Контакт

Култура

„Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“ во Музејот на современата уметност

Објавено пред

По повод осумнаесеттото издание на Италијанскиот ден на современата уметност на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современата уметност во Скопје, организираат уметничка изложба со наслов „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на овој иновативен уметнички проект на италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци претставува еден вид заокружување на нивното современо уметничко истражување реализирано во април 2022 година на падините на новосоздадениот Национален парк Шар Планина, проследено исто така и од локалните студенти од катедрата за уметност и дизајн при Универзитетот во Тетово.

Проектот исклучиво третира прашања поврзани со животната средина имајќи цел да ја стимулира јавната свест за важноста на природното наследство на Северна Македонија, како и да ја истакне уметничката вредност на нејзиниот биодиверзитет, особено по формирањето на овој нов национален парк, кој патем ја зголемува целосната површина на заштитено подрачје до 14 отсто.

Инаугурацијата на оваа уникатна уметничка колекција ќе се одржи в сабота, 8 октомври 2022 година, во 12 часот, во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје.

Уметничките дела ќе бидат изложени до 26 октомври 2022 година, во првата изложбена сала, а потоа некои од нив ќе бидат донирани на Музејот (кој веќе вбројува значајна донација на италијански современи уметнички дела), како и на институциите вклучени во проектот. Некои од инсталациите ќе бидат оставени на самиот терен каде што биле создадени (Шар Планина) како симбол на логичко затворање на природниот круг.

Изложбата е организирана со поддршка на Министерствата за култура и за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, а во соработка исто така и со Националниот парк Шар Планина, Планинарскиот клуб „Љуботен“ и Македонското еколошко друштво.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Промоција на „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Објавено пред

В среда, 30 ноември, во Културно информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана книгата „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска, во издание на Центарот за култура и културолошки студии. Промотори се Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски.

dobivaj vesti na viber

Во книгата се застапени 57 раскази, поделени во седум циклуси: „Деконструкција на танатосот“, „Деконструкција на празнината“, „Деконструкција на дијалогот“, „Деконструкција на домот“, „Деконструкција на живиот текст“, „Деконструкција на поезијата“ и „Деконструкција на поезисот“

Како што ќе одбележи Борче Панов во поговорот на книгата, „Даниела Андоновска-Трајковска жестоко ја напаѓа празнината од сите агли и дискурсите на еросот, танатосот и поезисот како врховен генезис на една животна драма. Таа ја поставува празнината како распетие на антиматеријата која практично не е празнина, туку густа исполнетот. Токму поради тоа нејзините записи во оваа книга повеќе наликуваат на епистоларен дневничен композит со шармот на интима, на кореспондеција со најдлабокото во самата себе. И токму тука се случува метаморфозата на овој лирски прозен феномен со кој практично се случува промената и деконструкцијата на празнината.“

„Даниела Андоновска-Трајковска ја поставува празнината како едно распетие на антиматеријата, која, практично, не е празнина, туку густа исполнетост. Токму поради тоа, нејзините записи во оваа книга повеќе наликуваат на епистоларен дневнички композит, на кој му го дава шармот на интимата, на кореспондецијата со најдлабокото во самата себе. Во деконструкцијата на поезијата писателката ни ја открива последната димензија на генезисот: Уметноста е концентрат што експлодира во читателот. Ги читаме расказите и разбираме дека празнината е најгуста во поезисот, кој е сличен на отровот, кој во мали дози е лек“, вели Панов.

