Контакт

концерти

„Романса“ со врвната виолинистка од Кореја, Сојанг Јун, во Македонската филхармонија

Објавено пред

„Романса“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи в четврток, 18 април, со почеток во 20 часот.

Како солистка ќе се претстави врвната виолинистка од Кореја, Сојанг Јун, која ќе го изведе виртуозниот Концерт за виолина и оркестар од Јоханес Брамс. Сојанг Јун, добитничка на престижни награди, која се смета за една од најдобрите виолинистки на новата генерација, првпат доаѓа во Скопје.

Диригент на концертот е извонредниот Михал Нестерович од Полска, а оваа вечер ќе биде изведена и прекрасната Петта симфонија од англискиот композитор Ралф вон Вилијамс, која ќе ја доживее македонската премиера.

Изведбите на виолинистката Сојанг Јун, која е една од водечките виолинисти и камерни музичари на својата генерација, се опишани од критиката како „високо дисциплинирани“ („Грамофон“) или „техничка совршеност која секогаш е во служба на музиката“ („Гардијан“). Сојанг Јун е добитничка на први награди на престижните натпревари „Јехуди Мењухин“ и „Хенрик Виењавски“, како и на сребрен медал на натпреварот во Индијанаполис. Како солист настапува со водечки оркестри, меѓу кои: Германската филхармонија на Бремен, Оркестарот на Елбфилхармонијата, Рускиот национален оркестар, Кралскиот филхармониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Берн, Симфонискиот оркестар на Трондхајм, Камерниот оркестар на Цирих итн., соработувајќи со музичари како: Кшиштоф Пендерецки, Ивор Болтон, Кшиштоф Урбански, Мухаи Танг, Максим Венгеров и Михал Нестерович.

Оваа година Јун ќе настапи во Карнеги хол во Њујорк, берлинскиот Концертхаус, како и со Симфонискиот оркестар на Сингапур и на турнеја низ Германија со Прашката филхармонија.

Во соработка со Корејскиот камерен оркестар, Сојанг има издадено носач на звук со „Годишните времиња“ на Пијацола и Концертот за виолина и оркестар од Феликс Менделсон, притоа настапувајќи со оркестарот на турнеја низ Азија, Европа и Северна Америка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Концерт на учесниците на семинарот по виолина на Ана и Олег Кондратенко

Објавено пред

Утре ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот по виолина на Ана и Олег Кондратенко, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба. Концертот е во соработка со Музичка младина на Македонија, а влезот е слободен.

Повеќе од десет години по ред, почнувајќи од 2009 година Музичка младина на Македонија во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за повеќе возрасти, под раководство на познатите педагози и концертни музичари Ана и Олег Кондратенко, семинар кој веќе побудува интерес кај младите виолинисти од нашата земја, но и од странство.

Оваа сесија на мајсторската виолинистичка школа до пред неколку години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје. Во неа учествуваат можеби најдобрите млади виолинисти од нашава земја, коишто низ перманентното изучување  нови програми истите ќе ги презентираат не само низ концертот на Скопско лето, туку и понатака на концертите кои ќе следат во сезоната 2019/20 во земјата и во странство.

Исто така, ќе се одржи проекција на филмот „Море од жито“ (MARE DI GRANO) (2018), Италија, со почеток во 21:00 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Билети за проекцијата може да се купат пред самиот почеток на истата, на влез на Сули ан, по цена од 100 денари.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Тамара Тодевска во Охрид

Објавено пред

Тамара Тодевска на 27 јули ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид.

„Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па сè до извонредните настапи со ‘Proud’ околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија“, велат од „Авалон продукција“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, 3 јули, во 9 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цени од 500, 600 и 700 денари.

Прикажи повеќе...

концерти

Премиера на „Квази бурлеска“ од Пандевска, со Дуња Иванова на пијано и групата „Светлост“

Објавено пред

Пијанистката Дуња Иванова, заедно со музичката формација „Светлост“, задутре во паркот „Ибни Пајко“ со почеток во 21:30 часот премиерно ќе го изведат делото „Квази бурлеска“ за пијано и инструментален состав, од македонската композиторка Ана Пандевска.

Овој концерт е во продукција на „Слобода филм“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на РСМ и општина Центар, а како дел од годинешното 40. издание на „Скопско лето“.

Ана Пандевска е автор е на солистички, камерни, хорски и симфониски дела кои опфаќаат различни музички правци и жанрови, како минимализам, фолклор, џез, електроакустична и амбиентална музика. Како редовен член на СОКОМ добитник е на повеќе награди за класична композиција.

Дуња Ивановска е магистер по пијано и доктор на филозофски науки. Концертира во Њујорк, Париз, Сараево, Тирана, Рагуза, Приштина, на Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонската музика, Музика вива, Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Winter Apricots. Посветува рецитали на музиката на Прајснер, Глас, Еинауди, Перт, Сакамото, Најман, Рајли, Рајх, Сапин, Федел, Бан, Тирсен.

„Светлост“ е музички колектив основан во 2014 година и флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион4 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет4 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија5 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа6 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија13 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија14 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија16 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион18 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија20 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија23 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија24 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија1 ден

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Досие