Контакт

Култура

Ревијално прикажување на победниците на Галичник филм фестивал во Скопје

Објавено пред

Галичник филм фестивал, кој се одржа од 5 до 8 август, го разбранува културниот живот летово на еден свој уникатен начин, возобновувајќи ја филмската традиција во Галичник, стара дури еден век.

Четири дена филмски проекции на краткометражни филмови и музичка програма на Упија, пред публика од сите генерации, староседелци, но и дојденци кои за првпат го посетуваат регионот.

Поради големата заинтересираност на публиката, Галичник филм фестивал во соработка со Делегацијата на Европската Унија Скопје организира ревијално прикажување на дел од наградените филмови.

Настанот ќе се одржи в петок, 20 август, од 11:00 часот во Europe House Скопје, а бесплатно ќе можете да ги погледнете следните филмови.

– „Налепница“, добитник на Гранд при на Галичник филм фестивал, како и Најдобар актер доделена на Сашко Коцев за улогата на Дејан;

– „Ана“ , Најдобар филм на Галичник филм фестивал, воедно номиниран и на Канскиот филмски фестивал во главната програма;

– „Заедничка градина“, Најдобра кинематографија на Галичник филм фестивал;

– „Кожа“, Најдобра режија на Галичник филм фестивал, воедно добитник на Оскар за краткометражен филм;

– „Само една смрт до љубовта“, Најдобар анимиран филм на Галичник филм фестивал;

– „Битка“, Најдобар документарен филм на Галичник филм фестивал, воедно номиниран на ИДФА.

Дополнително од страна на жирито во состав Митко Панов, Игор Ангелов и Андреј Волкашин во рамките на фестивалот беа доделени и следните награди.

Номинираниот за Оскар, „Собата за писма“, доби награда за Најдобро сценарио, а „Ѕвезда што паѓа“ се закити со награда за Најдобра актерка за Маргарита Бушард во улогата на Клое. „Дора“ и „Бледиот светец“ се остварувања со специјално признание на Галичник филм фестивал.

Фестивалот годинава се одржа во соработка со Агенцијата за филм на Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија Скопје.

Култура

„Филмска училница“ – проект за креативна едукација од областа на филмот за средношколците

Објавено пред

Кинотекa продолжува со својата филмска училница – проект за креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, наменет за ученици од средните училишта.

„Гледај филмови, учи и создавај“ е мотото на интерактивната филмска училница преку која учесниците ќе можат да се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство, со основите на филмскиот јазик и ќе имаат можност за креираат свои, авторски филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија.

Идејата на проектот е подигање на свеста на младите луѓе за значењето, вредноста и влијанието на националаното аудио-визуелно наследство, поттикнување на истражувачко љубопитство, запознавање со вештини за истражувачка работа, со идеја за нивно вклучување во откривање на нови аудио-визуелни материјали од локални и приватни архиви, како и развивање на имагинацијата за создавање на лични аудио-визуелни приказни, инспирирани од историјата на македонската кинематографија.

Годинава Кинотеката иницира и нов проект Филмска училница за наставници и професори, и првата филмска училница ќе биде наменета за нив.

Проектот почнува 16. октомври и ќе трае 10 недели.

Филмските училниците ќе се одвиваат секоја сабота во просториите и киносалата на Кинотеката, ќе има 5 школски часа посветени на една тема, а ќе се состојат од предавања, вежби и креативни работилници, гледање филмови и дискусии. Предавањата ќе бидат реализирани од филмолози од Кинотека и филмски професионалци.

Идеен творец на целиот проект е режисерката Марија Џиџева, која воедно ќе биде и координатор и модератор на предавањата.

Со проектот „Филмска училница: гледај филм, учи и создавај“ ги отвараме портите на филмскиот архив на Кинотеката со што на младите им го приближуваме филмското наследство, а преку гледање филмови, интерактивно учење и креативно дружење ги инспирираме да стекнуваат знаења, откриваат нови светови и со канализирање на сопствениот израз да создаваат свои дела.

Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Вистинскиот запад“ вечерва и утре во МКЦ

Објавено пред

Претставата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, а во режија на Борис Василески премиерно ќе биде прикажана вечерва и утревечер, во 20 часот во МКЦ (Младинскиот Културен Центар).

Улогите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев како и добро познатата Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини.

Драмата „Вистинскиот запад“ е номинирана за Пулитцерова награда во 1983 и како дел од овој проект за првпат на македонски јазик е преведена од Марио Стојаноски.

„Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува. “, стои во најавата за настанот.

Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку следниот ЛИНК.

Следни датуми за изведба се во месец октомври.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Кино на трева вечерва на две локации

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот во населбите Драчево и Ченто во рамки на настанот „Кино на трева“ ќе се одржат бесплатни филмски проекции.

Во населба Драчево, кај Три Круши го гледаме филмот „The Whistlers“, во режија на Corneliu Porumboiu.

Синопсис: За Кристи, полицаец кој ги игра двете страни на законот, не е сѐ како што изгледа. Започнувајќи кражба со висок ризик со прекрасната Гилда, и двајцата треба да се справат со пресвртите на корупцијата, предавството и измамата.

Во населба Ченто, Дом на култура „11 октомври“ го гледаме филмот „Bye Bye Morons”, во режија на Albert Dupontel.

Синопсис: Тешко болна жена се обидува да го најде своето одамна изгубено дете со помош на маж среде „burnout“ и слеп архивист.

*Влезот е слободен. Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува се потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј кои не се вакцинирани против коронавирус ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија2 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија2 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет3 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион3 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија4 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија4 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија17 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија20 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа23 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија23 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија24 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Досие