Контакт

концерти

Сеќавање на ЕКВ со „Деца из воде“ и Срѓан Тодоровиќ во МКЦ

Објавено пред

По повод 60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ (1958, Загреб), на 16 ноември во МКЦ ќе се одржи мултимедијална програма под насловот „Сеќавање на Милан и неговиот бенд „Екатерина велика’“  со  проект-бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ.

По повеќе од две децении на бина во Скопје ќе настапи легендарниот Жика, оригинален тапанар во ЕКВ и ќе отсвири дел од програмата на овој проект-бенд.
Тој беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со ЕКВ сними два албума – „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како Земља, Круг, Срце, Љубав, Пар година за нас, Поред мене, 7 дана… доминираа на топ-листите, а тој период се смета за најуспешниот период на ЕКВ. Огромен продонес за тој успех донесе и Жика со својот уникатен стил на свирење.
Пред тоа има настапувано во „Дисциплина кичме’, а пред „Дисциплина“ има свирено во неколку белградски бендови во периодот на „новиот бран“.
Пое ЕКВ, забележува и времени соработки со „Партибрејкерс“, „Електрични оргазам“, „Казна за уши“, а подоцна комплетно се посветува на актерството и добива улоги во познати филмови и серии.

„Деца из воде“ е ЕКВ проект-бенд создаден пред три години во Белград со идеја концертно да го одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, ЕКВ и нивниот музички опус. Бендот го сочинуваат Зоран Младеновиќ, Луна Шкопеља, Лазар Остојиќ и Никола Рајовиќ. Сите членови на бендот се искусни и врвни музичари вклучени во разни други бендови, а во овој проект ги спои заедничката пасија кон ЕКВ. На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест студиски албуми на ЕКВ, како и нивното деби како Катарина II и двата најголеми хита од периодот на Милан во „Шарло Акробата“.

Пред концертот во Дансинг сала во МКЦ ќе биде прикажан филмот „Дечак из воде“.
Краток филм снимен во 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ. Филмот хронолошки ги следи животот и кариерата на Милан, а проникнат е со песните ЕКВ, Шарло Акробата и проектите Римтутитуки и Ејнџлс брет. Изграден е од перспектива на еден млад музичар што е роден по смртта на Милан и ги сака ЕКВ и преку соговорниците истражува кој бил Милан Младеновиќ и какви биле општеството и околностите во времето кога творел, а завршува со заклучокот каков белег имаат оставено неговите дела денес.

Како соговорници во филмот се појавуваат Зоран Костиќ (Партибрејкерс), Душан Којиќ Која (Шарло Акробата, Дисциплина кичме), Иван Ранковиќ Рака (тапанар на ЕКВ 1985-1987), Александар Жикиќ (автор на биографијата „Место во меќава: Приказна за Милан Младеновиќ“), Горанка Мариќ (фотограф) и други познати личности и музичари, а анкетирани се и обични граѓани.

Билети во претпродажба преку продажната мрежа на MkTickets и на билетарница МКЦ.

концерти

Врвниот тромбонист Џозеф Алези солист со Македонската филхармонија

Објавено пред

Македонската филхармонија го најавува симфонискиот концерт „Руска игра“, кој на сцената ќе го донесе врвниот тромбонист Џозеф Алези, прв тромбонист во престижната Њујоршка филхармонија.

Овој четврток, 15 ноември, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија предводен од маестро Борјан Цанев, ќе ги изведе делата: „Адаџо за Јагода Сланева“ од македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, Концерт за тромбон и оркестар од францускиот композитор Анри Томази, како и фантастичниот балет „Петрушка“ од рускиот композитор Игор Стравински.

Џозеф Алези е прв тромбонист на престижната Њујоршка филхармонија и се јавува како еден од најдобрите соло тромбонисти кој настапува во светот не само во САД. Неговите настапи, всушност, се вистински раритет затоа што тој изведува ретко интерпретирани дела за тромбон, па затоа е и дел од многу аудиоизданија. За него ќе кажат дека е веројатно најдобриот жив тромбонист.