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола. Член е на: Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна, Битолскиот книжевен круг (БКК) и Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде во два мандата била претседател на Уредувачкиот совет. Главен уредник е на книжевните списанија „Раст“ (БКК) и „Современи дијалози“ (МНД). Има објавено над 100 научни трудови, 9 книги поезија, книга со раскази, коавторска поетска книга на англиски јазик во Индија, книга на арапски јазик објавена во Обединетите Арапски Емирати, коавторска песнарка за деца, две меѓународни публикации од областа на образованието и еден универзитетски учебник. Преведена е на над 40 јазици и добитник е на неколку книжевни награди меѓу кои: Празник на липите (ДПМ, 2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019), Караманов 2019 за поезија, Македонска книжевна авангарда (2020), Abduvali Qutbiddin (Узбекистан, 2020), Premio Mondiale “Tulliola-Renato Filippelli” (Италија, 2021), “Città Del Galateo – Antonio De Ferrariis” (Италија, 2021) и „Ацо Шопов“ за „Математичка поезија“ (ДПМ, 2020).

Прикажи повеќе...

Култура

Ретроспектива на филмовите на Јиржи Менцл: смешната страна на тоталитаризмот, со и без мустаќи

Објавено пред

Од 1 декември до 11 декември – Кинотеката, во соработка со Амбасадата на Чешката Република – организира голема ретоспектива на легендарниот чешки режисер и глумец Јиржи Менцл (Jiří Menzel). Оваа ретроспектива ќе биде отворена со филмот СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ (Ostře sledované vlaky/Closely Observed Trains), дебитантски долгометражен игран филм на Менцл (1938-2020), со кој освои „Оскар“ за најдобар странски филм во 1967 година.

dobivaj vesti na viber

До 11 декември, во термините од 20 часот, во кинотечната сала ќе бидат прикажани уште осум наслови на Јиржи Менцл: СТРИЖЕНО-КОСЕНО (Postřižiny/Cutting It Short), ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА (Skřivánci na niti/Larks on a String), омнибусот БИСЕРИ НА ДНОТО (Perličky na dně/Pearls of the Deep) во кој Менцл е еден од четирите автори, СНЕЖEН ФЕСТИВАЛ (Slavnosti sneženek/Snowdrop Festivаl), СЕЛО МОЕ МАЛО (Vesničko má středisková/My Sweet Little Village), КРАЈОТ НА СТАРИТЕ ВРЕМИЊА (Konec starých časů/The End of Old Times), ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ СО КАМЕРА (Báječní muži s klikou/Those Wonderful Men with Crank) и САМОТИЈА ВО ШУМАТА (Na samotě u lesa/A Cottage Near the Woods).

„Не можеш, брат, да се бориш против сила што не ја знаеш и не ја гледаш“, велеше Кудуз, главниот лик во истоимениот филм КУДУЗ на Адемир Кеновиќ од 1989 година. А можеш ли и како да се бориш против силата што ја гледаш? На пример, ако таа сила најчесто е некој недемократски, тоталитарен режим?

Одговори на ова прашање има многу, но едно од нив има посебен шмек: се работи за хуморот во чешка верзија, кој обилно го користеа писателите и режисерите во некогашна Чехословачка во периодот од завршетокот на Втората светска војна, па до падот на Берлинскиот ѕид и распадот на СССР, во чија геополитичка орбита принудно гравитира оваа земја.

Со должната почит кон дузина автори од чешкиот нов бран – од средината на шеесеттите, па сè до крајот на осумдесеттите години од минатиот век – се чини дека филмовите на Јиржи Менцл, чија честа сценаристичка предлошка се литературните дела на Бохумил Храбал, се најдобар пример на тој луциден хумор со кој се рушат тоталитарните бастиони. И тука не се работи само за комунистичкиот режим во Чехословачка. Барем според книгите и филмовите, меѓу кои најпластичен пример е романот „Името на розата“ (1980) на Умберто Еко и истоимената екранизација (1986) во режија на Жан-Жак Ано, смеата била прогонувана уште од најстарите државни уредувања, од античко време па до ден-денес. Затоа кај Еко и Ано се актуализира случајот со изгубениот спис на Аристотел – „За комедијата“ и зошто останал непознат за човештвото: смеата е најголемиот кошмар на тирани(и)те.

