Контакт

Изложби

Се отвора изложбата „Трета страна на стварноста“ во МСУ

Објавено пред

На 24 октомври, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Трета страна на стварноста“, курирана од Ивана Васева, а со дела од колекцијата на МСУ.

Постановката отвора повеќе дилеми на едно кондензирано место – што значи солидарноста кога станува збор за вредностите кои фрлаат нова светлина и обезбедуваат поинаков поглед кон постоечката целина на знаењето?
Дали современоста, гледана како антагонистички простор од повеќе делови од минатото може да ни посочи нови вистини, како дел од политичката желба за иднината? И дали има некои други аспекти кои можат да се земат превид при разгледувањето на нивното денешно значење?

Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција.

Во средината на постановката е и инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба.

„Тежнееме кон жалење или фалење кога нештата ‘ќе отидат во погрешна насока’ во институциите на културата, како протекувањето. Прашањето е: дали навистина работите одат во погрешен правец? Или дали протекувањето е дел од поголема потрага по праведност во современиот простор? Или, дали имаме некаква идеја за што навистина е тоа погрешно нешто? Овие прашања се важни за која било од институциите за современа уметност, како што се и институциите во Скопје. Она што ‘Архиликс’ го прави во најконтестираниот музеј во Скопје е обележување на протекувањата кои музејот ги имал, има и ќе ги има. Ништо помалку и ништо повеќе“, вели Јовановиќ.

„Архиликс“ е за вклучување на грешките во генералната наратива на општествениот простор“.

Во рамките на изложбата на 25 октомври (петок), во МСУ, со почеток во 19 часот предавање ќе одржи архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс.

Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Тој е моментално визитинг-професор на Дипломската школа за дизајн на Харвард и на Градскиот колеџ во Њујорк, Спитцер школата за архитектура. Вајс е основач на Normal Architecture Office, NAO.NYC и бил главен на истражување кај Herzog & de Meuron Архитекти во Базел. Тој е коосновач на School of Missing Studies. Страста на Вајс е да работи со уметнички визионери како Јона Фридман, Ан Тунг, Џени Холцер и низа на современи уметници и куратори. Над сè, тој сака да се поврзува со луѓе од секојдневието, инсталери, градители и кој било друг/а во процесот на правење нештата да се случат ин ситу. Вајс предавал и изложувал насекаде по светот.

Изложбата исто така одбележува и 55 години од формирањето на Музејот на современа уметност како музеј на солидарноста. А она што е важно во овој глобален капитализам, во контекстот на 21 век, е дека не само што заедништвото и грижата за заедничкото, надвор од флосулите, празните зборови и идеолошките непријатели, ни е дел од идентитетот, туку и единствена опција за иднината.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

Изложбата ќе биде отворена до 20 ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на филм-цртежи од иранскиот режисер Мохамад Али Саџади во Кинотеката

Објавено пред

Вечерва, во Кинотеката, од 19.30 часот, ќе се отвори посебна изложба со филм-цртежи на Мохамад Али Саџади, ирански режисер кој овие денови престојува во Скопје во рамките на Фестивалот на современите ирански и македонски филмови, кој се одржува во Кинотеката.

Филм-цртежите се извадени од филмот „Развод заради мачки“, со кој авторот ќе се претстави пред овдешната публика.

Авторот ќе биде присутен на отворањето на изложбата и заинтересираните може да дојдат до посед на некои од делата со потпис на авторот.

 

Прикажи повеќе...

Изложби

„На работ“, изложба на четворица млади уметници во галеријата „Акантус“

Објавено пред

Групната изложба „На работ“ на уметниците Ана Трајковска, Ива Станкова, Илија Прокопиев и Доротеј Нешковски ќе биде отворена в петок (14 февруари) со почеток од 20 часот, во галеријата „Акантус“.

Станува збор за четири млади автори кои ќе се претстават со дела изработени во различни техники и формати.

„Нивните дела се изработени во масен пастел, графички отпечаток, цртежи, акрил, масло на платно и други. Навидум многу различни, но сепак доволно (не)компатибилни за да направат една целина и да го прикажат уметничкиот израз за материјалната слика на работ“, информираат организаторите на изложбата.

Дијана Томиќ Радевска, куратор на оваа изложба, истакнува:

„Нивното искрено задоволство ќе се почувствува во предизвикот што го носи уметноста, возбудата од ‘лутањето’ (истражувањето) низ сопствениот јазик. Низ отворени структури и проблематики во исцрпените емотивни забелешки, односот на човек-град, човек-природа, човек-човек го оставаат отворен и целиот простор на работ на отворен запис кој може да се дополнува“.

Изложбата ќе биде отворена до 10 март.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворање на изложбата „Охрид/поглед од другата страна“

Објавено пред

На 5 февруари, во 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија, ќе биде отворена изложбата „Охрид/поглед од другата страна“. Поставувањето на изложбата е организирано од страна на Центарот за креативни индустрии – НЕБО од Суводол, Демир Хисар, во соработка со Музејот на Република Северна Македонија, кој ја поддржува оваа активност со отстапување на изложбениот простор.

Изложбата се реализира во рамките на проектот „Многу луѓе – многу погледи“, кој беше селектиран помеѓу десетте најдобри приказни на повикот „Приказни за европското културно наследство“ од страна на програмата Европски денови за културното наследство, поддржана од Советот на Европа и Европската комисија. Со тоа приказната-проект „Многу луѓе – многу погледи“ на Центарот за креативни индустрии – НЕБО доби финансиска поддршка од страна на програмата Европски денови на културното наследство за целосна реализација на предвидените активности.

Целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство како дел од заедничкото европско наследство преку очите на една маргинална група – психијатриски пациенти хоспитализирани во Психијатриската болница во Демир Хисар. Идејата да се вклучат лица со ментални болести е заснована врз европските вредности за почитување на слободата, демократијата, еднаквоста и почитувањето на човековите права, вредности што еднакво важат за секоја единка во светот во кој живееме.

На изложбата „Охрид/поглед од другата страна“ ќе бидат поставени ликовни дела и фотографии на група психијатриски пациенти, кои зедоа учество во две работилници и за кои беше организиран тридневен престој во Охрид и разгледување на неговото културно наследство. Преку практична работа учесниците имаа можност добиените знаења, созреани преку личното доживување, преку спознанието и идејата за културното богатство, да ги преточат во визуелна форма.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет4 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа5 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија6 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ8 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет9 часа

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт9 часа

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија10 часа

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ10 часа

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет11 час

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет11 час

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет12 часа

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Топ1 ден

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ1 ден

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа1 ден

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ1 ден

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа1 ден

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет2 дена

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија2 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Досие