Контакт

Книги

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Објавено пред

Издавачката куќа во Кина Shanghai Literature & Art Publishing House го објави романот „Нишан“ на Блаже Миневски на кинески јазик во превод на Ванг Личун.

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“.

Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт

Објавено пред

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година.

На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува со мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 квадратни метра ќе бидат претставени 400 наслови од стотина македонски автори, објавени од 20-ина наши издавачки куќи. Посетителите ќе може да ја видат богатата понуда на книги за деца, стручна литература, едукативни изданија и белетристика на македонски, албански, англиски и на германски јазик.

Претставувањето на македонската делегација на најпрестижниот светски книжевен настан годинава е во знакот на промоција на нашата современа книжевност, бизнис-средби и соработки со странските партнери и промоција на нашата земја како современа културна и книжевна средина.

Првиот саемски ден ќе биде посветен на македонската литература за деца и за млади, со фокус на книгата за деца „Девојче и мече“ од Ване Костуранов (издание на „Арс ламина – публикации“), која влезе во престижната листа The White Ravens 2019.

В четврток (17 октомври) ќе се одржи т.н. македонски ден кога штандот ќе го посети министерот за култура, д-р Хусни Исмаили. Министерот, заедно со македонската делегација и претставници на МАИ, ќе оствари средба со заменик-претседателот на саемот и директор за меѓународна соработка, Тобијас Вос, на која ќе се разговара за идните планови и соработка.

Истиот ден специјален гостин на штандот ќе биде и луксембуршкиот автор Жан Бак, добитник на Европската награда за литература во 2010 година, чија книга „Аматер“ на македонски јазик е објавена во едицијата „Прошетка низ Европа“ од „Арс ламина – публикации“.
Закажани се и повеќе промоции во текот на саемските денови, како и бизнис-средби со меѓународни издавачки куќи, литературни агенти, автори и релевантни здруженија, со цел претставување на македонската книжевна продукција, унапредување на соработката и вмрежување.

Саемот на книгата во Франкфурт се смета за најголем и најпосетен настан од овој тип во светот. Тој е вистинското место за средба на експертите од оваа бранша, најголем пазар за книги, преговори за права и лиценци, каде што се разменуваат искуства, се склучуваат договори, место каде што секоја година, без разлика дали се работи за издавачи, автори, книжари, агенти, сите тие се заедно во Франкфурт во октомври и ги создаваат новите трендови. Годинава земја почесен гостин е Норвешка.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со повеќе од 7.500 излагачи од 110 земји, околу 285.020 посетители и 139.460 трговски посетители. Има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари вклучувајќи и 2.000 блогери.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен антологиски избор од младата македонска поезија во Словенија

Објавено пред

Минативе денови во издание на Македонското културно друштво Македонија од Љубљана од печат излезе збирката (Не)пар / (Ne)par: Dvojezični izbor sveže makedonske literature, антологиски избор на младата македонска поезија.

Во изборот се вклучени вкупно 22 песни заедно со био-библиографски белешки од македонските поети: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач. Промоцијата на изборот (Не)пар… ќе се случи на почетокот од декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Малиот принц“ за само 100 денари ќе биде достапна во 750 трафики низ целата држава

Објавено пред

„Малиот принц“ е приказна која нè потсетува дека е многу потешко да си судиме себеси отколку да им судиме на другите. Ако успееме да се разбереме вистински, тогаш навистина сме личности со вистинска мудрост.

Нурнете во филозофска дискусија за љубовта, пријателството и животот.

„Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери е приказна [to  се пренесува од генерација на генерација откако е објавена, пред повеќе од 60 години. Оваа бајка е повеќе од книга за деца: „Малиот принц“ е лекција за животот.

„Малиот принц“ е безвременска приказна. Нè навраќа на детството, фантазијата и неизбежноста да се порасне. Пилотот во приказната ја губи нишката со детето во себе. Потребна е авионска несреќа, престој во пустина и време поминато со малиот принц за да повторно го пронајде детето во себе. Читајќи ја никогаш нема да почувствувате дека е пишувана за деца.

„Малиот принц“ содржи безброј животни лекции – ќе научите за љубовта и смеата, за соживување и дружење. Книга која морате да ја прочитате неколкупати во вашиот живот.

„Малиот принц“ нé учи за грижата кон другиот – самиот грижејќи се најдобро што може за својата сакана роза. Давајќи го своето време и трпение, учи како вистински да се грижи за неа. Времето потрошено за твојата роза е она што ја прави да биде значајна.

Се надеваме дека ќе уживате во нашиот избор за втора книга во оваа колекција и ќе го разбудите детето во себе или, пак, во вашите најблиски.

Ова оригинално издание, со промотивна цена од 100 денари ќе биде достапна во повеќе од 750 трафики низ целата земја, од 10 до 26 октомври. При купување на дневен печат, оваа книга промотивно ќе можете да ја купите за само 100 денари!

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија12 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија14 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа16 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија17 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија18 часа

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија19 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија19 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет20 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион21 час

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија21 час

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет23 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет23 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет23 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион24 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа24 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија1 ден

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет2 дена

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија2 дена

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа2 дена

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Досие