Контакт

Актуелно

СОКОМ бара Алаѓозовски да ја преиспита одлуката за поништување на конкурсот за откуп на композиции

Објавено пред

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ повторно се огласи по поништувањето на конкурсот за откуп на нови композиции за 2017. Во соопштението авторите што биле избрани на конкурсот бараат од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, да ја преиспита одлуката.

„Соопштението на Министерството за поништување на конкурсот содржи информации, ирелевантни за самото поништување. Цитирани се неколку делови од пропозициите (роковите за поднесување на пријавените дела, но и потребата за поднесување на пријавите под шифри), кои немаат никаква врска со поништувањето на конкурсот. Вметнувањето на овие цитати е пиар-трик на Министерството со намера да се создаде впечаток дека авторите што се наградени го компромитирале процесот“, реагираа СОКОМ.

Соопштението, додаваат од таму, непотребно ја подучува јавноста за разликата помеѓу објавувањето на одлуките на тричлената комисија назначена од министерот и објавувањето на решенијата на министерот. Истовремено, се вели во соопштението, недостига вистинската причина зошто министерот не постапил по препораките на истакнатите професионалци, кои самиот ги назначил како членови на комисијата?

„Соопштението избегнува да наведе јасно: какви се административните пропусти и кој ги направил? Со тоа потполно ја промашува својата цел. Од најавата за дисциплинските санкции кон вработени во Министерството се наѕира дека пропустите се направени внатре во Министерството. Сепак, одговорен за планирањето, координацијата и квалитетот на работата на Министерството е токму министерот за култура. Од преземањето на должноста на 31.5.2017 министерот имаше време да ја планира и координира работата на Министерството за веќе по истекување на рокот за пријави на 31.10.2017, да располага со доволно човечки и технички ресурси за да се справи со пријавените дела. Зошто министерот не го направил тоа, а го направил темелно во други сегменти од работата на Министерството?“, прашува СОКОМ.

Според нив, спомнувањето организирање повторен конкурс и напомената дека наградените автори од поништениот конкурс ќе може да конкурираат вторпат е вметнато како уште една пиар-мерка, со која Министерството сака да покаже дека се грижи за ситуацијата на наградените автори.

„Соопштението воопшто не се осврнува на претрпената штета на авторите, чии дела се наградени во поништениот конкурс. Министерството не им се обрати ниту да ги извести за доцнењето на процедурата на вреднување, ниту да ја објасни скандалозната пишман-објава, ниту да ги извести за споменатите пропусти. Одговорите дадени на поединци во разни етапи во текот на долгото исчекување на резултатите се контрадикторни. Досегашните информации создаваат јасна слика за бесрамно фабрикување причини за оваа груба и арогантна повреда на правата и интегритетот на петнаесет композитори, чија повеќемесечна макотрпна работа е обезвреднета“, се вели во соопштението.

Авторите наведуваат дека може само да се претпостави дека на министерот не му се допаднал списокот со наградени автори и планира во повторeниот конкурс да се ангажира административно за да се дојде до список што нему му се допаѓа. „Поради очигледниот недостиг на релевантни причини за поништувањето на конкурсот, го повикуваме министерот да ја преиспита одлуката и да ги преземе обврските пропишани во конкурсот“, се вели во соопштението под кое се потпишани Јана Андреевска, Андреј Блажевски, Валентина Велковска-Трајановска, Кокан Димушевски, Филип Иванов, Илија Илиевски, Горан Начевски, Ана Пандевска, Бојана Петровиќ, Сони Петровски, Драган Стојковски, Тодор Трајчевски, Благој Цанев и Панде Шахов.

Актуелно

Најдоброто од „Киненова“ повторно во Кинотеката на Македонија

Објавено пред

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ повторно ќе ги прикаже филмовите што ги понесоа наградите на овогодишното издание на фестивалот, но и филмови што предизвикаа силен интерес кај публиката и филмофилите.

Репризната програма се отвора в сабота во 20 часот со апсолутниот победник на годинашното издание на „Киненова“, филмот кој ги освои срцата на жирито, контроверзниот „Блискост“ на рускиот режисер Кантемир Балагов, кој ги доби трите главни награди во Скопје: најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра режија.

Следниот ден, в недела, двојно кино-задоволство: од 18 часот ќе биде прикажан филм од перуанската кинематографија, наградуваниот „Ретабло“ на авторот Алваро Делгадо Апарисио, приказна која нè носи на прекрасните Анди и низ визуелно супериорен пејсаж ни раскажува за малите луѓе, кои секогаш со себе носат неоткриени тајни. Во 20 часот, како фино надоврзување, уште еден визуелен спектакл, големото пријатно изненадување од соседната, бугарска кинематографија, филмот „Ага“ на Милко Лазаров, кој пред само два месеца го освои „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал.

Билетите чинат 50 денари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Мултимедијален концерт „Сонувања за заборавеното“ во Прилеп

Објавено пред

Во салата на киното „Мис Стон“ во Прилеп беше изведен несекојдневен мултимедијален концертен перформанс насловен „Сонувања за заборавеното“. Публиката во Прилеп имаше ретка можност да присуствува на одличен музички настан кој беше базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминираше изведба на класичната западноевропска музика од 17 и 18 век, кон која како контрапункт беа вклучени нејзините источни паралели.

Идејата на проектот беше да се направи споредба на музичкото творештво на нашите простори со она во западноевропските центри и на сето тоа да му се даде поширока рамка поврзувајќи ги музичките и историските збиднувања.

Низ динамичната и експресивна изведба на сопранот Ана Митоска Стојаноска, зачинета со нарацијата на актерот и режисер Димитар Ѓорѓиевски, за првпат на македонска почва беа изведени дела од Франческа Качини, Доменико Скарлати, Барбара Строци, Георг Ф. Хендл, но и византиски и народни изворни песни како „Море два се змеја“ и „Домаќине гости ти дојдоа“. Во проектот свој белег оставија и Верица Шотаровска – пијано, Катерина Попоска – мецосопран, Гоце Секулоски – труба и вокал, Денис Најдоски – пијано и вокал, Антониј Колевски – вокал и Милан Секулоски – актер.

Публиката беше воодушевена од настапот, а носителот на проектот, Ана Митоска Стојаноска, најави можност за гостување низ другите градови во Македонија, со цел и пошироката македонска јавност да може да ужива во овој уметнички перформанс.
За време на целиот настап сликаше уметничката Бојана Артиновска – Трпческа, а техничката и визуелна реализација беше дело на Томе Темелкоски и Саша Нацевски.

Прикажи повеќе...

Актуелно

За изложбата „100 години Требениште“, Владата ќе потроши 1,2 милион денари

Објавено пред

Владата ќе потроши 1,2 милион денари за реализација на меѓународната изложба „100 години Требениште“.

„Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рамките на предвидените средства потребни за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија да обезбеди парични средства во износ од 1.200.000 денари во рамките на средствата обезбедени од државниот буџет за реализација на меѓународната изложба ‘100 години Требениште’“, соопшти Владата.

Од таму информираат дека по повод 100 години од првите истражувања на некрополата Требениште кај Охрид, Археолошкиот музеј на Македонија, Националниот археолошки институт со музеј – Софија и Народниот музеј Белград, во името на пријателските односи и соработката во областа на културно-историското наследство и научното истражување, ќе организираат три заеднички изложби, кои ќе се одржуваат последователно во Скопје, Софија и во Белград. Изложбата ќе се одржи во периодот од 15 ноември до 15 мај 2019 година.

„Изложбите се посветени на промоција на заедничките европски вредности и европската интеграција на Западен Балкан, прогласена за главен приоритет на надворешната политика на трите држави – Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија. Со изложбата ќе се претстави дел од богатото културно наследство на Република Македонија, кое се наоѓа во три држави, пред пошироката јавност, со што таа одблизу ќе биде запознаена со еден од најзначајните локалитети од Република Македонија“, велат од Владата.

Изложбата, се додава во соопштението, ќе биде несомнено најголемиот промотор на македонското културно-археолошко наследство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска,...

Македонија2 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија2 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Македонија4 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија5 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија7 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија8 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Македонија10 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Македонија10 часа

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет10 часа

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет11 час

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија12 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија14 часа

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија1 ден

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија1 ден

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет1 ден

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија1 ден

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Досие