Кај Менцл таа борба со помош на хуморот можеби не е директно брцнување прст во „окото на тоталитарната власт“, туку потег што може фигуративно да се опише како потсмешлива иронична интервенција во стилот на цртање мустаќи или големи уши на иконичните слики на големите диктатори. Всушност, Хитлер и Сталин веќе имаа мустаќи – па во борбата со првиот јунак од СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ мораше да ја подметне главата – но, Менцл им ги црташе мустаќите на нивните наследници…

Менцл знаел и да склучи пакт со властодршците од тогашниот комунистички режим за да може да снима, во одреден период снимал неполитички“ филмови но одново му се враќал на неговиот стил со кој остана препознатлив во чешката и светската кинематографија.

Завршил режија на прочуената академија ФАМУ во Прага, кај професорот и режисер Отокар Вавра. По СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ, снимен според истоимениот роман на Бохумил Храбал (Bohumil Hrabal), почнала плодната соработка со култниот писател. Меѓу другите наслови, Менцл го сними и филмот МУ СЛУЖЕВ НА АНГЛИСКИОТ КРАЛ, според прозата на Храбал.

Во 1969 го сними филмот ПТИЦА НА ЖИЦА, кој беше забранет до 1990. Таа година филмот беше прикажан на Берлиналето и ја доби наградата на филмската критика ФИПРЕСЦИ, а Менцл рамноправно ја сподели главната награда „Злетна мечка“ со Коста Гаврас (за филмот МУЗИЧКА КУТИЈА).

Во кинематографскиот опус на Менцл се забележани 20-ина наградувани наслови. Менцл вторпат бил номиниран за „Оскар“ во 1987 година за филмот СЕЛО МОЕ МАЛО, а во 2003 година ја доби и Наградата за посебен придонес во филмот на фестивалот во Карлови Вари. Глумел во повеќе од 80 филма, а познат е и по своите поставки на театарските сцени во Чешка и светот.

Во 2000 година Менцл беше гостин на промоцијата на неговата книга преведена и објавена на македонски јазик во Скопје, каде што ја прими наградата за животно дел на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Во 2009 година Јиржи Менцл беше гостин на Кинотеката и беше прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелните уметности ЕСРА (денешен „Европа прима“) во Скопје. Церемонијата се одржа во киносалата на Кинотеката.

Програмата ТУКА.

Прикажи повеќе...

концерти

„Раат“- електроакустична ѓурултија со Џијан Емин

Објавено пред

В четврток, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот со наслов „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Концертот е електроакустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите.

„Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.

Најубавите работи во животот – љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините – се бесплатни и не може да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот што може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места. Сите си имаме свој раат, на разни места и во разни нешта, но чувството е исто… раат.

Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во која едно време и самиот беше член. Име и презиме, кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна. Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминативе неколку години, во некои од нив и како оркестратор привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

На пример, масовните концерти „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар, со еден од пионерите на детроитската техносцена, Дерик Меј, и повторно Македонската филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Франција), потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне инспиративна, минатогодишниот концерт „Париз, те сакам“ по повод Денот на вљубените, на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој исто така излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта), мултимедијалниот проект Neuland Sensorium, што се одржа во „Мала станица“, а кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфонискиот концерти за деца, на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичарите на Македонија…

„Секој уметник што се стреми да биде голем презема храбри чекори и одговара на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини, кои носат воспоставување нови медиуми“. Токму тоа Џијан Емин во разни форми и жанрови досега умешно го прави тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика, која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент…

Вели дека не може да ги наброи сите свои досегашни проекти и соработки затоа што се многу. Сепак, ќе издвоиме уште неколку од нив: концертите како хорнист со Македонската филхармонија, но и со Белградската, концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите, како што се „Проект жлуст“, Д.Н.О., Квартетот на Георги Шаревски, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, многуте дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање филмска музика „Фејмс“, меѓу чии проекти се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди, која го одбележа најголемиот новогодишен огномет, кој беше во Дубаи, соработки со Малколм Брн, продуцент што работел и со „У2“, Питер Габриел или Боб Дилан, потоа со Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер…

За Џијан Емин, музиката има магична моќ. На разни начини успева да нè води низ времето, ни ги пренесува мудростите на животот, среќата, радоста, тагата…, несвесно влијае на нашиот разум и нè прави подобри луѓе. Тој го следи своето срце, кое, признава, му нанело многу болки, но за возврат денес ја има слободата што носи безмерна среќа, а која сака да ја споделува со луѓето.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар...

