Контакт

Изложби

Ретроспективна изложба „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“

Објавено пред

Ретроспективната изложба „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“ ќе се одржи на 3 декември на плоштад „Македонија“ во Скопје, во 12 часот.

Оваа изложба со која се означува четридецениското творештво на Делимар е во кураторство на Ивана Васева и е дел од програмските активности на организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

Станува збор за прво претставување на Делимар во земјава и изложбата вклучува три видеоперформанси: „Прошетка како Лејди Годива“, „Двајца мажи и една жена” и видеоперформансот специјално подготвен за оваа изложба и насловен „Копнеж за Македонија“, кои ќе бидат прикажани на голем видеоекран на плоштад Македонија. Овој видеоекран е истовремено и изложбен простор кој може да биде и „бела“, но и „црна“ коцка и во овој случај е единствено место каде што се случува ретроспективата на Делимар.

„Изложбата ‘Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар’ во Скопје во ‘она време што го знаевме’ би се манифестирала преку архива на нејзини минати дела, како и понуда од реизведби на перформанси од самата авторка, во обид да се извлече архивата на времето во нејзиното тело или што точно нејзиното тело памети. Реенакментите или реизведувањето на идеите преку нејзиното тело нема за цел да ги повтори работите онака како што биле, туку критички да се пристапи кон нив – колку тие се промениле, дали биле доволно критички и јасни и дали токму таквата субверзија била „најправилниот“ пристап во овој свет преполн со манипулации.

Но во овој сегашен момент се соочуваме не само со тоа како да се „предаде“ перформансот од минатото туку и флуидниот, ранлив и минлив карактер на самиот перформанс – дали во форма на реенактмент од самиот автор, како жива архива или како документација, се соочува со уште посериозен удар, а тоа е токму неговата изведба. Како да се изведе кога владее пандемија на коронавирус?Ангажирањето на тела во специфичен простор, време и начин стана ризична мисија, како впрочем и целото восприемање на уметноста и културата. Но се чини дека творештвото на една од најпознатите перформанс уметнички во Хрватска и пошироко, Власта Делимар, во овој меѓупериод, може да нè поттикне да размислуваме за работите – онака како што биле и како ќе бидат – и за тоа во каков свет живееме и каков свет посакуваме. Пандемијата нè соочи со уште едно нешто – сигурноста на домот на уметноста кој уште повеќе ја засилува автономијата на уметноста во нејзината најбуквална варијанта и доколку остане само таму, таа може да биде каква што сака, да биде сè – додека се наоѓа во својот дом. А уметноста на Власта Делимар не може да биде таква.
Таа не може да се конформира, особено затоа што постојано нè потсетува на неконформноста со секојдневниот шовинизам и сексизам, на неподлегнувањето на притисокот од нормирањето, од општествено наметнатите конвенции за женската сексуалност, сексуалниот идентитет и родовата рамноправност, на патријархалното општество и малограѓанскиот морал, на нескротувањето на уметниковата идеја сè додека трае ова, но и на човечноста, искреноста и веродостојноста. И на тоа таа постојано и неуморно нè потсетува, со присуството на нејзиното тело, како што нè потсетувала од почетоците на својата кариера.

А присуството на нејзиното голо, природно, егзистенцијално, немирно, неразубавено и непоколебливо тело го потенцира неговото отсуство во земјава, но и постојано го потенцира отсуството на знаење за прифаќање на различноста, отуството на сфаќање за другиот, па и за себеси, етикетирањето, неискрената врска со себе и скриените и потиснати предрасуди. Делимар е бескомпромисна во она што го прави и во текот на сите 40 години. Останала доследна и не потпаднала под никакви трендови. Во целата општествена промена, таа е единствената константа – „за неа времињата не се менуваат.“

Оваа нејзина изложба си игра со присуството и отуството. Со еден критички начин на кој функционирала сцената со својот институционализиран модернизам кој не се занимавал суштински со себекритика и преиспитување на својот самоколонијален или автоколонијален став од западните центри на моќ, а од друга страна и со она што таа треба да нè потсети – дека телото памети и не се откажува од својата борба за слободата на изразувањето во која било форма“, вели кураторката Ивана Васева во својот текст за изложата.

