Контакт

Култура

„Севилскиот бербер“ в петок во Македонската опера и балет

Објавено пред

В петок, со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе се одржи популарната опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна е за победата на младоста и љубовта, а се работи за комична опера во два чина.

Диригент е Иван Еминовиќ, режисер Урсула Хорнер (Австрија), асистент на режија Љупка Јакимовска , сценограф, Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, светло дизајн Васко Лисичов, концерт мајстор Верица Ламбевска, додека  асистент на хорскиот мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и онлајн на www.mob.mk

концерти

Концерт на Трио Џентлмен во КИЦ во Софија

Објавено пред

Денес во КИЦ на РСМ во Софија со почеток од 18:30 часот, ќе се оддржи концерт на Трио Џентлмен. На концертот ,,За Дамата” на Трио Џентлмен ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба на гитара.

Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат пред својата публика.

На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку постојат (околу четири години) имаат настапувано низ целата земја (Скопје, Охрид, Струга, Битола, Радовиш, Виница, Штип, Пробиштип и др.) со свои целовечерни концерт како и дел од големи манифестации во нашата држава, а и надвор од неа.

Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.

Прикажи повеќе...

Култура

Документарни филмови посветени на браќата Манаки во Кинотека

Објавено пред

Два документарни филмови посветени на браќата Манаки ќе бидат прикажани во Кинотека на 30 април.

30 АПРИЛ (ВТОРНИК), 18 часот
МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ
(Manaki – Story in Pictures)
Документарен филм, Македонија
2017/2018, 70 мин., црно-бел/колор, ДСП
Режија: Роберт Јанкулоски
Сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски
Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија туку и во поширокиот балкански контекст.
Од оваа причина, секој факт и мислење презентирани во филмот МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работа од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.
Возрасна категорија: За сите возрасти
Влезница: 50 денари

30 АПРИЛ (ВТОРНИК), 20 часот
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ
(Frații Manakia. Jurnalul unei lungi priviri înapoi / The Manakia brothers. Diary of a long look back)
Документарен филм, Романија
2017, 90 мин., црно-бел / колор, ДСП
Сценарио и режија: Елиза Здру (Eliza Zdru)
Идејата на авторката Елиза Здру да направи документарец како СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ се родила на многу интересен начин. Елиза пронашла стара фотографија од своите предци од 20-тите години на минатиот век, која, иако немала потпис, многу потсетувала на стилот на браќата Манаки. Истражувањето околу семејната фотографија постепено се испреплетувало со приказната за животот и делото на браќата Милтон и Јанаки Манаки, а Елиза документарецот, освен во Романија, го снимала и во Грција, Бугарија и во Македонија.
Дел од документарецот го снимала на улиците на Битола, а во 2017 СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ ја имаше честа да биде прикажан на Интернационалниот филмскиот фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“. Говорејќи за искуството од снимањето на филмот, Здру истакнува дека во Романија, Грција, Бугарија и во Македонија, каде што истражувала и го реализирала СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ, слушнала дека браќата Манаки си припаѓаат единствено сами на себе, тие се пионери на кинематографијата на овие простори.
Критичарите ѝ предвидуваат професионален успех на Здру поради нејзиниот студиозен и креативен пристап во СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: БРАЌА МАНАКИ.
Возрасна категорија: За сите возрасти
Влезница: 100 денари

Прикажи повеќе...

Култура

На Скопскиот филмски фестивал проекција на документарецот „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје

Објавено пред

Во рамките на програмата „Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, утре, во 20 часот, во киното ‘Фросина’, ќе биде прикажан документарецот за раскошната изведба на модното шоу наречено ‘Модно фрик шоу’ на Жан Пол Готје, еден од најистакнатите и највпечатливи француски дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации.

Веднаш по проекцијата на филмот, ќе следува дискусија „Модата и родовиот идентитет“ со специјалната гостинка Луиз Валенберг, професорка по модни студии во Центарот за модни студии при Универзитетот во Стокхолм и поранешна директорка на Центарот. Нејзините истражувања се фокусираат на родовиот идентитет, сексуалноста, класите и етносот во областа на модата и филмот.

Киното „Фросина“ денеска ќе биде резервирано за филмовите „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур, рускиот „Киселина“ и шведскиот документарен филм „Силвана“.

По проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во киното „Фросина“, на прашања од публиката ќе одговара гостинката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.

Филомот „Киселина“ на рускиот актер и режисер Александар Горчилин („Ученикот“) стои зад камерата на овој смело синематски и бескомпромисен поглед на современа Русија преку очите на група пријатели во главниот град, Москва. Режисерското деби на Горчилин е за празнината на младешкиот живот и генерациските конфликти меѓу децата и родителите. Филмот нуди модерен поглед во светот на младата руска буржоазија, кои преку секс, дрога и техно се мачат да најдат надеж и значење во бруталниот свет.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ11 час

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа14 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201915 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет16 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201917 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201919 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201920 часа

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201921 час

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет22 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ22 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201924 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет24 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ24 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести1 ден

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие