Контакт

Актуелно

Ретроспектива на македонскиот игран филм во Загреб

Објавено пред

Во киното Тушканац во Загреб вчера беше отворена голема ретроспектива на македонскиот игран филм од југословенскиот период.

Воведни излагања одржаа Марко Ројниќ – уредник на програмата на киното Тушканац, Томе Апостолски – претседател на Сојузот на македонското малцинство на град Загреб и Владимир Ангелов – в. д. директор на Кинотека на Македонија.

Марко Ројниќ истакна дека оваа селекција е убав пресек на она што се случувало со македонската кинематографија сè до независноста и дека покрај добро познатите филмски наслови, во себе крие и неколку малку познати македонски филмски бисери.

Томе Апостолски истакна дека ова е само почеток на едно пообемно претставување на македонската кинематографија во Загреб и Хрватска и дека секако ќе следи програма од современи македонски филмови. Владимир Ангелов, посочи дека филмските и културните врски и преплетувања помеѓу Хрватска и Македонија отсекогаш биле јаки (пример за тоа беше и присуството на Костадинка Велковска, позната хрватска актерка родум од Македонија) и дека тие треба да се негуваат.

Петре Прличко и Илија Џувалековски ги дадоа едни од најубавите улоги во хрватски филмови, а Мимица и Бауер ги направија некои од најубавите македонски филмови, а вакви примери има безброј во сите уметности (сликарот Ордан Петлески или Дадо Топиќ со неговата песна Македонија).

Во Загреб ќе бидат прикажани играни филмови на Кирил Ценевски (Црно семе, 1971), Љубиша Георгиевски (Под исто небо, 1964; Цената на градот, 1970, Планината на гневот, 1968; Не, 1966; Патека, 1967), Столе Попов (Црвениот коњ, 1981; Среќна Нова ’49, 1986), Димитрие Османли (Жед, 1971), Бранко Гапо (Време без војна, 1969), Бранко Бауер (Три Ани, 1959) и Живорад Жика Митровиќ (Мис Стон, 1958). Манифестацијата беше отворена со филмот „Колнати сме, Ирина“ (Татко) од 1973 година, на македонскиот актер и режисер Никола Коле Ангеловски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Видеопроекција како благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Објавено пред

ЈУ Универзална сала и Фестивалот на светлината Skopje Light Art District, во рамките на проектот на Град Скопје, „Култура во време на корона“, во знак на благодарност изработија видео инсталација.

Со видеопроекцијата на влезот на Универзалната сала се искажа благодарност до сите поединци и групи што периодов работеа и уште напорно работат во светот и се во првите борбени редови против пандемијата на новиот коронавирус.

Сите тие се главните фактори што го овозможуваат функционирањето на државите и економмиите.
Видеоинсталацијата е направена од пријатели и соработници на Skopje Light Art District, а пораките за благодарност во видеото се испишани на повеќе светски јазици.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Креативна Европа медија“ со поддршка за „Македокс“ и најновиот филм на „Сестри и брат Митевски“

Објавено пред

Агенцијата за филм соопшти дека фестивалот „Македокс“ и новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“ добија финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа медија“, која го финансира аудиовизуелниот сектор во Европа.

„Најсреќниот човек на светот“, новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“, режија на Теона Стругар-Митевска, ја доби поддршката од „Креативна Европа медија“ во износ од 30.000 евра на повикот „Развој на проекти“.

Филмот е по сценарио на Теона Стругар-Митевска и Елма Татарагиќ и ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал пред повеќе продуценти, дистрибутери, продажни агенти и фестивалски селектори како дел од програмата за развој на проекти „Ателjе“.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ ја доби и првата награда за развој на проект од „Еуримаж“ во висина од 20.000 евра во рамките на маркетот „Синелинк“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ петта година по ред доби поддршка од „Креативна Европа медија“ на повикот за фестивали.

Поддршката за „Македокс“ се однесува за изданието во 2020 година и изнесува 27.000 евра. Фестивалот „Македокс“ веќе го најави и партнерството со три фестивали на документарен филм („ДОК.фест Минхен“, „Докс Барселона“ и ФИПАДОК), со кои заедно ја формираат мрежата „Фест докс нетворк“. Партнерството меѓу овие четири клучни фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и промоција на исклучителните креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Соработниците и пријателите со емотивно видео во чест на роденденот на Горан Стефановски

Објавено пред

На денешен ден, пред 68 години, во Битола е роден Горан Стефановски.

Состојбата предизвикана од кризата поради коронавирусот го спречи одржувањето на собирот по повод роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи, чии дела се длабоко вкоренети во културниот идентитет на земјата.

Настанот требаше да се одржи во неговото омилено Дебар Маало, а меѓу другото, Општина Центар и неговото семејство планираа и поставување клупа со седечка скулптура на Горан Стефановски.

За жал, затворањето на границите спречи клупата да пристигне од Англија, така што таа ќе биде поставена кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.

Со цел достоинствено одбележување на роденденот на драмскиот писател изработено е видео во кое некои од неговите блиски соработници и пријатели говорат за големината и значењето на Стефановски.

Емотивните сведоштва на неговиот брат – гитаристот Влатко Стефановски, режисерот Слободан Унковски, драматургот Дејан Дуковски и актерите Благоја Чоревски и Јовица Михајловски автентично ги доловуваат духот и харизмата на Горан.

Во видеото е содржан и монолог од неговата драма „Огнени јазици“, во изведба на актерот Драган Спасов – Дац.

Стефановски почина на 27 ноември 2018 година во Кентербери, Англија.

Автор е на триесетина драмски текстови, меѓу кои: „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“… Беше и дел од тимот што ја создаде легендарната ТВ-серија „Бушава азбука“.

Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион8 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ10 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија11 час

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија11 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија13 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија13 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија14 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија14 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија14 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија16 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија16 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија18 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија18 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија18 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион18 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа2 дена

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион2 дена

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие