Контакт

Книги

Романот „Продавачот на сладолед“ објавен на македонски јазик

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавен романот „Продавачот на сладолед“ од финската авторка Катри Липсон. Делото ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2013 година, а го преведе Искра Бадева.

Објавено е со поддршка на Министерството за култура и Европската Унија со програмата „Креативна Европа“, во рамките на проектот на издавачот „Време е за книга“.

Катри Липсон, по многу истражувања, со голема вештина и неверојатно познавање, создава фикција и љубовни стории во чија заднина се бурните настани во Чехословачка во четириесеттите години од 20 век и подоцна.

Барајќи спас во виорот на Втората светска војна, Естер тргнува со непознатиот маж Томаш, како негова сопруга, барајќи мирно место во провинцијата. Нивното патешествие го снима режисер, којшто сака да го имитира реалниот живот создавајќи филм без претходно напишано сценарио, филм во кој актерите ја учат приказната и своите улоги движејќи се за време на снимањето.

На овие настани се надоврзува судбината на Јан, синот на Естер, кој  е студент во Прага и е потресен од самозапалувањето на студентот Јан Палах за време на советската воена интервенција во Чехословачка, во 1968 година. Разочаран, тој бега во Шведска, каде што се жени во еден поинаков, западен и декадентен свет.
По дваесет години, пак, нивната ќерка Гунила се враќа во родниот град на таткото Јан, во независната држава Чешка, за да се открие себеси. Судбината на измислените херои станува повистинска од самиот живот. Нишките на историските и личните судбини се преплетуваат.

Авторката Катри Липсон (1969) е родена во Хелсинки. Завршила медицина во Шведска во 1993 година и како лекар почнала да работи во Африка. Нејзиниот прв роман, „Космонаут“, објавен во 2008 година ја добил највисоката книжевна награда во Финска. „Продавачот на сладолед“ е нејзин втор роман и ја доби престижната европска книжевна награда во 2013 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

Објавено пред

По изданието на македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева од една од најпознатите европски издавачки куќи „Трамунтана“, ова детско издание ќе може да се чита на шпански јазик и во сите држави во Латинска Америка, како и во САД. Илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро, а сликовницата е издадена на шпански и на каталонски јазик и веќе неколку месеци може да се најде во книжарниците во цела Шпанија.

„Џиновска продавница за фантазии“ беше промовирана во 2019 година во издание на „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“.

Оваа книга ја претставува детската фантазија сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна и максимално креативна. Главниот протагонист е Џинот, кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. Оваа сликовница се разликува од другите по својот џиновски формат. Дополнително, станува збор за второ издание за деца на Георгиева, на која ѝ претходи сликовницата „Ото, Ото и Ото“.

Бистра Георгиева и Моника Каретеро, која е една од најпознатите европски илустраторки, соработуваат вторпат. Само еден сегмент од биографијата на Каретеро е дека таа е авторка на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и во САД, а добитничка е и на повеќе престижни награди, меѓу кои за најдобра книга на лондонскиот и шпанскиот саем на книги.

Прикажи повеќе...

Книги

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Прикажи повеќе...

Книги

Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Објавено пред

Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

„Шега“

„Шега“ е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка. Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникливост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина… „Шега“ се вбројува во стоте книги на векот според „Монд“.

„Животот е на друго место“

Романот „Животот е на друго место“ е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).

„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“, се вели во поговорот од Франсоа Рикар.

„Проштален валцер“

Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш Дон Жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја… Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“.

Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

„Смешни љубови“

„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Македонија7 часа

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија8 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија9 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија10 часа

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија10 часа

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион14 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион14 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет14 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион15 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет15 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа15 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет16 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ2 дена

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија2 дена

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа2 дена

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет2 дена

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Досие