Контакт

Култура

Се одржа првата Бугарско-македонска културна средба

Објавено пред

Во Софија, во литературен клуб „Перото” во НДК  Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина” организираа  „Бугарско-македонска културна средба”.

На состанокот учествуваа истакнати културни личности од двете страни.  Тие разговараа за состојбата на нашите културни врски и ги споделија  своите препораки и идеи за развој и зајакнување. Беше формиран совет  за културна интеракција помеѓу Бугарија и Македонија и се усвои  Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните
врски меѓу Бугарија и Македонија.

За време на средбата имаше изложба на групата „PRINTNEST” – творците  од Софија и Охрид Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван  Матеев и Горан Тричкоски. Беше претставена книгата „Паника во музејот”  на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборникот и 2 цедиња од  „Бугарски народни песни од Македонија”, собрани од Коста Црнушанов

Бугарија и Македонија ќе соработуваат во линија на културата и  уметноста. Ова го изјави за Бгнес ,Андреј Врабчев од фондацијата  „Татковина”.

„Тоа што сакаме е да ги зацврснеме културните врски меѓу двете земји и  дејците да соработуваат. Ова не е политика. Тука бараме различни форми  за комуникација преку културата и да ги тргнеме стереотипите меѓу  двете земји. Во рамките на средбата претставуваме успешни уметници од  Македонија кои работат во Бугарија “, објасни Врабчев. Тој додаде дека  за време на состанокот беше разгледан проектот на програмата за  културна соработка, која беше потпишана меѓу двете земји.

„Во неа има многу убави работи, но има и многу што да се сака. Ние  сакаме подобрување на овие услови и сакаме повеќе обем и квалитет. Од  државата се бара да создава услови да можат творците да го реализираат  својот потенцијал”, изјави Врабчев. Според него не стои прашањето  дали ние да земеме повеќе од соседите или обратно, а да се збогатиме
меѓусебно.

Договорот ќе ја игра улогата на мост кој ќе наведе во која насока ќе  се развива културната размена меѓу двете земји. Се очекува да се  формира и во Скопје.

Заменик-претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје Мирослав  Ризински изјави за БГНЕС дека оваа иницијатива е на Бугарите од  Македонија. Тој истакна дека морале да интервенираат дејци од  граѓанскиот сектор, бидејќи политичарите не прават доволно за културно зближување меѓу двете држави.

„Оваа прва средба ќе биде првиот чекор кој ќе иницира поширока  соработка меѓу двете држави, во духот на потпишаниот договор за  добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија”, рече Ризински.

Тој изјави дека на овој начин ќе се бараат работите кои не  обединуваат, а не тоа што не дели, бидејќи двата народа имаат  заеднички празници, херои и делат една приказна.

Ризински, рече дека во Македонија нема бугарски медиуми и затоа луѓето  таму немаат информации што се случува во соседната држава и обратно,  како и дека двата народа не знаат како се развива културата и  литературата во двете држави и нека разберат сите дека нема што да не  подели и да не се плашеме од кражбата на културата и историјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Објавено пред

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае и може да се гласа до 30 декември на овој линк https://cineuropa.org/en/felaprofile/380513/#cm.

По трет пат Европската мрежа на комисии за филмови (EUFCN), во соработка со филмскиот портал Cineuropa , го организира изборот за најдобра европска локација за филм во филмската и ТВ-индустријата. Во првата фаза од натпреварот, секоја членка на EUFCN номинираше една локација од нивниот регион, односно земјата што е претставена во филмот, ТВ-сериите или документарниот филм објавен помеѓу јануари 2018 и јули 2019 година.

Десетте локации во конкуренција за награда, од кои сите ја истакнуваат убавината и разновидноста на Европа, се:

Хрватска: Завршје -Piemonte d’Istria / Istria Film Commission, Robin Hood – Otto Bathurst

Грција, Атина: Hellenic Film Commission, The Little Drummer Girl – Chan-wook Park

Литванија, Вилнус: Vilnius Film Office, Chernobyl – Craig Mazin

Германија, Delphi Theatre : Berlin Brandenburg Film Commission, Babylon Berlin – Henk Handloegten, Tom Tykwer, Achim von Borries

Северна Македонија, Дорфулија: North Macedonia Film Agency, (Медена земја) Honeyland – Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov

Шпанија, El Hierro : Canary Islands Film, Hierro- Jorge Coira

Ирска, Luggala : Screen Ireland, Vikings – Мichael Hirst

Украина, Lviv : Lviv Film Commission, Eva.Stories – Mati Kochavi, Maya Kochavi

Италија, Rocca Guidonesca di Rocchettine / Roma Lazio Film Commission, Il Nome della Rosa – Giacomo Battiato

Белгија, Royal Brussels: Screen.Brussels, Les Miserables – Tom Shankland.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Почна специјалната програма на „Форумот на словенските култури“ во Санкт Петербург

Објавено пред

Со Меѓународната конференција „Културните рути на словенскиот свет на мапата на Еврпа“, денеска во Санкт Петербург започна специјалната програма на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во рамките на Oсмиот санктпетербуршки форум.

