Контакт

Култура

Селектирани филмовите за ФИЛМАЈ 2022, фестивалот на краток филм во Куманово

Објавено пред

Фото-киноклубот „Козјак“ – Куманово нa 10 мај ја објави листата со официјално селектирани филмови за ФИЛМАЈ 2022, фестивалот на краток филм во Куманово.

dobivaj vesti na viber

Тоа се венецуелскиот `Импровизирана земја`, `Вистинските зборови` од Франција, италијанскиот `Свет син`, швајцарскиот `Натпревар`, блискоисточниот `Небески труби`, како и студентскиот документарен филм `Мачор` на авторката Тина Величковиќ. На фестивалот ќе се прикажат и селектираните филмови Work It Class! од Шпанија, австралискиот `Мајсторот` и `Сочувствување` (САД).

Фестивалската проекцијата ќе биде на 2 јуни 2022 во НУЦК „Tрајко Прокопиев“ – Куманово.

Претходно, на 2 мај 2022 беа соопштени наградените филмови за ФИЛМАЈ 2022. Наградата `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија ја добива Самир Карахода за режирање на филмот ‘Изместено’ (Косово).

Владимир Самоиловски е добитник на наградата `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за неговата работа во македонскиот филм `Северен Пол`.

Авторот на сценариото за `Ангелос на БожиК` (Грција), Фотис Зампетакис, е добитник на награда `Козјак` за најдобро сценарио. `Обичната Ели`, режиран од Лавинија Софрониевска, е добитник на награда за најдобар домашен (македонски) филм. Новосоздадена награда ФИЛМАЈ за најдобар краток филм се доделува НА `Самa` (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ) според заедничка одлука на членовиТЕ на фото-киноклубот `Козјак` од Куманово. Стручното жири на годинешниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-киноклубот „Козјак“).

Информации и детали може да се следат на адресите: ФБ-страницата на фестивалот ФИЛМАЈ, како и на ФБ-страницата на настанот за ФИЛМАЈ 2022 .

Култура

Почина грчкиот композитор Вангелис

Објавено пред

Вангелис, грчкиот композитор најпознат по музиката за филмот „Огнени автомобили“, почина на 79-годишна возраст, јави денеска Атинската новинска агенција.

dobivaj vesti na viber

Повикувајќи се на изјава од канцеларијата на неговиот адвокат, АНА објави дека Вангелис починал во вторникот доцна вечерта, без да ја наведе причината за смртта, пренесе „Ројтерс“.

Евангелос Одисеј Папатанасиј, познат како Вангелис, е роден во Волос на 29 март 1943 година и е еден од најпознатите и најзначајни грчки композитори на сите времиња.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Ива Дамјановски e добитник на наградата „Антево слово“ 2021/ 2022

Објавено пред

Ива Дамјановски за „Мојата песна се фрла од мостот“ е лауреат на поетскиот конкурс за необјавена песна „Антево слово“ за 2021/2022 година.

dobivaj vesti na viber

Наградата е дел од Меѓународна поетска манифестација „Анџело ла Векија“ која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Наградени автори на „Антево слово“ 2021/ 2022 – Сицилија, Италија

1. награда
Ива Дамјановски – Мојата песна се фрла од мостот

2. награда
Елизабета Бандиловска – Солзите на светот;
Михајло Костадиновски – Младост за перење;

3. награда
Љубинка Донева – Птиците и гробиштата
Димче Шипинкаровски – Прочка

Награда за млад автор:
Мелани Иванова – Порака за мир

Годинешниот мал јубилеј ни претставува особена чест затоа што македонската поезија е дел од оваа значајна Меѓународна поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), која се остварува во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Мисла-песна, песна-мисла, поврзаноста градиво за нови светови, темел за нова јасност. Потребата за мир не е е надреална желба, андроидното живеење е веќе реалност, но да знаеш да ја пренесеш низ поетски глас симболиката на интимните вивнувања и падови преку личните дискурси на перцепција со автентичност и скриена поетичност и мелодика е нешто што ги отвора портите на стиховерзумот на новите поколенија.

Според Атина Цветаноска, член на жири-комисијата на „Антево слово“, експресивната мисла на Ива Дамјановски е луцидно покажана во нејзината песна „Мојата песна се фрла од мостот“.

„Нејзината песна е жив организам кој битиствува во реалноста која ја опкружува и се стопува во живиот и неживиот свет. За неа стиховите се органско продолжение на нејзината суштина и се истовремено и орудие и екпресија и израз на внатрешен животен порив. Стиховите се иновативни, современи и во исто време едноставни што прави оваа песна да се чита лесно, но и да побуди прашања и размислувања за есенцијата на животот“, вели Цветаноска.

Ива Дамјановски е родена 1996 година во Скопје. Дипломиран пијанист и моментално работи на своите магистерски студии на Libera Università di Bolzano на Катедрата за музикологија, како и на Катедрата за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје. До сега има издадено две збирки поезија, насловени „Тие“ и „Двоумење“, како и две научни статии од областа на музикологијата. Добитничка на престижната поетска награда за поезија „Браќа Миладиновци“ во 2020 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен повик за 13. издание на Фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border

Објавено пред

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 13. издание на интернационалниот фестивал за кратки филмови Balkans Beyond Border.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот за првпат ќе биде одржан во Македонија, во градот Битола, откако во последните 12 години фестивалот патуваше во 10 града (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина).

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува 1.000 евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар дебитантски филм, специјални признанија и награда од публиката.

Конкурсот е отворен за младите уметници од Балканот и пошироко, а рокот за пријавување трае до 31 мај оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа26 минути

Шолц: Можна е измена на договорот за ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не ја исклучува можноста за измена на договорот за Европската Унија, договорот од...

Македонија1 час

(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме...

Свет2 часа

Земјите од Г7 одвоија 18,4 милијарди долари за помош на Украина

Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да ѝ помогнат на Украина...

Економија3 часа

Пендаровски: Со исполнување на приоритетите на „Македонија 2030“ ќе создадеме услови за одржлив раст и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на 11. издание на самитот „Македонија 2025“, на кое годинава во фокусот...

Македонија5 часа

МНР го поздрави повикот на ЕП за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес

Министерството за надворешни работи го поздравува усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница...

Македонија5 часа

Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, во однос на предците јас не можам да коментирам такви детали

Додека бугарскиот весник „Труд“ тврди дека Елена Ковачевска, сопруга на Димитар Ковачевски и нејзините дедо и татко се Бугари, премиерот...

Европа7 часа

Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска...

Македонија8 часа

Архиескопот Стефан во Белград: Денешниот чин е лек со кој се залечува раната на телото на црквата

Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во...

Регион9 часа

Младиот човек чие тело беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш, позната е и причината за смртта

Младиот човек чие тело е пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според српски „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи...

Македонија11 час

Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град...

Македонија11 час

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15...

Македонија11 час

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави...

Свет12 часа

ОН: Светот би можел да се соочи со глад што ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации. Генералниот секретар Антонио...

Свет12 часа

(Видео) Буш: Инвазијата на Ирак беше неоправдана… грешка, мислев на инвазијата на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност...

Македонија14 часа

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј доцна синоќа го пречека македонскиот – господин господин Стефан и тројца највозрасни митрополити. Тие...

Свет23 часа

Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша...

Регион24 часа

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на...

Свет1 ден

Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува...

Македонија1 ден

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кому му ја честита победата на претседателските...

Македонија1 ден

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Владата донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за...