Изложбата во Скопје е дел од серијата изложби „Четириесет години љубов кон уметноста на Власта Делимар“, со кои Делимар одбележува 40 години од својата уметничка работа преку изложбена турнеја низ градовите на поранешна Југославија каде што работела на почетоците на својата кариера, во доцните 70-ти и 80-ти години на минатиот век. Во тој период била формирана силна уметничка сцена на современа уметност, сцена која на некој начин го формирало нејзиното творештво. Во текот на 2020 година требаше да се одржат изложби во градовите на поранешна Југославија, вклучувајќи ги Љубљана, Загреб, Риека, Сараево, Цетиње, Нови Сад, Белград, Скопје, сите различни и со различен пристап кон нејзиното творештво. Во ноември 2019 година се одржа првиот настан во Културниот центар Месничка во Загреб, како најава за целиот проект. Тоа е и првиот настан бидејќи пред 40 години, во 1979 година, таа го извела својот прв јавен настан со Жељко Јерман. Потоа следуваше изложба во Загреб, во јануари 2020 година, во ХДЛУ и во Галерија Шкуц во Љубљана, а сега и во Скопје. Сите останати изложби, поради новонастанатата ситуација со светската пандемија, се одложени за 2021 година, кога ќе се произведе и заедничка книга како целина од кураторските и теориските текстови.

Власта Делимар (1956 година, Загреб) е една од најпознатите и најзначајни уметнички на денешнината. Таа е една од клучните фигури кои го дефинирале современиот перформанс низ призмата на сопственотот тело како медиум и содржина – женското, голо тело кое и во денешното општество сè уште не престанува да биде точка на контроверзии. Истражувајќи го во своето творештво феминитетот, женско-машките односи и стадиумите на животниот циклус – од младоста и желбата, преку партнерството и мајчинството, па сè до стареењето – во јавниот простор изнесува автобиографски наративи што го преиспитуваат разграничувањето помеѓу јавното и приватното и нормативите на политиката на идентитетот. Во 1977 година дипломирала на Факултетот за применета уметност во Загреб. Студирала историја на уметност и етнологија. Членува во Здружението на уметници на Хрватска и Здружението на хонорарни уметници на Хрватска. Делимар е уметничка директорка на организацијата „Мојата земја, Штаглинец” и е организаторка на Меѓународниот фестивал за перформанс во Штаглинец. Таа е бескомпромисна во критиките на идеологиите со кои се занимава во својата уметничка кариера што ја започнала во раните 70-ти години на минатиот век. Добитничка е на наградата „Седум секретари на СКОЈ“ во 1986 година. За себе вели дека не поддржува идентификација или припадност на која било идеологија, религија, политичка партија или држава, а се залага за човековите права, слободата на индивидуалноста, почитувањето на различностите и екологијата. Таа има богата интернационална кариера и досега се претставувала во Белград, Белфаст, Берлин, Болоња, Будимпешта, Бидгошчт, Бафало, Дуизбург, Франкфурт, Женева, Глазгов, Грац, Касел, Клагенфурт, Кјото, Лондон, Лион, Њујорк, Одензе, Париз, Питсбург, Квебек, Прага, Сараево, Сиднеј, Санкт Петербург, Солун, Тел Авив, Токио, Трст, Упсала, Виена, Вајмар, Загреб итн.

Ивана Васева е кураторка и истражувачка на кросдисциплинарни, соработнички и општествено ангажирани дела и програми во современата визуелна уметност. Досега курирала и претставила многу изложби, дискурзивни проекти и различни програми во земјава и во странство и издала и уредила повеќе публикации. За проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ја доби престижната награда „Златна трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година (кураторка на проектот). За истражувачкиот проект „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ (2015 година, коавторка) е добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија, а е добитничка и на посебната награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2014 година, коучесничка). Таа е програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) и е кокураторка на АКТО Фестивалот за современи уметности кој постои од 2006 година. Васева дипломирала на Факултетот за историја на уметност при УКИМ во Скопје, а специјализирала кураторство на Кураторската програма на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија.

