Контакт

Култура

Романот „На пола пат “ од Алија Авдовиќ излезе од печат

Објавено пред

Во издание на Здружението Диван, а со подршка на Министерството за култура излезе од печат новиот роман „На пола пат“ од авторот Алија Аводвиќ.

dobivaj vesti na viber

Романот „На пола пат“ е напишан на босански јазик, или во оригинал „Na pola puta“ и е петто остварување на реномираниот бошњачки и македонски писател Алија Авдовиќ.

Во својата рецензија Амина Поровиќ вели: „Ова е роман на една внатрешна перцепција на проникнувањето на животот на бошњачкиот народ со потекло од Санџак, стремеж на една длабока човечка вистина на самото човечко постоење.”

Уредникот на изданието, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ изјави: „Романот е создаден со големи и измешани емоции во кој се преплетуваат судбините на Бошњаците од Санџак, Македонија, од дијаспората. Центар на случувањата е Горно Оризари, село во Велешко каде освен емоциите, љубовта, одмаздата и др., освен лирското во романот истиот претставува и значаен придонес за историјата на бошњачкиот народ во нашата држава.“
Во понатамошниот период планирана е и промоција на книгата, истата ќе биде достапна за продажба во книжарниците во Скопје и дистрибуирана до библиотеките.

Култура

„Раката на Господ“ на 19 август го отвора 43. ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено пред

43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на 19 август го отвора филмот „Раката на Господ“ на Паоло Сорентино, беше соопштено на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Годинава, на ИФФК ‘Манаки’, ќе имаме неверојатни филмски остварувања од најголемите светски фестивали. Имаме гости и кои сами се пријавуваат да присуствуваат на фестивалот. Прашуваа дали може да дојдат во Битола. Имаме врвни ѕвзди, како наши лауреати, имаме многу журки, забави и коктели. Мака на овој фестивал секогаш беше дали ќе имаме доволно пари за да го реализираме, па сега можам да кажам дека годинава првпат со ребалансот се обезбедени доволно пари. Оваа година ќе имаме гости студенти од најдобрите академии во Европа.

Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер, како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за ‘Оскар’, и тој е првиот што добил ‘Оскар’ зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на ‘Гладијатор’, на ‘Х-мен’, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното ‘Манаки’, каде што ќе се одвиваат документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса, која ќе биде отворена за програмата ‘Мак корнер’. Секоја вечер ќе има филмови“, рече директорот на фестивалот, Симеон (Мони) Дамовски.

Во документарната програма ќе има 10 документарни, кои се многу интересни.

„Мислевме дека треба да обрнеме внимание на пионерски потфати. Некои од најзначајните начела на кои се базира изборот се креативната храброст и посебноста на стилскиот израз и иновативноста во кинематогграфскиот пристап. Филмовите се од актуелно социјални и политички и културни теми, а се поврзани преку специфичниот филмски израз“, беше истакнато на прес-конференцијата.

Прикажи повеќе...

Култура

Бура од емоции со Лука Дебарг на Охридско лето

Објавено пред

Безвременското музичко патување што го приреди виртуозниот пијанист Лука Дебарг од Франција предизвика бура од емоции кај фестивалската публика на Охридско лето, која вчеравечер беше присутна на концертот во црквата „Света Софија“.

dobivaj vesti na viber

Беспрекорното музицирање на младиот, но исклучително талентиран француски пијанист, резултира со бурни и стоечки овации и неколку биса, а младиот уметник возврати на оддадената почит со изведба на дела од класичниот репертоар во траење од над два часа.

„Прекрасно се чувствувам, настапував во фантастично место со невидена енергија пред топла публика во овој посебен и уникатен град. Пресреќен бев што свирев вечерва тука и што добив извонредни повратни реакции од публиката. Ги свирев Моцарт, Шопен, Равел, Лист… Ова ми е последниот концерт за оваа сезона. Наредната ми почнува во септември, така што планирам наредните денови да одморам“, изјави пијанистот Дебарг.

По завршувањето на концертот, младиот уметник Лука Дебарг се фотографира и делеше автограми на публиката што чекаше во ред за да му се заблагодари за прекрасно поминатата вечер на Охридско лето.

Роден 1990 година, Лука има необичен пат до успехот. Откривајќи ја класичната музика на 10-годишна возраст, овој иден музичар почнал да ја осознава полека преку разни интелектуални искуства, кои, меѓу другото, вклучуваат и студии од областа на литературата и филозофијата.

