Контакт

Изложби

Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во Софија

Објавено пред

Денеска со почеток од 18:30 часот во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена самостојната изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија.

Изложбата е составена од над триесет ликовни дела од областа на сликарството со кои авторот, со внесување на повеќе колорит, се обидува да изгради позитивен поглед кон светот и животот. Посетителите на КИЦ во Софија, на ул. „Обориште“ 7, ќе имаат можност да ја видат оваа изложба до 10 септември 2019 година.

Tасим Кадрија е роден на 1 август 1961 во Слупчане, Северна Македонија. Основното училиште го завршил во ОУ „Јета е ре“, во село Слупчане. Средното образование го завршил 1981 година во Куманово, во гимназијата „Гоце Делчев“.

Во 1982 година се запишал на Факултетот за ликовна уметност. Завршил „Ликовна педагогија“ во 1984 година на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски. Во 2006 година се запишал повторно на Факултетот за ликовна уметност и во 2008 година завршил „Сликарство“ на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Рубенс Корубин.
Од 1984 година е вработен како наставник по ликовно образование во ОУ „Фаик Коница“ во село Слупчане до ден денес.
Свои три самостојни изложби во 2017 година поставил во бугарските градови Варна и Карлово.

Има учества во групни изложби низ градовите на Северна Македонија: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гостивар, како и во с. Слупчане. Исто така, има учества во изложби низ градовите на Бугарија: Софија, Велико Трново, Смолјан, Јамбол, Севлиево и град Елена.

Изложбата е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и е потпомогната од Министерството за култура на Северна Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија11 секунди

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување...

Забава3 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија22 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава34 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија44 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа46 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт48 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа51 минута

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет55 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...