Контакт

Култура

Сеќавање на Кирил Ценевски: 100 бесплатни ДВД-изданија со неговите играни филмови

Објавено пред

Утре (вторник, 16 јуни) се одбележува една година од смртта на филмскиот режисер Кирил Ценевски (1943-2019).

По тој повод, во периодот од 9 до 15 часот Кинотеката на заинтересираните филмофили бесплатно ќе им додели 100 примероци од ДВД изданието со неговите играни филмови.

Се работи за ДВД-изданието со дигитално реставрираните играни филмови на Кирил Ценевски, што Кинотеката го промовираше пролетта минатата година, неколку месеци пред заминувањето на легендарниот автор во македонската кинематографија.

Роден е во Крива Паланка, 28.1.1943. Филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот ЦЕНАТА НА ГРАДОТ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот ЦРНО СЕМЕ, за којшто добива повеќе награди: Златна арена за режија на фестивалот во Пула, Златен венец за најуспешен деби, 11 Октомври…

Потоа ги сними ЈАД (1975) и ОЛОВНА БРИГАДА (1980), а по четвртиот игран филм ЈАЗОЛ, Ценевски не застана зад камерата повеќе од три децении. Неговиот (пре)долг авторски молк, по експлозивната деценија и пол во неговото неконформистичко творештво, секогаш е причина за навраќање на овој, по многу нешта исклучителен, филмски опус, со дигитализираното издание на неговите играни филмови.

Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Истата година беше првиот добитник и на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, награда што ја воспостави Друштвото на филмските работници и ја доделува на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Култура

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на дуото „СолиПс“

Објавено пред

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе настапи дуото „СолиПс“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Ова дуо формирано во 2011 година го сочинуваат македонско-француската флејтистка Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио. Тие настапуваат на сцени и на фестивали во Франција, Белгија, Чешка, Италија, Русија и Босна и Херцеговина. Од нивните настапи се издвојуваат : „Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромериц, Интернационалните фестивал „Сараевска зима“, настапот во Музејот на Скрјабин во Москва, настапот на Неделата на класична музика во Лавоар, во Музејот за уметности во Брисел…

Флејтиската Елена Стојческа е добитничка на прва награда на Меѓународниот натпревар „АудиМоцарт“ во Роверето, Италија како и на бројни награди од државните натпревари за флејта и камерна музика во Северна Македонија, како и на натправарите „Буфет-Крампон“ и „Гастон Крунел“ во Франција.

Настапувала како солист со Македонската филхармонија, оркестарот „Хајдн“ од Болцано и Тренто, оркестарот „Пoл Кунц“, Симфонискиот оркестар „Бакау“ како и со оркестарот „ Француски флејти“. Како рецитален уметник и камерен музичар настапувала во Франција, Италија, В. Британија, Турција, Луксембург, Холандија, Р.С. Македонија на бројни фестивали. Членка е на ансамблот флејти „Бонсаи“ и на престижниот оркестар „ Француски флејти“.

Стојческа е добитничка на повеќе стипендии од „Отворено општество“- Македонија, фондацијата „Албер Русел“, како и од владите на С. Македонија и Франција. Студирала во С. Македонија, Франција и Италија кај реномирани професори како: Пјер-Ив Арто, Петер Лукаш Граф, Винсент Лукас, Аурел Николет, Ирена Графенауер и Бети Станковска. Професор е на Конзерваториумот Ливри-Гарган, како и на Парискиот централен конзерваториум- ЦМА „В.А. Моцарт“.

Францускиот гитарист Роман Петио е победник на повеќе натпревари како „Гитарманија“ во Алмада, Португалија и „Гитар Фест“ во Белград, а финалист бил и на натпреварот „Роберт Видал“ во Франција. Како рецитален и камерен музичар настапувал на повеќе значајни фестивали во: Франција, Италија, Чешка, Португалија, Русија, Босна и Херцеговина и Шпанија.