Факултет за работи што не се учат (ФР~У) е организација на културни работници кои функционираат во полињата на едукација и продукција на современи визуелни уметности и култура, со посебен фокус на истражувачката методологија, учеството и колективната акција во различни социополитички и културни контексти. Идејата на ФР~У се однесува на едукативни и на практични структури, содржејќи работи/предмети/часови што предлагаат и истражуваат нови модели на предавање и на учење, како и на инсистирање на принципите на споделување, соработка, самоорганизација и заедничко учење. Формиран е во 2000 година како неформална платформа на повеќе уметници, студенти на драмски студии, архитектонски студии и визуелни уметности, додека во 2003 година е основана организацијата за продукција на современи уметности и културни настани.

Изложби

Зоран Попоски изложува во Јужна Кореја

Објавено пред

Македонскиот уметник Зоран Попоски учествува на меѓународната изложба Перспективи 2021 во Музејот КИКА во Гимпо, Јужна Кореја, во периодот 30 декември 2020 до 17 јануари 2021 година.

На изложбата се застапени педесет уметници од САД, Франција, Канада, Бразил, Кина, Кореја, Јапонија, Британија, Германија, Грција, Венецуела, Италија, итн.

„Изложбата во Кореја е јубилејна за мене, бидејќи е стота изложба на моите дела. Во моментов мои дела се застапени уште во две тековни изложби во САД и Италија. Последната изложба во Македонија ја имав пред четири години. Се надевам дека наскоро македонската публика повторно ќе има можност да ги погледне моите дела“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Од утре, 17 декември, во 12 часот, до 28 февруари 2021 година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“.

Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а в недела музејот работи до 13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Од МСУ велат дека ретроспективната изложба го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чијашто речиси четири децениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки интерес и смела инвентивност во формирањето и изразувањето на неговата ликовна мисла и поглед на светот и времето што го живееме.

Сликар по вокација, Шумковски досега зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло во Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција. Учествува на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Редовен професор е на ФЛУ од 2002 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Љубовници во пандемија“ на уметницата Јана Манева-Чупоска поставена во Украина

Објавено пред

Во Националниот музеј за уметност во Херсон – Украина, поставена е изложба на цртежи и колажи на Јана Манева-Чупоска.

Изложбата се состои од четириесет дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера.

Авторката Манева-Чупоска е инспирирана од актуелната состојба со корона-кризата која во негативен правец целосно го промени начинот на животот кај луѓето.

Насловот на изложбата „Љубовници во пандемија“ (Pandemic Lowers) има алегорична конотација кој алудира на надеж и потреба за враќање на животот во нормален правец.

Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница Јана Манева-Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во корона-кризата.

Таа љубовта ја нагласува како ликовен симбол кој во овие дела дава надеж дека сепак љубовта ќе го спаси човештвото.

Изложбата е под кураторство на професорката Елена Чепелук професорка на Факултетот за уметност и дизајн во Херсон.

Изложбата освен во Националниот музеј беше претставена и во галеријата на Факултетот за уметност и дизајн во овој украински град.

Изложбата „Љубовници во Пандемија“ е финансирана од Министерството за Култура на Р. Македонија како Национален проект од ликовната област за 2020 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт1 час

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Макеедонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија5 часа

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија6 часа

Опозицијата обвинува за доцнење со вакцините, власта тврди дека обезбедува вакцини преку три механизми

Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против ковид-19, за 60 отсто од населението, реагира владејачкиот СДСМ откако...

Македонија7 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Европа10 часа

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион11 час

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет12 часа

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет13 часа

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија13 часа

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет1 ден

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет1 ден

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет1 ден

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет1 ден

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија1 ден

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија1 ден

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет1 ден

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија1 ден

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Македонија1 ден

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Досие