Неговата средба со признатиот педагог Рена Шерешевскаја претставува пресвртница во неговиот живот, а нејзината визија и водство го инспирираат Лука да се посвети целосно и професионално на музиката како негова животна определба.

Прикажи повеќе...

концерти

Церовиќ: Се оствари сонот да настапам на „Охридско лето“

Објавено пред

Црногорското дуо гитари Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ вчеравечер ја воодушевија публиката на фестивалот „Охридско лето“ со својот маестрален настап во црквата „Света Софија“ .

dobivaj vesti na viber

На фестивалскиот репертоар, двајцата извонредни уметници ја изведоа Шестата англиска свита од Јохан Себастијан Бах транскиптирана за две гитари што ја снимија пред неколку години, а потоа и Свитата Троилеана од Астор Пјацола. Крајот на прекрасната вечер беше резервиран за транскрипција на музиката на Мануел де Фаља.

-Репертоарот не е оригинално напишан за гитара, но тоа е наш репертоар за дуо гитари. Гитарата е специфичен инструмент и музичкиот јазик кој е пишан оригинално за гитара на некој начин е ограничен од техничките можности на инструментот. Кога се занимавате со музика која не е наменета за гитари, се случуваат некои интеракции и важни процеси каде можете да ги спознаете можностите на гитарата кои се безгранични, рече гитаристот Данијел Церовиќ.

Ова дуо настапува заедно на престижни фестивали и во познати концертни сали низ целиот свет меѓу кои Филхармонијата во Санкт Петербург, салата „Мануел де Фаља“ во Мадрид и „Концертгебау“ во Амстердам.

-Со Горан првпат свиревме кога бевме на студии, подоцна свиревме заедно на Музичката академија во Мастрихт и всушност тогаш започна нашата соработка која трае долги години. И после мандемијата повторно се закотвуваме на нашата заедничка работа. Горан живее во Германија, а јас во Црна Гора и тешко беше да се подготвуваат нови репертоари, но во текот на оваа и следната година ќе има новитети од нас, додаде Церовиќ.

Тој не го криеше задоволството, што настапи на еден од најреномираните фестивали во Европа, фестивалот „Охридско лето“.

-За „Охридско лето“ слушав и следев што се случува уште во студентските денови и секогаш имав амбиција да дојдам и да настапам. И еве,се оствари сонот да настапам на „Охридско лето“. Кога зборуваме за регионот што е околу нас и нè поврзува, за Охрид имам посебно место во срцето, истакна гитаристот Церовиќ.

Дуото има широк репертоар кој се состои од транскрипции на „стара“ музика и оригинални композиции од XIX, XX и XXI, со особен акцент на современа музика за две гитари.

Вчерашниот концерт на дуото Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ ја исполни црквата „Света Софија“, а во редовите на публиката беше и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 минути

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина. Бајден открил...

Топ2 часа

Турски државјанин со живеалиште во Скопје осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште...

Економија5 часа

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија6 часа

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидик, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидик....

Свет6 часа

Путин прави чистка: отпуштил шест генерали, меѓу кои и Месарот од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин отпуштил шест генерали поради лошите резултати од борбените операции во Украина, јавуваат светските медиуми. Според информациите,...

Македонија7 часа

Ја нападнал екссопругата со тупаници и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не се смират

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило...

Топ7 часа

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај т.н. тајмишка...

Свет7 часа

Уште два брода со храна ја напуштија Украина

Уште два брода, едниот со пченка, а другиот со соја, денеска ги напуштија украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана....

Свет9 часа

Кина најави нови воени вежби околу Тајван

Кинеската војска за денеска најави нови вежби на море и на небото околу Тајван. Источната борбена команда на Народноослободителната војска...

Македонија9 часа

Пожарот кај селото Фурка сè уште активен

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица соопшти дека пожарот кај с. Фурка меѓу општина Дојран и Богданци сè...

Европа21 час

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет22 часа

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ1 ден

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија1 ден

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет1 ден

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија1 ден

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...

Регион1 ден

Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави...

Регион1 ден

Приведена па ослободена руската новинарка Дарија Асламова

Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, која синоќа беше однесена на Косово и Метохија,...

Свет1 ден

Зеленски: Амнести интернешнл молчи за нуклеарниот терор на руската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести Интернешнл дека молчи за нуклеарниот терор на руската армија. „ За жал,...