Контакт

Култура

Ревија на италијанскиот филм

Објавено пред

Од утре до среда во киното „Мис Стон“ ќе се одржи ревија на италијански филм, во организација на гимназијата „Мирче Ацев“, Амбасадата на Италија и Здружението на професори по италијански јазик на Македонија.

Ревијата почнува утре во 19 часот со филмот „Идеалниот град“.

На програмата ќе бидат претставени и филмовите L’industriale (Индустриалец) во режија на Џилиано Монталдо, како и комедијата Sei mai stata sulla Luna? ( Дали некогаш си била на Месечина?), во режија на Паоло Геновесе.

Содржина на филмовите

Sei mai stata sulla Luna? ( Дали некогаш си била на Месечина?)

Гуја, млада и убава девојка со италијанско-шпанско потекло,  води познат моден магазин заедно со помошникот Марко Карола, млад и амбициозен партнер. Животот на Гуја добива  неочекуван пресврт, по смрта на нејзиниот татко тааа е наследник на стара и заборавена куќа во Пуља, каде што како дете ги поминувала летата. Расплетот започнува кога Гија го сретнува Ренцо, кој се грижи за фармата.

L’industriale (Индустриалец)

Четириесетгодишниот Никола е сопственик на фабрика на работ на банкрот, потопен во голема економска криза што ја задушува целата земја. Тој е горд и одбива финансиска помош од богата жена која може да го спаси.
Тој одлучува да ги реши проблемите без никакви скрупули. Неговата сопруга Лора сè повеќе се одалечува од него , но Никола не прави ништо за да го премости растојанието што ги раздвојува. Под опсада на работниците кои го притискаат за да ја дознаат својата судбина, Никола насетува дека единствената сигурност што му остана е бракот. Но, наместо да се отвори пред Лаура, тој почнува да се сомнева и тајно ја следи.

La citta’ ideale (Идеалниот град)

Мишел Грасадонија е чувствителен и интегрален еколог и архитект од Палермо. Тој ја напушта Сицилија и заминува за Тоскана, каде што сака да живее во она што тој го смета за идеален град, Сиена. Тој живее сам во стан, каде што експериментира со алтернативни енергии. Една дождлива вечер тој се удира во еден паркиран автомобил.
Неколку метри подолу  на асфалтот се појавува тело на еден човек. Тој повикува полиција и е испрашуван во врска со инцидентот. Уништениот автомобил и некои несреќни околности ги убедуваат агентите во вината на Грасдедонија па  така спасувачот станува обвинет. Тоа е почеток на една парадоксална авантура и мачна потрага по вистината.

Култура

Македонски филм првпат во трка за престижната награда „Лукс“

Објавено пред

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин, успехот во Пула и неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот парламент. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција организирана од Европскиот парламент.

По излагањето на новоизбраниот претседател Давид Марија Сасоли, беа објавени насловите на трите европски филма  селектирани за годинешната награда „Лукс“.

За најновиот филм на Теона С. Митевска на прес-конференцијата беше истакнато дека станува збор за „моќно филмско дело кое ја раскажува приказната за една жена, која е дел од религиозна церемонија, каде што имаат пристап единствено мажите, чин што значително придонесува за феминистичката борба на оваа жена – најакутното социјално прашање на нашето време, кое е интензивирано на Балканот“.

Оваа вест е дотолку позначајна бидејќи во историјата на доделувањето на оваа награда првпат е селектиран македонски филм.

„Радува фактот што македонската кинематографија годинава постигнува максимална видливост од нејзиното постоење до денес. Фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Санденс и во Лос Анџелес станаа секојдневен дострел на македонските филмаџии, а одмерувањето со најдобрите филски автори во Европа и светот веќе дури не нè изненадува. Новата стратегија за развој на филмската уметност за неполни две години даде фантастични резултати. Честитки за селекцијата за наградите „Лукс“ и се надеваме контиунуитетот на афирмација на нашата филмска уметност нема да застане тука“, соопштува Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Проекцијата на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, организирана од наградите „Лукс“, ќе биде на престојниот филмски фестивал во Венеција.

Заедно со „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, снимен во копродукција сo Белгија, Словенија, Хрватска и со Франција, во режија на Теона С. Митевска, се филмовите „Кралство“ на Родриго Сорогојен (Шпанија, Франција) и „Нерешениот случај Хамарскјолд“ на Мадс Бругер (Данска, Норвешка, Шведска и Белгија).

Темите што ги обработуваат трите селектирани филма ги претставуваат различноста и креативноста на европскиот филм. Во селекцијата на сите три наслови е видлив широк спектар на филмски стилови вклучувајќи документарен филм, социјална драма со елементи на комедија и политички трилер, каде што жанровите и родовите се добро балансирани.

Трите филма имаат многу успешен фестивалски живот и се наградувани, како „Нерешениот случај Хамарскјолд“, кој ја имаше својата премиера на филмскиот естивал во Санденс, каде што ја доби наградата за најдобра режија во програмата World Cinema Documentary Competition, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ својата премиера ја имаше на Берлиналето, каде што доби две награди од независно жири, а филмот „Кралство“ имаше премиера на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Прикажи повеќе...

Култура

„Чувар на тајни“- нова книга од Јован Стрезовски

Објавено пред

Во едицијата „Современа македонска проза“ на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата со раскази „Чувар на тајни“ од Јован Стрезовски. Во своето најново дело познатиот автор застапува кратки раскази, во кои ја отсликува реалноста на нашето секојдневие.

Јован Стрезовски (Подгорци, 1931) спаѓа во редот на најпознатите македонски писатели. Автор е на богат поетски и прозен опус. Според сценарио на неговиот култен роман „Води“ снимен е антологискиот игран филм на Бранко Гапо, под наслов „Време, води“.

За своето творештво Стрезовски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“, „Стале Попов“ и „Ацо Шопов“.

Прикажи повеќе...

Култура

„МКЦ за Скопје“ за првпат во паркот на МКЦ

Објавено пред

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да нè потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во паркот на МКЦ.

Настанот е бесплатен, програмата ќе почне во 18:30 часот со детските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска. Потоа следуваат промоции на LP-компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски, како и промоција на неговата нова книга „Македонска дискографија – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв том“ која ќе може да се купи по промотивна цена. По промоциите ќе започне музичката програма која ќе ја исполнат „Светлост“, „Јордан Костов трио“ и „Роботек“.

Настанот ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија2 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа4 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија4 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија7 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ7 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија8 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија9 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија9 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија9 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион9 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија24 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија1 ден

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 ден

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Досие