Контакт

Култура

Рокенрол заедницата фрли „бомба“ за рушење на турбофолк културата

Објавено пред

„Рокенролот е непријател на секоја диктатура, па затоа тој максимално беше отстранет од сите институционални рамки. Многумина беа исфрлени од сцената. Иако андерграундот и вониституционалното делување се својствени за рокенролот, сепак, многумина од нас треба да добијат некој статус во општеството, и да делуваат за создавање квалитетна културолошка атмосфера“, согласни се тие.

Стотина музичари, новинари, професори и консументи на рокенрол културата, што посветиле и повеќе од три децении на развојот на македонската супкултура и воздигнување на рокенрол сцената, вчера се собраа во џебното кино во Младинскиот културен центар, на трибина насловена „Рокенролот како саундтрак за новото министерство за култура“. Долго акумулирани ставови и револт кон општата атмосфера на шунд култура, за која сите се согласни дека ескалираше во минатите осум години. Дебатата ја слушаше и воедно учествуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски, кој беше поздравен со огромен аплауз. Гитаристот Влатко Стефановски, Пеце од „Суперхикс“, Петрит Сарачини, Тошо Филиповски, Виолета Симјановски, Џабир Дерала беа само дел од учесниците што ги изнесоа своите размислувања и иницираа бројни дискусии од присутните. Подобар статус, стимулирање музики рокенрол изданија, заштитата на авторските права, се само дел од проблемите што ги мачат “рокерите“.

– Рокенролот е непријател на секоја диктатура, па затоа тој максимално беше отстранет од сите институционални рамки. Многумина беа исфрлени од сцената. Иако андерграундот и вониституционалното делување се својствени за рокенролот, сепак, многумина од нас треба да добијат некој статус во општеството и да делуваат за создавање квалитетна културолошка атмосфера, согласни се тие.

Влатко Стефановски сподели дел од искуствата во некои земји во светот.

– Секој уметник што самиот објавил песна, насликал слика или направил каков било уметнички производ треба да биде ослободен од данок. Државата треба да има мерки за стимулирање на уметноста, и тоа може лесно да се преземе од некои земји од светот. Исто така е сосема нејасно како едно министерство за култура може да доделува награди од илјадници евра на фолк фестивали, смета тој.

На ова се надоврза Пеце од „Суперхикс,“ кој смета дека таа агенда често да гостуваат турбофолк ѕвезди кај нас е делумно за да се работи на интелектуално и духовно затапување на народот, но, исто така, овие фолк имиња лесно перат пари во Македонија.

– Честите настапи на некакви Карелуши, Аца Лукац, Цеца… се недозволиви. Точно е дека се масовно посетени, но таа публика се постигна со наметнување и пропаганда на оваа шунд култура, веќе повеќе години наназад. Медиумите се преплавени со фолкери, и никој не информира и уште помалку зборува за квалитетна музика, смета тој.

Според Алаѓозовски, радува фактот што оваа рокенрол заедница има конкретни предлози и барања, и во наредниот период ќе се прават напори да се вратат квалитетните културни вередности, во кои секако е и рокенролот.

– Затекнувам многу проблеми културата. Ќе мора во првите три месеци да се направи ревизија на проблемите па потоа да се дадат приоритети. Ѝ советувам на рокенрол заедницата да се обедини, да направи административна стратегија, и натаму ќе делуваме заедно, рече Алаѓозовски.

Ова е прва дебата на рокенрол тема по многу години, и со оглед на големиот интерес, во наредните месеци ќе бидат организирани уште неколку. А.Василевска

Книги

Книжевна вечер „Зборот на Конески“ во Струмица

Објавено пред

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица утре (25 јуни) во Амфитеатарот во Градскиот парк ќе одржи книжевна вечер „Зборот на Конески“. На настанот ќе присуствуваат професорката Вера Стојчевска-Антиќ и Свето Стаменов, новинар, автор и публицист, кои ќе зборуваат за делото на Конески.

Професорката Антиќ како долгогодишна соработничка на Блаже Конески досега издаде три книги посветени на делото на Конески, а заедно со Стаменов го приредија и зборникот „Навраќања кон Конески“.

Во Амфитеатарот ќе се прикаже и поетскиот видео-перформанс снимен во падините на Беласица, кај Колешинските водопади. Стихови и мисли од и за Конески кажуваат членовите на здружението: Мариета Дукиќ, Катерина Панов-Кожаров, Сузана Мицева, Ана Витанова-Рингачева, Билјана Костадинова и Ице Беличев. Видеото го изработи Кире Пиличев, а продукцијата е на ТВ канал ВИС.