Неговиот солистички репертоар е навистина широк и богат, во кој се вклучени дела од Бернштајн, Хиндемит, современи автори, како што се Кристофер Роуз или Ерик Евазен, но и транскрипции на дела од Бах, Бетовен, Менделсон, Верди, Чајковски, Дебиси… Особено активен како солист, Алези се истакнал во 90-тите години на минатиот век настапувајќи со значајни оркестри во светот, но и како камерен музичар.

Прикажи повеќе...

концерти

Хуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвни руски уметници

Објавено пред

Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, в недела, на 11 ноември, во црквата „Света Софија“, со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.

Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска на која и’ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.

Младиот пијанист Александар Синчук е роден во градот Находка, Приморски Крај во Русија. Како студент на московскиот конзерваториум, под менторство на професорот Валери Пиасетски, почесен уметник на Руската Федерација, Александар Синчук стана лауреат на многу престижни натпревари по пијано. Меѓу другите има и прва награда на Четвртиот меѓународен натпревар на Рахманинов и златен медал на Деветтиот меѓународен натпревар за млади пијанисти во сеќавање на Владимир Хоровиц.

Во февруари 2009 година Александар Синчук успешно дебитира во салата„ Карнеги хол“ во Њујорк. Во 2010 година младиот пијанист изведе 37 концерти на големата турнеја низ САД. Во 2014 година Александар Синчук ја заврши престижната дипломска програма со почести на музичката школа USC Торнтон во Лос Анџелес, САД, во класата на светски познатиот пијанист Даниел Полак. Во февруари 2017 година Александар Синчук учествуваше на церемонијата за затворање на Третите светски игри насловени како ЦИСМ во Сочи.

Неговите настапи денес се одржуваат во најдобрите концертни сали низ Русија, како што се Големата сала на Московскиот конзерваториум, Сала Светланов во Меѓународниот дом на музиката во Москва, Концертната сала на Марински театар и во странство: во Србија, Бугарија, Украина, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Луксембург, Швајцарија, Израел, САД, Мароко, Порторико, Турција, Кина, Јужна Кореја …
Од 2014 година Александар Синчук е ангажиран во педагошката работа. Во 2015 година почна да работи како асистент-професор на Московскиот државен конзерваториум. Тој често дава мастер-класови во Европа, Америка и Азија.

Флејтистот Артем Науменко е роден во 1992 година во Саратов, Русија. Со музика започнува уште од петгодишна возраст. На 10 години Артем влегува во Централното музичко училиште во Москва, и студира кај професорите Јури Должиков и Александар Голишев. Во 2010 година го завршува училиштето со почесен успех и го продолжува своето образование на Државниот конзерваториум „Чајковски” во Москва, исто така кај  професор Голишев каде што дипломира со почести во 2015 година. Две години подоцна Артем магистрирал на флејта и продолжува со студиите на Конзерваториумот во Париз во класата за камерна музика на професорот Мишел Морагуес.

Тој е лауреат на Интернационалниот телевизиски натпревар во 2006 година и победник на Меѓународниот натпревар во Падова, Италија, во категориите на дувачки инструменти и виртуози во 2007 година. Победник е и на натпреварот Млади таленти на Русија во 2008 година. Науменко ја доби наградата „Национален триумф“ и беше прогласен за млад победник во областа на литературата и уметноста во 2007 година. Науменко редовно настапува и во париски ансамбли, како и во дувачкиот квинтет „Апалон“ и триото „Фламиарт“. Настапувал исто така и со Парискиот камерен оркестар, Државниот оркестар на Филхармонијата на Русија, Државниот камерен оркестар „Московски виртуози“, Лирскиот симфониски оркестар на Париз, Претседателскиот оркестар на Русија, Државниот дувачки бенд на Русија, Симфонискиот филхармониски оркестар Саратов , Омск, Кострома, Јарослав. Тој настапил и со Чешката филхармонија (диригент Пинхас Стајнберг) во 2010 година, и редовно добива покани да настапи како прва флејта во камерниот оркестар „Московски виртуози“.

Прикажи повеќе...

концерти

Хуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвните руски уметници Синчук и Науменко

Најново

Македонија2 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија3 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски3 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски4 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија6 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет6 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија6 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија7 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток7 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија9 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа10 часа

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски21 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија23 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски23 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија1 ден

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски1 ден

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 ден

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија1 ден

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Досие