие, во човечкото и во неговата внатрешна природа притисната во менгемето на актуелната политика и нејзината превртливост. Венко Андоновски за романот ќе напише: ,,Роман што се голта во еден здив, ама тешко се вари, поради мачните пораки на себеуништувањето што со себе ги носи”.

„Години од слама“ е петти роман на Ташковски. Тој е автор на дваесет и две поетски книги, пет драми и една книга есеи, преведуван е на повеќе јазици и добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Ацо Шопов“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет3 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт3 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа3 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава16 часа

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија17 часа

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија19 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија21 час

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија22 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија23 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија23 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа1 ден

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија2 дена

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија2 дена

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава2 дена

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Досие