Во своето поздравно обраќање министерот за култура, Хусни Исмаили, го истакна значењето на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург како глобален културен настан како за руската култура така и за културите на другите народи во светот. Тој додаде дека е од особено значење и фактот што годинава специјален гостин е Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, која веќе 15 години ги промовира и ги афирмира особеностите на словенските народи, обезбедувајќи фреквентна комуникација на словенската и на другите култури.

Тој додаде дека Република Северна Македонија, како една од земјите основачи на Форумот на словенските култури, е дел од речиси сите досегашни активности кои се голем придонес за словенските земји бидејќи ги афирмираат културните различности, ја поттикнуваат соработката и овозможуваат планирање на една висококвалитетна развојна политика која е во полза на словенските држави, соопшти Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

концерти

Олафур Арналдс со албумот на 21 век во „Сава центар“ во Белград

Објавено пред

На 20 ноември во белградскиот „Сава центар“ концерт ќе одржи маестралниот исландски музичар Олафур Арналдс, кој ќе го промовира еден од најдобрите албуми на 21 век, Re:member.

Во текот на последните петнаесетина години 33-годишниот пијанист, мултинструменталист и композитор Олафур Арналдс константно се откриваше и себе и музиката, која го инспирира и провоцира. Музата го водеше на потполно поинакви страни: од улога на тапанар во хардкор-бенд и свирење на Шопен со Алис Сара От преку соработката со многуте локални (исландски) уметници во рамките на Mercury Classics проектот (Island Songs) и компонирањето музика за култната ТВ-серија Broadcurch, до соработката со Јанус Расмусен на нивната визија на електронска/техно/клупска музика низ Kiasmos.

Во меѓувреме, правеше музика и за балет и за филм. Ги складира сите тие искуства, технички напредуваше, го ширеше кругот на уметници што ги инспирираат и се подготвуваше за конечно излегување од капислата. Арналдс на Re:member, кој е официјално негов четврти (соло) студиски албум, сите тие сурови искуства на свирење разни жанрови ги пушти да се преплетуваат и комбинираат без филтрирање, а во исто време влезе во сржта на креативниот процес во кој уметникот во текот на креацијата целосно изгледува од маѓепсаниот круг на туѓите и сопствените очекувања и навики.

Светските медиуми албумот Re:member го опишаа како запознавање на несекојдните агли на мистичниот Исланд, од каде што потекнува овој фантастичен композитор, музичар и продуцент.

Една од работите што овој Исланѓанин го прават посебен е дека токму во време на најдлабоката креаторска блокада изуми нов инструмент. Софтверот „Стратус“, кој Арналдс го креира, му помага со помош на само еден клавир да контролира уште два, кои го следат и баш според овој принцип настана албумот Re:member.

Овој албум го води слушателот низ разни расположенија и чувства, низ разни музички пејзажи. Секое парче на овие дела е можно да се чуе одделно – композицијата, придружно звучни елементи и поп-призвуци кои се пробиваат и цветаат низ песната. Секоја нумера со својот почеток нагласува дека re:member продолжува да тече, не се заморува и не му дозволува на слушателот да се умори бидејќи секојпат носи нешто ново и целосно неочекувано.

„Ова е албум со кој излегувам од своите рамки“, објаснува Арналдс. „Ги користам суровите влијанија од разните жанрови и не сакам ниеден начин да ги филтрирам. Албумот заоѓа во длабочините на креативниот процес и прикажува како поединецот може да манипулира со ситуацијата и да излезе од
навиките и очекуваното“.

Сепак, низ 12-те композиции на албумот Олафур не се исклучува, туку го повикува слушателот да му се придружи и да биде дел од неговиот креативен процес. Ваквите мотиви се видливи и на неговите настапи кога се труди целата публика да ја вклучи во самата изведба. „Сакам мојата музика да ја инспирира креативната заедница“, истакнува тој.

Светот изненадно минатата година го напушти единствениот Јохан Јохансон, но за оној суптилен дел на емоциите кои само музиката може да ги предизвика и да ги извлече во прв план, тука се и натаму алхемичарите Нилс Фрам, Макс Рихтер, Олафур Арналдс и други, кои сè уште се откриваат себеси и значењето што музиката го има во ова време на отуѓеност и површност.

Концертот на Олафур Арналдс не е само музички настан на годината на Балканот, ова е момент во просторот и времето кој може да инспирира на разни големи работи на генерации луѓе што сè уште не се сиурни во својот талент и своите чувства. Овој концерт се слуша со широко отворено срце.

Никола Бурагев

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура2 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија2 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион3 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија6 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет7 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија9 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија9 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија9 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија10 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет10 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа11 час

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија12 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион22 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион1 ден

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија1 ден

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Досие