Контакт

Култура

Самостојна изложба на Ервин Ќатовиќ во „Мала станица“

Објавено пред

Уште една изложба ќе биде поставена во „Мала станица“ од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Станува збор за претставување на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Србија. На отворањето пред публиката ќе се обратат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова-Ќерими, и кураторката Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

dobivaj vesti na viber

Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, со наслов „Градина“, во Националната галерија првпат ни го открива неговиот импозантен творечки опус. Лирскиот апстракционизам во комбинирана техника, преку наплив на колоритен израз, ни го фокусира погледот во длабочината на насликаното платно. Темата ни ја предава со композициско значење и живописно нѐ води во креативната сензација на реалниот свет. Тоновите се движат во богата палета на светли и темни, од нијанси на темнокафеави, бургундско црвени до масивни нијанси на јарко црвени тонови, нијанси на жолта и смарагдна до виолетова боја. Формите во композициите личат на емоционален или интинуитивен образец, со паралелна разновидност.

Тематски, Ќатовиќ нѐ води кон натуралистичка тенденција, репрезентативно отсликувајќи ја реалноста со користење низа апстрактни моменти. Чувството на леснотија во потегот е повеќе од извесно и успешно нѐ води во хоризонтален формат, каде што темните бои, што асоцираат на животното искуство, се претопуваат во просторот и времето, во жанровски реален состав. Спротивно на ова, композицијата се кохезира со јаркиот тоналитет во разбирањето на помоќното и попрецизно уметниково изразување. Неговите понови слики се на бела заднина со изблик на зелено-модар до окер-пристап. Боите во композицијата нѐ внесуваат во длабочините на употребените симболи и фрагменти од линии и вертикали, дури и геометриски форми, што води кон испреплетена разновидност.

Сликарството во оваа „Градина“ на Ќатовиќ ни ја доближува неговата природа на радост, топла лирика и емпатија, каде што преку јазикот на уметничкиот израз ја обликува општата идеја на условно асоцијативните рефлексии.

Изложбата на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ ќе содржи дваесетина слики во техника акрил на платно, изработени повеќето во периодотт од 2022/2023 година и неколку дела од постариот творечки опус.

Куратор, Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

ЕРВИН ЌАТОВИЌ
Роден е на 12.9.1966 во Приштина. Факултетот за ликовна уметност и постдипломските студии ги завршува на Факулетот за ликовна уметност во Приштина (Р. Косово). Своите студиски претстои и обуки ги реализира во Италија и Франција. Работи како редовен професор на Факултетот за ликовна уметност во Звечани при Универзитетот во Приштина, со привремено седиште во Косовска Митровица. Редовен професор е на Катедрата за уметност при Државниот универзитет во Нови Пазар (Р. Србија), а од 1999 година работи и како визитинг-професор на Педагошката академија во Белград (Р. Србија).

Има остварено над триесет самостојни изложби во регионот и пошироко: Берлин, Тиват, Подгорица, Нови Сад, Сараево, Сомбор, Ниш. Добитник е награди од областа на сликарството на Биеналето на млади во Нови Пазар. Како истакнат студент добитник е на наградата „Златна палета“ на Здружението на ликовните уметници на Србија во 2019 по повод 90 години јубилејот на друштвото. Добитник е на признанија и благодарници од Српската академија на наукитте и уметностите во 2009 година.

Култура

Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и Балет

Објавено пред

На сцената на Националната опера и Балет на 7 декември 2023, со почеток во 20 часот, концертно ќе се изведе моќната „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

dobivaj vesti na viber

Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Наде Талевска, сопран; Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.

Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на многубројната публика, која постојано ја бара на тековниот репертоар.

Прикажи повеќе...

Култура

Недела на полскиот филм во Кинотеката

Објавено пред

Од 06 до 10 декември 2023 во Кинотеката ќе се одржи Недела на полски филм. Ревијата ќе започне со прикажување на филмот ИО на Јержи Сколимовски.

dobivaj vesti na viber

ИО е последниот филм на Јержи Сколимовски, легендата на полското и Европското кино. Тој со овој филм покажува дека има уште што да каже. ИО е еден од неговите најоригинални и визуелно најинвентивни филмови во неговата шеесетгодишна кариера. Филмот ја освои наградата од жирито на 75-то издание на Канскиот филмски фестивал и влезе во потесниот избор на наградата „Оскар“ за најдобар странски филм во 2023 година.

