Контакт

Изложби

Самостојна изложба на Ангелина Поповска во Куманово

Објавено пред

Денеска, со почеток во 20 часот, во изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ Куманово, ќе биде отворена самостојна изложба со наслов Landscapes нa авторката Ангелина Поповска.

Поповска е родена 1967 година во Ѓеорги Ѓеоргиу-Деж, Романија. Во 1991 година ги завршува студиите на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професор Симон Шемов. Во 2005 година магистрира на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија, на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелaјни слики под менторство на професор Гордана Кусовац и професор Светислав Николиќ. Во 2012 година докторира на Институтот за национална историја во Скопје под менторство на д-р Димитар Ќорнаков и професорот Драган Булатовиќ.

Од 1993 година редовно работи во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје во лабораторијата за конзервација на икони.

Aнгелина Поповска остварува повеќе групни и самостојни изложби во земјата и странство и повеќе први награди.

Изложбата Landscapes е содржина на 20-ина дела изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивните материјали и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка.

Изложбата е подржана од Министерство за култура и за посетителите ќе биде отворена до 28 септември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложбата „Во земјата на змејовите” доаѓа во Скопје

Објавено пред

По турнејата од неколку европски градови, од утре до 21 април изложбата „Во земјата на змејовите“ стигнува и во Скопје.

„Во земјата на змејовите“ е оригинална изложба, единствената од овој вид во однос на поставка и на изработка. Оваа изложба ги претставува змејовите на сопствен креативен начин.

Изложбата се состои од огромни скулптури на змејови, џиновски јајца на змејови, витешки оклопи и други разоткривања на мистеријата. Изложбата ќе биде претставена во Скопје сити мол, а во рамките на програмата ќе се организираат и едукативни тури за најмалите секој петок од 18 до 20 часот, сабота и недела од 13 до 15 и од 18 до 20 часот каде ќе дознаат многу нешта за овие чудесни суштества, како и работилници за деца кои ќе се одржуваат секоја сабота и недела од 12 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Асемантички записи“ – изложба на Ивона Тричковска во МКЦ

Објавено пред

На 28 февруари, четврток, со почеток во 19 часот, во Галеријата МКЦ ќе се отвори изложбата на Ивона Тричковска -„Асемантички записи“.

Изложбата „Асемантички записи“, премиерно реализирана во Виена (2018), е своевиден авторски work in progress на еден специфичен ликовен јазик во кој доминира текстуалниот графицизам на платна со нагласена ѕидна монументалност во совладувањето една визуелна целина во просторот. Слободните мурални платна претставуваат полуапстрактни текстуални записи испишани на јазикот на асемантиката имајќи предвид дека не само текстуалните инскрипции туку и гестуалните, неформални траги, имаат своевидна знаковна носивост, извесна јазична текстура.

Ивона Тричковска дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Вработена е во Националниот конзерваторски центар – Скопје како виш конзерватор – реставратор на иконописни дела. Учествува на неколку изложби, ликовни колонии, семинари и презентации во Македонија и странство.

Прикажи повеќе...

Изложби

Jазикот на топлината во делата на уметникот Дејан Мачуков

Објавено пред

Дваесет и четиригодишниот ликовен уметник Дејан Мачуков во своето творештво се обидува да прикаже дека не вреди да се барат материјалните богатства во животот додека не се откријат тие од природата.

„Детски крик“ 2018, 60×70цм, комбинирана техника

Мачуков живее во Богданци, каде во моментов работи како професор по ликовна уметност во средно училиште. Паралелно тој се занимава и со својата апстрактна-експресионистичка уметност, со која работи на серија насловена „Топлина“.

„Мечтаење“ 2018, 60×75цм, комбинирана техника

„Oваа тема има за цел да презентира едно истражување на нашите сетила, односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата без разлика на тоа како изгледаат во реалноста“, вели младиот уметник.

„Последно лето“ 2018, 60×75цм, комбинирана техника

Преку бојата во совите дела, Манчуков го разоткрива јазикот на топлината, како посебен дар од природата.

„Од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои минуваат преку мене за вечно да ги заробам на моето платно и да станат сведоци на моето постоење“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ4 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија4 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија4 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија5 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија5 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија8 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ9 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ9 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија10 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија11 час

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија1 ден

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет1 ден

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие