Контакт

Книги

Силни реакции кон „диктаторскиот роман“, еден од фаворитите за „Роман на годината“

Објавено пред

По објавување на финалистите за наградата „Роман на годината“, писателите Лидија Димковска и Сашо Коколанов изнесоа коментари за романот „Диссомнии“ од Игор Станојоски сметајќи ја неговата содржина скандалозна, која, како што велат, го слави диктаторскиот и недемократски дух.

„Диссомнии“ од Игор Станојоски во финале? Идеолошки, популистички роман, во македонски рамки: прогруевистички, во украински: про-Јанукович. Извртување на фактите за „Мајдан“ и за сè што се случуваше во Украина. Апологија на конзерватизмот, на диктаторскиот дух, на недемократијата. Роман каков што се надевам дека нема да има повторно во македонската книжевност. Игор Станојоски со ‘Диссомнии’- Радован Караџиќ на македонската книжевност“, со ваков фејсбук-статус писателката Лидија Димковска коментира по објавување на одлуката на  жирито за наградата „Роман на годината“, во која романот „Диссомнии“ на Игор Станојоски е еден од трите главни фаворити за престижна награда што од годинава ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

Кон нејзиното размислување се надовраза и писателот и публицист Сашо Коколанов, кој коментира дека иронијата е уште поголема роман со ваква содржина да го награди фондација што го носи името на лустрираниот Славко Јаневски.

„Ако некој напише прекрасен роман во кој ќе ни порача, на пример, дека холокаустот не бил толку лош колку што луѓето го опишуваат, дали треба да му се восхитуваме? Како се дели естетика од етика, јас сум книжевно неук, па еве се прашувам. Разните политички мислења се супер, тоа е смислата на различноста и на плурализмот, ама тука станува збор за цел еден вредносен систем што е нападнат со романот, а за кој треба да се бори секој нормален човек, со некакви морални вертикали во животот“, напиша во својот коментар Коколанов на статусот на Димковска.

Нивните размилувања се поистоветуваат и се реакција на содржината на романот, но не се однесуваат на неговата литературна вредност.

Од издавачката куќа „Антолог“ ни рекоа дека не сакаат да ги коментираат овие изјави и дека компетентното жири ќе реши за наградата и дека никој не треба да се меша во творечката слобода на авторите.

Во литературните кругови писателот Станојоски е карактеризиран како многу талентиран автор, но исто така е познато дека тој има нагласени десничарски ставови.

Овие реакции го отвораат прашањето за тоа каде е моралната граница на творците и дали доколку се утврдат неетички пораки, уметничката вредност станува секундарна.

„Што е следно? Лени Рифенштал ќе добие постхумно „Златна камера“ на Манаки за животно дело?“, иронично коментира Коколанов.

Другите романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ се „Одбројување“ на писателката Фросина Пармаковска во издание на „Или-или“, „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, чиј издавач е „Готен“ .

„Одбројување“ е трет роман на Фросина Пармаковска („Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“). Дипломирала општа и компаративна книжевност, а магистрирала на културолошките студии при Институтот за македонска литература.

„Апокалипса. мк“ е последниот роман на Бранко Прља, кој под псевдонимот Берт Стајн ги објави романите „3 минути и 53 секунди“ и „1 час и 30 минути“. Автор на повеќе збирки раскази.

Игор Станојоски, авторот на „Диссомнии“, дипломирал македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а докторирал на Институтот за словенска филологија „Сосновјец“ во Полска. Автор е на повеќе книги од областа на лингвистиката, како и на романите „Гаргара“ и „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“.

Добитникот на наградата „Роман на годината“, за која во официјална конкуренција беа 27 романи, ќе биде соопштен на 15 март, а по пат на тајно гласање за него одлучува жирито во состав: Давор Стојановски (претседател), минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Роман на годината“ 18 години претходно ја доделуваше лани згаснатиот „Утрински весник“.

(А. В.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Тројца светски издавачи на „Скопје фелоушип“

Објавено пред

Од

Јаника Ритер, уредничка на еден од најпознатите светски издавачи – германскиот „Зуркамп“, Џон О’Брајан, основач на најважната издавачка куќа од САД со фокус на преведувачка литература од Европа и Балканот, и Назлиџан Катабаш, литературна агентка од престижната турска агенција „Калем“, се гостите на програмата „Скопје фелоушип“, дел од 6. интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе се одржи од 27 до 29 мај во Скопје.

За македонските медиуми, Џон О’Брајан, кој беше гостин на фестивалот и пред две години, ги откри амбициозните планови во однос на промоцијата на нашата литература на американскиот пазар.
– „Далки архив прес“ планира повеќегодишна едиција на македонската литература и издавање по пет книги годишно, што ќе вклучи проширена маркетинг-програма, а и ќе ги доведе писателите во САД и во Ирска. Нашите очекувања се дека оваа едиција ќе придонесе писателите да бидат издадени и во други држави – најавува Џон О’Брајан, основач на најважната издавачка куќа од САД со фокус на преведувачката литература од Европа и Балканот.

Според директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски, чест е што во Скопје доаѓа Ритер, дел од еден од најважните издавачи во Европа. „Зуркамп“ е еден од најпосакуваните светски издавачи. Тоа е врвна референција за секој квалитетен автор, рамна на германскиот „Ханзер Ферлаг“ или францускиот „Галимар“. Чест ни е што Ритер ја прифати поканата бидејќи токму таа во „Зуркамп“ повеќе години работи во одделот за источноeвропска литература како помошник-уредник фокусирајќи се на литературата од Балканот. Со тоа ја продолжуваме нашата намера да не развиваме литературен туризам, туку да ги донесеме вистинските луѓе во Скопје, оние што на саемите во Франкфурт или Лондон се недостижни. Се надеваме дека гостите ќе придонесат за промоција на нашата литература“, вели Трајкоски.

Назлиџан Кабаташ, пак, доаѓа од литературната агенција „Калем“ од Турција. Големината и важноста на оваа агенција во 2017 година ја потврди и Саемот на книгата во Лондон наградувајќи ја сопственичката Нермин Молаоглу со наградата за најдобар литературен агент. Гостите од „Скопје фелоушип“ за време на фестивалот ќе се сретнат со членови на Македонската асоцијација на издавачите и со повеќемина писатели.

Програмата „Скопје фелоушип“ е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот, меѓу првите во регионот, воспостави програма посветена на овој профил на гости и продолжува со несмален интензитет. Целта на програмата е да ги запознае важните имиња од светот на издаваштвото со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на нашата литература, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот.

Во почетокот на наредната недела фестивалот ќе го најави и добитникот на наградата „Прозарт“, како и сите гости на фестивалот годинава. „Про-За Балкан“ и оваа година е во организација на „Икона“ и ќе има ист број гости и несмалена програма. Поддржан е од Министерството за култура со 200.000 денари, од „Традуки“, Делегацијата на ЕУ, амбасадите на Словенија и Хрватска и од Словенечката агенција за книга.

Прикажи повеќе...

Книги

Уредничка од легендарниот „Зуркамп“ и основачот на „Далки архив прес“ гости на „Про-За Балкан“

Објавено пред

Јаника Ритер, уредничка во еден од најпознатите светски издавачи – германскиот „Зуркамп“, Џон О’Брајан, основач на најважната издавачка куќа од САД со фокус на преведувачката литература од Европа и Балканот, и Назлиџан Катабаш, литературна агентка од престижната турска агенција „Калем“, се гостите на програмата „Скопје фелоушип“, дел од 6. интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе се одржи од 27 до 29 мај во Скопје.

За македонските медиуми Џон О’Брајан, кој беше гостин на фестивалот и пред две години, ги откри амбициозните планови во однос на промоцијата на нашата литература на американскиот пазар.

„Далки архив прес“ планира повеќегодишна едиција на македонската литература и издавање по пет книги годишно, што ќе вклучи проширена маркетинг-програма, а и ќе ги доведе писателите во САД и Ирска. Нашите очекувања се дека оваа едиција ќе придонесе писателите да бидат издадени и во други држави, најавува Џон О’Брајан, основач на најважната издавачка куќа од САД со фокус на преведувачката литература од Европа и Балканот.

Според директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски, чест е што во Скопје доаѓа Ритер, дел од еден од најважните издавачи во Европа.


„Зуркамп“ е еден од најпосакуваните светски издавачи. Тоа е врвна референција за секој квалитетен автор, рамна на германскиот „Ханзер Ферлаг“ или францускиот „Галимар“. Чест ни е што Ритер ја прифати поканата бидејќи токму таа во „Зуркамп“ повеќе години работи во одделот за источноeвропска литература како помошник-уредник фокусирајќи се на литературата од Балканот. Со тоа ја продолжуваме нашата намера да не развиваме литературен туризам, туку да ги донесеме вистинските луѓе во Скопје, оние што на саемите во Франкфурт или во Лондон се недостижни. Се надеваме дека гостите ќе придонесат за промоција на нашата литература“, вели Трајкоски.

Назлиџан Кабаташ, пак, доаѓа од литературната агенција „Калем“ од Турција. Големината и важноста на оваа агенција во 2017 година ја потврди и Саемот на книгата во Лондон наградувајќи ја сопственичката Нермин Молаоглу со наградата за најдобар литературен агент.

Гостите од „Скопје фелоушип“ за време на фестивалот ќе се сретнат со членови на Македонската асоцијација на издавачите и со повеќемина писатели.

Програмата „Скопје фелоушип“ е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости и продолжува со несмален интензитет.
Целта на програмата е да ги запознае важните имиња од светот на издаваштвото со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на нашата литература, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот.
Во почетокот на наредната недела фестивалот ќе го најави и добитникот на наградата „Прозарт“, како и сите гости на фестивалот годинава.
„Про-За Балкан“ и оваа година е во организација на „Икона“ и ќе има ист број гости и несмалена програма. Поддржан е од Министерството за култура со 200.000 денари, од „Традуки“, Делегацијата на ЕУ, амбасадите на Словенија и на Хрватска и од Словенечката агенција за книга.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Оди во кругот“ од Ристо Василевски

Објавено пред

Од

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Паркот на книгите, денеска во 12 часот ќе биде промовирана поетската книга „Оди во кругот“ од поетот Ристо Василевски.

За најновото дело на познатиот автор, за кое годинава ја доби наградата „Ацо Шопов“ на Друштото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга, ќе говорат Санде Стојчевски и Миќо Цветиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија35 минути

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија54 минути

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, Обвинителството не успеало да докаже дека...

Македонија2 часа

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија4 часа

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет4 часа

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија14 часа

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија15 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија21 час

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија23 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија1 ден

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Досие