Премиерно изведува и снима дела за соло гитара од композиторите Лоренс Шер, Венсан Еро и Масимилијано Месиери. Дипломирал со највисоки оцени во школата за музика „Алфред Корто“ и се стекнува со магистерска од областа на педагогијата од Парискиот Конзерваториум. Студирал со Алберто Понсе и Јудикаел Перој, а се усовршувал на мајсторски курсеви кај Дејвид Расел, Зоран Дукиќ, Лоренцо Микели, Павел Стајдл и Карло Маркионе… Роман е роден во 1987 година, живее и работи во Париз каде предава на Регионалниот конзерваториумот во Л’ај ле Роз.

Прикажи повеќе...

Култура

Улуџан: Заглавени сме во тешки времиња, но музиката мора да продолжи и да се споделува меѓу луѓето

Објавено пред

Спој на младост и виртуозност, како и разнолика програма на реперотарот на фестивалот Охридско лето, приредија вчеравечер турските уметници, виолинистот Озџан Улуџан и пијанистката Бирсен Улуџан.

Во амбиентот на акустичната „Света Софија“ ужуваа и самите уметници, кои првпат се во Македонија.

Пијанистката Бирсен раскажа дека поминале низа турбулентни мигови на незивесност пред да настапат на Охридско лето и се изненадени што се првите уметници кои во екот на пандемијата на ковид-19 ја напуштиле Турција за да настапат пред македонската публика во Охрид.

„Концертот беше полн со изненадувања бидејќи првпат доаѓаме во Македонија и многупати ни ги променија авионските билети, потоа ни се откажаа летовите, па менувавме летови и време, но сепак стигнавме. Сѐ беше многу добро организирано за настапот. Мислам дека ние сме првите уметници што излегоа од Турција за време на оваа пандемија за да настапат на фестивал“, рече Бирсен.

Турските уметници доловија дела од разни композитори.

„Свиревме разни стилови, многу разновидна презентација. Почнавме со Соната за виолина и пијано е-мол од Моцарт, ја донесовме Свитата за виолина и пијано ‘Демет’ од турскиот композитор А. Аднан Сајгун, преку дело на Дебиси за да завршиме со Соната за виолина и пијано од Штраус, чии дела се големи и многу театрални, како опера“, додаде пијанистката.

Двата биса на вечерта младите уметници го посветија на големиот македонски композитор Томислав Зографски изведувајќи ја неговата Свита за виолина и пијано, а потоа и „Полонеза“ од Виењавски.

„Заглавени сме во тешки времиња, но музиката мора да продолжи и да се споделува меѓу луѓето. Поради актуелната здравствена ситуација, повеќето концерти се одржуваат од дома и се емитуваат на малите екрани, но Охридско лето е еден од ретките фестивали во светот што годинава и покрај наметнатата здравствена криза, успешно ја продолжи својата долгогодишна традиција. Задоволен сум и од организаторите и од публиката“, изјави виолинистот Озџан Улуџан.

Двајцата турски уметници, кои инаку се родени во Бугарија, иако млади, зад себе имаат богата музичка кариера настапувајќи со најреномираните европски камерни оркестри, како и со звучни имиња од светот на класичната музика. Освен како солисти и камерни музичари, братот и сестрата Улуџан се истакнати педагози.

Прикажи повеќе...

Култура

Концертот на турските уметници на Охридско лето се префрла во црквата „Света Софија“

Објавено пред

Поради временските непогоди и врнежите што се очекуваат во вечерните часови, концертот на Озџан Улуџан – виолина и Бирсен Улуџан – пијано, од Турција, кој во рамките на фестивалската програма на Охридско лето требаше да се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“ се префрла внатре во црквата „Света Софија“.

„Според дозволата и насоките добиени од Комисијата за заразни болести, протоколот за вечерашниот концерт предвидува гледалиште од 30 места во согласност со просторот за раздалеченост од два метра, како и строго почитување на сите мерки за заштита, носење маска, дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца за време на влез и излез од црквата. Исто така, препораките добиени од Комисијата за заразни болести предвидуваат концертот на турските уметници да се одржи со отворени врати на црквата Света Софија“, соопштија организаторите.

Почетокот на концертот е во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет2 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет2 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет2 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет4 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет4 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет5 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион16 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет16 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет18 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет20 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија22 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија22 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион23 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија24 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија1 ден

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија1 ден

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет1 ден

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет1 ден

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Досие