Книжевната вечер посветена на Блаже Конески ќе се одржи по повод стогодишнината од неговото раѓање. Здружението „Иван Василевски“ во знакот на Конески ќе го издаде и двобројот на списанието за литература „Зенит“. Овој настан е во склоп на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерти „Musica Viva на отворено“

Објавено пред

Концертите „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ќе се одржат на 26, 27 и 28 јуни.

На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.

Концертите ќе се одржат по следниот распоред:

26 јуни: Вокален мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни: Камерно-солистички мозаик, Тераса на Музеј на македонската
борба
28 јуни: Сонатен мозаик, Фоаје на НУ Национална опера и балет

Почеток на сите концерти е во 19 часот.

Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 071 912 555 или на [email protected]

Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.

Прикажи повеќе...

Култура

„Европско патувачко кино под отворено небо“ на филмскиот фестивал „Синедејс“

Објавено пред

Фестивалот на европски филм CINEDAYS, по повод 20-годишното постоење, воведува нова програма „Cinedays загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“, како заеднички проект на Делегацијата на Европската Унија и Младинскиот културен центар, со цел претставување на нови европски филмови на отворено пред публиката во целата земја.

Европското патувачко кино под отворено небо е новата програма со која ќе се збогати јубилејното славење на Фестивалот на eвропски филм CINEDAYS. Станува збор за годишно прикажување на нови европски филмови, признати од критиката и сакани од европската публика, кое секоја година ќе патува во три различни градови.

На денешната прес-конференција на која се обратија Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ и координаторот на CINEDAYS, Маргарита Арсова го истакнаа заедничкото задоволство од овогодишната прва патувачка селекција.

„CINEDAYS започна пред дваесет години, како проект на ЕУ, кога тогашната комесарка за култура Вивиан Рединг создава иницијатива за славење на европскиот филм во сите поголеми европски градови. Особено ми е драго што од тогаш до сега, тогашната идеја за CINEDAYS само во Скопје еволуираше во вистински филмски фестивал“, истакна Арсова.

Радоста за добар филм летово ќе стигне во Крива Паланка, Струмица и Струга.

„Ние го поддржуваме CINEDAYS од првиот ден и со претставување на оваа програма сакаме CINEDAYS да стигне до нова публика надвор од Скопје. Киното има огромен потенцијал да ги комуницира приказните на Европа и нејзините вредности, како што се еднаквоста, слободата на изразување, демократијата, животната средина и социјалниот момент на ЕУ. Овогодишната селекција на филмови ја рефлектира европската креативност и разновидност и ќе има филм за сечиј вкус“, истакна амбасадорот Гир.

Европското патувачко кино под отворено небо, оваа година ќе прикаже 12 филма: 6 европски филмови продуцирани во последните години, кои ја одразуваат европската креативност и разноликост и кои нудат по нешто за сечиј вкус и 6 македонски кратки филмови, дел од нив наградувани на различни филмски фестивали и добро примени од вљубениците во филмот.

Оваа година, фестивалот започнува во Крива Паланка на 25 и 26 јуни (на градскиот плоштад пред општинската зграда), потоа продолжува во Струмица на 3 и 4 јули (градскиот парк, Домот на Армијата) и во Струга, на 9 и 10 јули (Центар на култура, летна сцена).

Проекциите почнуваат во во 21:00 часот, со исклучок на завршната вечер во Струга, која започнува од 20:30 часот и ќе бидат проследени со сесии разговори со познатиот филмски критичар Влатко Галевски и неговите гости, експерти за темите опфатени во филмовите.

Годинешната селекција на играни филмови ги вклучува: „Хакер“ (Данска), „Патешествието на Принцот“ (Франција), „Брат ми брка диносауруси (Италија), „Рока го спасува светот“ (Германија), „Слава“ (Бугарија) и „Кожурец“ (Германија). Филмовите третираат теми што ги засегаат сите луѓе, но посебно младите денес – од темната страна на дигиталната технологија, до прифаќањето и разноликоста, животот на луѓето со посебни потреби, насилството и предрасудите, корупцијата и слабостите на граѓанското општество, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, итн.

Влезот на проекциите е бесплатен.

20. CINEDAYS Warm-up распоред и програма: https://www.euhouse.mk/cinedays-warm-up/

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија11 час

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија12 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија12 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион14 часа

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија16 часа

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија16 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија17 часа

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет17 часа

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија18 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа18 часа

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет19 часа

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија1 ден

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет1 ден

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ1 ден

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија2 дена

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа2 дена

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија2 дена

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија2 дена

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Досие