Економија7 часа

Евростат: На Европejците сè потешко им е да врзат крај со крај

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува...

Европа9 часа

Француски пратеник: „Зеленски сака да ја вовлече Европа во трета светска војна, тој е опасна личност“

Франција треба да престане да му доставува оружје на Володимир Зеленски, кој се обидува да започне трета светска војна, рече...

Топ10 часа

Приведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје

Ноќеска по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје. Имено, според полицијата, денеска...

Европа10 часа

Вучиќ од Норвешка: Ситуацијата на Косово врие, Курти се повикува на силата на западните земји

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв....

Економија11 часа

Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-директорот...

Економија13 часа

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Топ14 часа

Воз прегази маж на пругата Битола – Скопје

Патнички воз прегази машко лице – пешак на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река. Во...

Македонија15 часа

Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката поради инцидентот со 10-месечното дете

Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика...

Македонија15 часа

Историската комисија не преговара за црковниот статус на МПЦ-ОА

Членовите на македонскиот тим во заедничката мултидисциплинарна и експертска Комисија за историски и образовни прашања тврдат дека не преговараат за...

Свет17 часа

Зеленски до Украинците: Доаѓаат нови напади, Русите нема да се смират сè додека имаат проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека Русија сигурно ќе изврши нови ракетни напади врз неговата земја и ги...

Свет17 часа

Кличко му одговори на Зеленски: „Не сакам да се вовлекувам во политички битки“

Градоначалникот на Киев, поранешниот професионален боксер Виталиј Кличко, рече дека нема смисла да се расправа одговарајќи на критиките од Зеленски...

Македонија18 часа

СДСМ: Хаос со превозот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде катастрофа

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на градот Скопје, обвини владејачкиот СДСМ....

Свет18 часа

Русија: Нуклеарката „Запорожје“ останува под наша контрола

Нуклеарната централа „Запорожје“ во Енергодар останува под руска контрола, соопшти градската управа. „Медиумите активно шират лажни вести дека Русија наводно...

Свет18 часа

Авион се заплетка во кабли на далновод, па над 120.000 луѓе останаа без струја во Мериленд

Мал приватен авион вчера се урна во високонапонски далноводи на 50-ина километри северно од Вашингтон. Ова доведе до голем прекин...

Македонија18 часа

Блокада на крстосницата кај „Мавровка“ поради протест на приватните превозници

Посебен сообраќаен режим утрово на булеварот Гоце Делчев и на булеварот Крсте Петков Мисирков и околните улици поради најавениот протест...

Свет1 ден

The Telegraph: Талибанците заработија милиони од Светското првенство во Катар

Талибанците заработија милиони на Светското првенство со обезбедување градежна опрема за изградба на стадион во Катар, тврди британски Телеграф. Високи...

Европа1 ден

Борел: Можно е војната во Украина да не заврши

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека „можно е војната во Украина да не заврши, да се одолговлекува како...

Европа1 ден

Енергоатом: Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа во Запорожје

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом рече дека има знаци дека руските сили се подготвуваат да ја...

Топ1 ден

На нива почина 63 годишен струмичанец, удрил со главата во метална шипка

На 26.11.2022 во 16.16 часот било пријавено дека на нива, атар на с. Моноспитово-Струмичко, Ј.Ј.(63) додека извршувал земјоделски работи со...