Контакт

Култура

Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје

Објавено пред

В петок, 20 октомври, во Музејот на современата уметност – Скопје, во 20 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“, составена од дела на уметници што се во потрага по заемни мрежи на поддршка, исклучително потребни во состојби на општа несигурност, со намера да ги отстранат прекаријатниот општествено конструиран дискурс и неговите манифестации во контекст на глобалните сегашни и историски неправди.

Кураторкa на изложбата е Јованка Попова.

Уметници чии дела ќе бидат изложени во оваа поставка се: Дарко Алексовски (С. Македонија) , Мерием Бенани (Мaроко/САД) и Оријан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери (Косово/Холандија), Игор Грубиќ (Хрватска/Италија), Капвани Киванга (Канада/Франција), Илија Прокопиев (С. Македонија/Словенија), Зорица Зафировска (С. Македонија), Дријант Зенели (Албанија/Италија) и Лана Чмајчанин (Босна и Херцеговина/Австрија).

„Изложбата третира теми од низа историски и современи случувања, вклучувајќи глобални конфликти, родова експлоатација, колонијализам, расизам, нехуман третман кон мигрантите, суровост врз животните, здравствени кризни состојби, индивидуални и колективни состојби на кршливост и кревкост. Ставен е акцент на тоа како овие настани, процеси и ситуации продуцираат нееднаква динамика на моќ, насилство и штета врз маргинализираните, но и потреба да се најде начин за излез надвор од рамките на личното и политичкото затвореништво“, вели кураторката Јованка Попова.

Изложбата го нагласува и сомнежот кон апсолутизмот на антропоцентризмот како масовно моќен концепт, а и кон специфичните истории на неправди што ги крие. Политички и чувствено ги открива сложените вкрстени мрежи на ранливост и вина што постојат меѓу нас, другите видови и меѓу луѓето од минатото, сегашноста и оние што допрва доаѓаат.

Во она што се нарекува шок од антропоцентричност уметниците размислуваат за генерирање нови политички аргументи, нови наративи, нови јазици и нови начини на уметничко ангажирање за итно преиспитување на човечкиот и нечовечкиот живот надвор од воспоставените стандарди за вреднување и однесување.

Како резултат на тоа, изложбата има цел да го истражи колаборативниот опстанок развиен преку уметнички дела во кои антропоцентричното размислување се помирува во имагинација и наратив за преживување следејќи разни форми на поврзување, зависности и симбиози за заемно спасување.

Истовремено, ја испитува грижата како интимна врска што ги вкрстува социјалното и политичкото, субјективноста и солидарноста во рамките на емоциите, политиката, екологијата и заедницата.

Дизајнот на плакатот е на Илијана Петрушевска, инспириран од типографијата „Архетип отворена форма“ на Христина Иваноска.

Најново

Свет21 минута

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија25 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија29 минути

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија33 минути

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија36 минути

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија40 минути

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија2 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет2 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија2 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...