Контакт

Актуелно

Романската поетеса Ана Бландијана добитничка на „Златен венец“ за 2019 година

Објавено пред

Добитник на „Златен венец“ за 2019 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е романската поетеса Ана Бландијана. Одлуката ја соопштија Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) на денешната Свечена седница, која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Наградата на годинашната лауреатка ќе ѝ биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинашното издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 21 до 28 август.

„Една од најценетите современи европски авторки, Ана Бландијана (псевдоним зад кој се крие името на Отилија Валерија Коман), е припадничка и претставник на поетската генерација од 60-тите години, која е заслужна за афирмацијата на модернизмот во романската литература и поезија. Поезијата на Бландијана не флертува со помодното и површно допадливото пишување, таа е критички настроена и суштински загрижена поради губитокот и отсуството на слобода во современо-историската бездна, сред која е стаписано човештвото… Како што сведочат книжевно-критичките реакции и одгласи ширум Европа – творештво на Ана Бландијана претставува значен придонес во збогатувањето на изразните потенцијали на современата литература, како и витален поттик за ревитализација на нејзината благородна мисија во едно сурово време, какво што е нашето“, образложувајќи ја одлуката, нагласи проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, еден од најреномирани и најстарите поетски фестивали во светот.

Местото кое Ана Бландијана (родена во Темишвар, Романија, во 1942 година) го зафаќа во книжевниот живот на Романија може да се спореди со она на Ана Ахматова во Русија или Вацлав Хавел во Чешка. Таа е високопризнаена фигура во романската книжевност и има напишано 17 стихозбирки, две книги фантастична проза, девет книги есеи и еден роман. Нејзиното дело е преведено на 25 јазици и претставено во 80 книги поезија и проза.

Бландијана дебитираше во шеесеттите години. Таа припаѓа на генерацијата романски неомодернисти, беше истакнат противник на режимот на Чаушеску, а нејзините храбри и искрени песни, како и храбриот став во одбраната на етичките вредности, ја претворија во легендарна фигура во романската литература.

 

Бландијана е почесен доктор на науки на четири романски универзитети: Универзитетот Де Вест, Темишвар (2014), Универзитетот Клуж (март 2015), Универзитетот на Галац (2016), Универзитетот „1 Декември 1918″ Алба Јулија (2018).

Според лауреатката, „Златен венец“ на СВП е поважен од која било друга награда и веста за признанието кај неа предизвикало горечка возбуда, бидејќи нејзиното креативно созревање е обележено токму од овој фестивал во земјата на која, како што вели, чекорел Орфеј.

„Навистина не знам како да ја изразам возбудата што ја почувствував кога ја добив прекрасната вест дека ќе ми го доделите ‘Златниот венец’ во Струга. За да разберете што чувствував, треба да знаете дека за мене, како романски поет, овој легендарен венец е поважен од која било друга европска награда. И тоа не само затоа што е една од најстарите книжевни награди во светот, туку затоа што пораснав и станав поет под речиси митската аура на поетскиот фестивал крај Струшкиот мост и во Орхидската катедрала и крунисувањето на Никита Станеску беше магичен момент на мојата генерација. Во светот во кој војните, револуциите и промената на историјата и географијата оставија малку простор за поезијата, наградата ‘Златен венец’ опстои шест децении на преминот меѓу два века и со помош на лирата и лаврите се спротивстави на сите видови оружја и со љубовни зборови се спротивставува на сите видови омраза. Веќе педесет и осум години големите светски поети што ги избравте благодарно доаѓаа во оваа земја, по која чекореше Орфеј, осветлени со верата дека убавината ќе го спаси светот и дека нивното присуство може да го втисне во духот на Европа обликот на Струшкиот венец“, порачува годинашната добитничка на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во своето поздравно обраќање.

Актуелно

Видеопроекција како благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Објавено пред

ЈУ Универзална сала и Фестивалот на светлината Skopje Light Art District, во рамките на проектот на Град Скопје, „Култура во време на корона“, во знак на благодарност изработија видео инсталација.

Со видеопроекцијата на влезот на Универзалната сала се искажа благодарност до сите поединци и групи што периодов работеа и уште напорно работат во светот и се во првите борбени редови против пандемијата на новиот коронавирус.

Сите тие се главните фактори што го овозможуваат функционирањето на државите и економмиите.
Видеоинсталацијата е направена од пријатели и соработници на Skopje Light Art District, а пораките за благодарност во видеото се испишани на повеќе светски јазици.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Креативна Европа медија“ со поддршка за „Македокс“ и најновиот филм на „Сестри и брат Митевски“

Објавено пред

Агенцијата за филм соопшти дека фестивалот „Македокс“ и новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“ добија финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа медија“, која го финансира аудиовизуелниот сектор во Европа.

„Најсреќниот човек на светот“, новиот филм во развој на продукцијата „Сестри и брат Митевски“, режија на Теона Стругар-Митевска, ја доби поддршката од „Креативна Европа медија“ во износ од 30.000 евра на повикот „Развој на проекти“.

Филмот е по сценарио на Теона Стругар-Митевска и Елма Татарагиќ и ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал пред повеќе продуценти, дистрибутери, продажни агенти и фестивалски селектори како дел од програмата за развој на проекти „Ателjе“.

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ ја доби и првата награда за развој на проект од „Еуримаж“ во висина од 20.000 евра во рамките на маркетот „Синелинк“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ петта година по ред доби поддршка од „Креативна Европа медија“ на повикот за фестивали.

Поддршката за „Македокс“ се однесува за изданието во 2020 година и изнесува 27.000 евра. Фестивалот „Македокс“ веќе го најави и партнерството со три фестивали на документарен филм („ДОК.фест Минхен“, „Докс Барселона“ и ФИПАДОК), со кои заедно ја формираат мрежата „Фест докс нетворк“. Партнерството меѓу овие четири клучни фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и промоција на исклучителните креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Соработниците и пријателите со емотивно видео во чест на роденденот на Горан Стефановски

Објавено пред

На денешен ден, пред 68 години, во Битола е роден Горан Стефановски.

Состојбата предизвикана од кризата поради коронавирусот го спречи одржувањето на собирот по повод роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи, чии дела се длабоко вкоренети во културниот идентитет на земјата.

Настанот требаше да се одржи во неговото омилено Дебар Маало, а меѓу другото, Општина Центар и неговото семејство планираа и поставување клупа со седечка скулптура на Горан Стефановски.

За жал, затворањето на границите спречи клупата да пристигне од Англија, така што таа ќе биде поставена кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.

Со цел достоинствено одбележување на роденденот на драмскиот писател изработено е видео во кое некои од неговите блиски соработници и пријатели говорат за големината и значењето на Стефановски.

Емотивните сведоштва на неговиот брат – гитаристот Влатко Стефановски, режисерот Слободан Унковски, драматургот Дејан Дуковски и актерите Благоја Чоревски и Јовица Михајловски автентично ги доловуваат духот и харизмата на Горан.

Во видеото е содржан и монолог од неговата драма „Огнени јазици“, во изведба на актерот Драган Спасов – Дац.

Стефановски почина на 27 ноември 2018 година во Кентербери, Англија.

Автор е на триесетина драмски текстови, меѓу кои: „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“… Беше и дел од тимот што ја создаде легендарната ТВ-серија „Бушава азбука“.

Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Италија бара 60.000 доброволци кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија1 час

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет2 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа2 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет3 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет3 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа4 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија7 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија9 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет9 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион10 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија10 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија11 час

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија11 час

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион11 час

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет24 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа1 ден

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа1 ден

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Досие