Полскиот режисер Јержи Сколимовски има кариера која трае повеќе од 60 години, чии филмови од шеесетите години на минатиот век се сметаат за најава на новите естетски тенденции во полската кинематографија. Токму во тоа ќе можат да се уверат филмофилите гледајќи ги неговите филмови во првата половина на месецов. Она што е за одбележување е проекцијата на можеби најценетиот филм на Сколимовски Рацете горе, за товарот на сталинистичкото минато на Полска, забранет за прикажување во земјата цели 18 години, а неговиот последен филм, ИО, еден од неговите најоригинални и визуелно најинвентивни филмови со кој Сколимовски покажува дека има уште што да каже.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

Објавено пред

Овој четврток, 7 декември, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно. Концертот е насловен „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек -дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола…

dobivaj vesti na viber

Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на Одделот за диригирање (класа на проф. Фимчо Муратовски), а во 1993 година на Одделот за композиција (класа на проф. Властимир Николовски). Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург, на конзерваториумот “Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје, во класата на проф. Гоце Коларовски.

Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес…). Паралелно со ова, активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Денови на македонската музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија.

Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност. Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Бескрајната творечка љубопитност подоцна го води и во други творечки правци – минимализмот, џезот, фолклорот, не само на сопствената земја туку и на другите народи од различни континенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Велешанецот е ‘прометна жртва’ за да му се одземе ‘ситроенот’ и поради долг од 500 евра“, вели обвинителот

Велешанецот Панче Жежовски имал долг од 500 евра, а според обвинителот Гаврил Бубевски, тој е „прометна жртва“. „Не можам до...

Македонија3 часа

Бубевски за причината за грабнувањето на Вања: Проверуваме дали средствата од станот што го продала мајката се мотив   

Откога двајца од осомничените кажале дека информациите за времето и местото кога убиената Вања ќе излезе сама од дома ги...

Македонија3 часа

Таткото јавил кога Вања ќе излезе од дома, ја грабнале од влезот на зградата за да изнудат пари од мајката

Таткото на киднапираното, па убиено 14-годишно девојче, споделил со убијците информации кога и како Вања ќе излезе од дома за...

Македонија3 часа

Спасовски: Со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење ја ставиле во багажникот

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека ова е изолиран случај и дека нема врска со јавната безбедност генерално....

Македонија4 часа

Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејство“,...

Македонија5 часа

(Видео) Спасовски и Бубевски за убиството на 14-годишната Вања

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил...

Македонија5 часа

Демократскиот сојуз: Владата да прогласи ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи

Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи. ДС бара темелна...

Македонија5 часа

„Бруталното убиство на Вања е пораз за целата држава, оставка на Спасовски веднаш“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за целата држава. Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста...

Македонија6 часа

Пронајдени залутани деца на Средно Водно

На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во предел на...

Македонија6 часа

48-часовен притвор за тројцата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен...

Македонија14 часа

Апасиев го откажа учеството на лидерската средба: Треба да биде ден на жалост, а не лидерска за датум за избори

Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори, вели претседателот...

Македонија14 часа

Taткото на Вања во полициска станица, досега не е побаран притвор

Таткото на 14-годишната, Вања Ѓорчевска, по која се трагаше цела недела, а чиешто тело беше најдено денеска, се’ уште е...

Македонија16 часа

Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Истите лица кои стојат зад убиството на 14-годишната Вања по која со денови трагаше целата држава, се осомничени и за...

Македонија17 часа

Вања е пронајдена мртва – била убиена дента кога исчезнала

Во околината на Скопје пронајдено е безживотното тело на малолетната Вања Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27 ноември,...

Економија1 ден

(Видео) Кузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари...

Свет1 ден

Нов силен земјотрес на Филипините, повторно издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, а веднаш беше издадено предупредување за цунами....

Топ1 ден

Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје...

Македонија1 ден

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само...

Свет1 ден

Мистерија нерешена 14 години: го избришал своето минато, а потоа бил пронајден мртов

Во јуни 2009 година, човек по име Питер Бергман беше пронајден мртов на плажа во Ирска.Слаб маж облечен во црно...

Европа1 ден

(Видео) Напаѓач уби турист кај Ајфеловата кула и нападна уште двајца, извикал „Алах акбар“

Маж е убиен, а двајца повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер...