Култура
Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција.
На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други.
Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.
„Оваа номинација е признание за иновативноста и креативниот пристап кон користењето на вештачката интелигенција за кокреација на заокружено филмско дело во кое сите елементи – визуелни, текстуални и музички – се создадени со помош на вештачка интелигенција“, изјави Попоски.
Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе светски награди за уметност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
По 11 успешни детски театарски претстави Скопје Сити Мол и Синеплекс најавуваат продолжување на Мој театар – Сити театар наесен

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента. Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Мол го организираше во партнерство со Синеплекс.
Во текот на 11 недели најмладите во Синеплекс киното можеа да проследат интерактивни, иновативни и едукативни детски театарски претстави со различни приказни и музика во живо. Освен забавува и едукација, со посетите на Мој театар – Сити театар, децата имаа можност и да ја развиваат хуманоста бидејќи средствата од продажбата на билетите се наменети за донација.
„Чест ни е што најмладите ја препознаа нашата заложба да им обезбедиме незаборавно искуство преку кое тие учат, се едуцираат, но и ја развиваат љубовта кон театарската уметност. Заради огромниот интерес кај најмладите покрај планираните десет претстави, беше организирана дополнително уште една единаесетта претстава. Скопје Сити Мол не застанува тука, по заслужениот летен одмор Мој театар – Сити театар ќе се врати наесен на уникатната сцена во киното Синеплекс со побогати и нови содржини. И во текот на летото веруваме дека децата и нивните родители ќе продолжат да уживаат во содржините во омилениот трговски центар, како што се летната сцена и новото уникатно игралиште пред Скопје Сити Мол, како и во бројни други летни изненадувања – сѐ што сакаат“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Дел од Мој театар – Сити театар е и хуманитарната акција „Од дете за дете“, преку која сите средства од продажбата на билети по симболична цена за претставите на крајот од годината, по завршувањето на вториот циклус од детскиот театар ќе бидат донирани на детска хуманитарна организација.
Повеќе информации и фотографии од детските претстави може да се најдат на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.
За Скопје Сити Мол
Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето веќе препознаен како обележје на модерно Скопје.
Освен модните брендови, понудата на Скопје Сити Мол ги опфаќа и сите сервисни услуги, потреби за домаќинство, козметика и убавина, книжарници, детски катчиња со забавен и едукативен карактер, тематски и
семејни ресторани, брза храна, кафулиња, кино, играчница и многу други содржини кои заедно придонесуваат купувањето и дружењето да станат вистинска, врвна забава. Оваa година Скопје Сити Мол го слави 10-от роденден. www.skopjecitymall.mk
(пр)
Култура
„Радоста на постоењето“ – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер”

Македонската книжевна сцена се збогатува со ново интересно и вредно дело, кое го загатнува најважното за секој човек – животот. Насловот „Радоста на постоењето“ најавува дека авторката Симона Петреска со оптимизам гледа на големиот предизвик кој почнува со самото раѓање на секој човек.
Петреска преку својата книга ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност во животот и да го исполнат со радост, полетност, разбирање, благосостојба… Преку своите лични искуства и анализи таа им вдахнува инспирација да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.
Авторката си поставила цел со книгата да му помогне на читателот да живее во мир и хармонија, да оствари духовен развој, да биде благодарен за она што го има и да создаде поуспешен, поосмислен живот, менувајќи ги своите мисли, емоции и однесување.
Нејзината цел е остварлива, секако, ако читателот се нурне во напишаните редови. Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на душата и телото, авторката пишува со зборови што допираат до сечие срце.
„Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија“, вели мотиваторката Петреска.
Инаку, книгата можете да ја најдете во сите книжарници на „Три“ и на „Книга.мк“.
ПР
Култура
Откажани двете претстави на Драган Маринковиќ-Маца во Скопје и во Битола

Двете претстави на познатиот комичар Драган Маринковиќ-Маца, во Скопје и во Битола, кои требаше да се одржат на 27 и на 28 мај, се откажани поради болест на актерот.
Маца во Македонија требаше да ја игра хит-претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“, која го освои регионот и досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе.
На сите оние што ги купиле билетите средствата ќе им бидат вратени на местата на кои ги купиле.