Изложби
Ретроспективна изложба на Адем Кастрати во Националната галерија на Македонија

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 19 јуни (вторник), во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Адем Кастрати.
Адем Кастрати е еден од најзначајните албански сликари кој со своите дела остави траен белег за едно минато време, кое што никогаш нема да се повтори. Воедно го отвори патот на новите генерации уметници кои преку неговите дела можат да ја запознаат, учат и продолжат традицијата на народите на нашите простори.
Роден е во косовското село Горно Карачево во близина на Врање. Името на неговото родно село во албанскиот јазик има значење на облачност. Облачноста, како природен феномен (според некои негови записи) ќе има влијание врз неговиот духовен развој, а секако дека ќе се одрази и на уметничкото творештво. По завршувањето на средното образование, во 1954/55 година Кастрати ќе биде примен на Ликовната академија во класата на професорот Вангел Коџоман. Од него Кастрати ќе ги научи сликарските техники. Од тогаш, започнува еден исклучително плоден творечки период кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
Адем Кастрати станува познат уметник со својата специфична техника на сликање со земја, пристап кој е оригинален и посебен. Уметничкиот опус на Кастрати целосно се поврзува со теми од татковината. Од една страна, животот полн со страдања како резултат на немаштијата и војните, но од друга страна идиличните претстави на родниот крај, запаметен од годините на детството, животот со семејството и незаборавните бои и мириси кои што ќе останат во него меморирани до крајот на животот.
Темите кои ги обработува во своите дела се најчесто врзани за обичниот човек. Огромно внимание ќе и посвети на мајката, која ќе ја претстави како главен стожер во домот. Адем Кастрати имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Урошевац, Приштина, Белград, Тирана, Гњилане, Париз, Женева, Минхен и др. Учествувал и на повеќе групни изложби: Љубљана, Загреб, Дубровник, Ниш, Палермо, Тирана, Париз, Архис (Данска) и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби
Музејот на Македонија со изложба во Хрватска: „Црн петел, црвена кокошка“

Изложбата „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која ја подготви Музејот на Мкедонија во соработка со Археолошкиот музеј од Скопје, на 7 февруари беше отворена во Етнографскиот музеј во Загреб.
Од Музејот велат дека изложбата бележи позитивни одгласи во хрватските медиуми.
„Оваа изложба нуди увид во разните видови археолошко и етнолошко македонско културно наследство од праисторијата до денес, кои содржат елементи на телесното и сексуалноста, а со тоа и на плодноста“, пишува tportal.hr.
„Многу интересна и откачена гостувачка изложба од Музејот на Македонија, чие отворање во Етнографскиот музеј привлече голем број заинтересирани посетители и гости“, пишува turistplus.hr.
Во Етнографскиот музеј во Загреб изложбата е со назнака „содржина што не е дозволена за помлади од 15 години“.
Изложбата што во Загреб ќе биде отворена до 7 април 2019 година е подготвена од Музејот на Македонија и Археолошкиот музеј од Скопје и презентира мал дел од култовите на плодноста што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес.
Култовите и обредите на плодност се претставени преку разни форми на предмети, на женски фигурини од предисторијата (антропоморфни и зооморфни жртвеници), опрема од обичаите под маски, велигденски јајца и делови од женската народна носија. Плодноста во најтесна смисла се поврзува со опстанокот на човештвото, но и со внесување елементи на еротика во секојдневниот живот на луѓето (ламби и садови со еротски сцени и претстави во антиката).
Таа еротика на некој начин низ вековите се пренесувала и преку усното народно творештво со песни, приказни, поговорки и гатанки како еден вид вербална магија со цел да иницираат плодност и кај човекот и кај природата.
Обичаите под маски што го одбележуваат крајот на зимата и обновувањето на природата се полни со симболични ритуални дејства кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи во изложбата ги презентираме преку фотографии и документарните филмови „Џоломари и Говедар Камен“. Жените во Македонија и денес активно посетуваат култни и свети места – манастири, цркви, турбиња, води, камења, дрва и други вршејќи разни обреди поврзани со плодноста.
Она што има посебен белег во оваа изложба е начинот на кој култот на плодноста бил вткаен во облеката што луѓето ја носеле во 19 и 20 век. Македонската женска носија како целина, но и одделните делови и украси, ја презентирале биолошка спремност на жената за репродукција. Таа воедно била и силен симболичен агенс за поттикнување на плодноста, но и магиски заштитник од невидливите зли сили што можеле на жената да ѝ ја одземат способноста да раѓа.
Ваквиот начин на презентирање разнородни предмети и визуелни материјали, кои се разликуваат како типолошки така и хронолошки, укажува на уникатноста на оваа изложба. Интересен е нивнот спој и начинот на кој тие се надополнуваат и воедно се дообјаснуваат.
Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, коавтори се Јасемин Назим, Александра Папазовска, Владимир Боцев, кустос на изложбата е Гордана Виљетич, дизајн на изложбата е Јован Ивановски, визуелен идентитет на изложбата е New Moment New Ideas Company Skopje, а дизајнот на каталогот и информативните панели е на Леон Џинго. Автори на текстовите се Јасемин Назин, Александра Папазовска, Ирена Настева-Колиштркоска, Владимир Боцев, Елизабета Конеска, Илина Јакимовска, Гоце Наумов, Сања Димовска.
Реализацијата на изложбата е поддржана од Министерствата за култура на Македонија и Хрватска.
Изложби
Изложба на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ во Куманово

(Фото: Дело на Димитар Хаџиангелов)
Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в четврток, 7 февруари, со почеток во 19 и 30 часот ќе биде отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“.
Колонијата се одржа од 13.08 – 18.08.2018 година на две локации – во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ѓуриште и во месноста Црнилиште. На колонијата учествуваа 16 сликари ( аматери и професионалци ) од кои тројца од Србија, тројца од Бугарија и останатите од Македонија ( Куманово, Штип, Гевгелија и Свети Николе).
Се изработија вкупно 29 уметнички дела. Изложбата од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ за првпат беше отворена на 14 септември лани по повод Денот на ослободувањето на Свети Николе. Координатор и организатор на ликовната колонија е ОУ Дом на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе.
Досега изложбата беше презентирана во Крива Паланка и Пробиштип, а во Куманово ќе биде поставена до 20 февруари.
Изложби
Изложба на дела од Еди Рама во Берлин

Изложбата на дела од премиерот на Албанија, Еди Рама, е во тек во галерија во Берлин.
Албанскиот премиер, Еди Рама (54), слика на документи и хартии што ги користи во секојдневниот живот. Често овие цртежи ги печати како тапети и ги продава.
На изложбата во Берлин, како и претходно во Тирана, е и неговото дело што го наслика врз писмото до германската канцеларка Ангела Меркел, како и она врз писмото до албанскиот претседател Илир Мета за назначување министер за внатрешни работи.
Изложбата со наслов Works е отворена во берлинската галерија Carlier и Gebauer до 9 март 2019 година.
Рама во интервју за „Дојче веле“ вели дека цртежите немаат никаква врска со политиката.
„Едноставно цртам. Цртам за време на состаноците, за време на телефонските разговори, на паузите. Тоа е многу природен процес. Раката го следи окото и окото ја следи раката“, објаснува Рама и додава дека тоа што е политичар не го спречува да слика, туку напротив му помага.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал