Контакт

Култура

Романтична вечер со Виолета Егорова на „Охридско лето“

Објавено пред

Извонредната руска пијанистка Виолета Егорова синоќа приреди неповторливо доживување на „Охридско лето“ одржувајќи концерт во рамките на музичката програма на фестивалот.

Егорова фасицинира со концертниот артизам. Со внимателно избраниот репертоар, со нејзината музичка интерпретација што подразбира неверојатна леснотија и префинета техника, ги разбранува чувствата кај фестивалската публика која уживаше во романтичната вечер.

„На сцената во црквата ‘Света Софија’ има прекрасни акустични ефекти. За концертот подготвив програма од западни композитори, а исто така и дела од руски композитори. Донесов романтични дела за публиката“, вели Егорова.

Виртуозното мајсторство врз пијаното започна со Импромпти оп. 142 бр. 3 B-dur од Франц Шуберт, а потоа продолжи со четирите пиеси за пијано од Јоханес Брамс, баладата број 4 во ф-мол од Фредерик Шопен. За да биде комплетна романтичната вечер со пијано, Егорова ги изведе и сонатата „сеќавање“ од Николај и 24 прелудиуми од Александер Скрјабин.

Целокупниот амбиент каде што настапи, според неа, е совршено место кое инспирира и придонесува за достигнување високи уметнички дострели.

„Ми требаше само мал разглед за да го засакам градот.Прекрасен поглед, прекрасно езеро, пријатна атмосфера и совршено место за уметнички дострели. Не настапувам често во регионот на Балканот. Свирам во Италија и Германија, но за фестивалот ‘Охридско лето’ знам откако паметам за себе“, додава Егорова.

Лауреатот на бројни интернационални награди Виолета Егорова другарува со пијаното од четиригодишна возраст, а своето деби го има на свои 12 години со целовечерен рецитал. Предава пијано на Академијата „Рахмањинов“ во Катанија каде што е претседател и основач на интернационалната награда „Сергеј Рахмањинов“. Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал „Концертфест“ во Москва и е активен член на Интернационалната академија за информатизација, која има консултативен статус при Обединетите нации од 1995 година.

Изложби

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на култура „Илинден“

Објавено пред

Утре со почеток во 12 часот, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија, Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, со околу 40-на дела.

Прикажи повеќе...

концерти

„Охридско лето“ утре одбележува 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Објавено пред

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт посветен на јубилејот, 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски.

На авторската вечер посветена на творештвото на Томислав Зогравфски учество ќе земат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, Марјан Милошевски на фагот, Ристо Ѓоревски на кларинет, флејтистката Билјана Камчева и Гудачкиот квартет „Зографски“.

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Томислав Зографски претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето на нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност каде бил декан и продекан.

Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија,Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија,Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија.

Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казакстан, Русија, Швајцарија, Србија и Кина.

Прикажи повеќе...

концерти

Младиот пијанист Величков се претстави на „Охридско лето“

Објавено пред

Mладиот и талентиран пијанист Димчо Величков од Бугарија кој со пијаното другарува уште од шестгодишна возраст синоќа се претстави на фестивалот „Охридско лето“ музицирајќи под сводовите на црквата „Света Софија“.
Лауреатот, победникот на многу натпревари за млади пијанисти, вечерта ја започна со Прелудиум. Опус 3 бр.1 од Сергеј Рахмањинов, а ги изведуваше и делата за пијано од синоќешната програма.

„На фестивалскиот репертоар се претставив со композиции од Сергеј Рахмањинов,со Етидитите на Александар Скрјабин, како и со композиции од Модест Мусоргски. Исто така, свирев и дела од двајца бугарски композитори, Красимир Кјуркчијски и Александар Владигеров. Со пијаното сум од мојата шестгодишна возраст и се надевам дека публиката беше задоволна од она што јас го научив во изминатите години“, рече младиот уметник Величков.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.

Во 2002 година, Величков настапува во салата „Бугарија“, а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија.

Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано.

Веќе трета година тој е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.

„Студентите се малку помлади од мене и многу добро се согласуваме. Јас го давам максимумот од себе да им го предадам целото мое знаење и вештини, и се надевам дека успевам во тоа“ појаснува Величков.

Извонредниот уметник првпат настапува на„Охридско лето“ и како што вели, голема е честа да се настапува на еден ваков фестивал којшто ги носи најголемите уметнички имиња од светот на класичната музика.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ57 минути

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Како што соопшти полицијата, возачот изгубил...

Македонија1 час

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР телото...

Свет2 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија2 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа2 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет3 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија14 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет15 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет16 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија16 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет16 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт19 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија23 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион23 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Досие