Контакт

Култура

Сонати за флејта и пијано вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Фестивалот Охридско лето за љубителите на уметноста вечерва носи ново музичко доживување преку настапот на флејтистот Елвис Руди и пијанистот Марин Ѓолма од Албанија, соопштуваат организаторите и додаваат дека вечерашниот концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“.

„Формирањето на првата класа флејтисти во Албанија била резултат на голема волја и напорна работа на оние што биле професори на тогашниот уметнички лицеум. Ова е и времето кога Елвис Руди започнува да го изучува инструментот флејта под менторство на Мирела Селеница и Исуф Спахиу. Своите студии ги завршува на Универзитетот за музика во Букурешт кај професорот Виргил Франк, по што се враќа во Тирана, каде што започнува да работи како асистент предавач на Академијата за уметности. Подоцна оваа институција е преименувана во Универзитет за уметности, а титулата на Руди прераснува во асистент професор“, стои во соопштението испратено од организаторите.

Оттаму додаваат дека Марин Ѓолма, пак, своите додипломски, постдипломски и докторски студии ги завршува на Универзитетот за музика во Карлсрух, Германија, под менторство на познатата бразилска пијанистка Фани Солтер.

По ова следува неговото усовршување на мајсторски курсеви кај познати професори и музичари. На полето на камерната музика соработувал со еминентни артисти, меѓу кои и Мартин Остертаг, како и многубројни оркестри. Добитник е и на повеќе награди на национални и интернационални натпревари по пијано од 1998 до 2011 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Концертна промоција на албумот „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ

Објавено пред

Во салата „25 мај“ во МКЦ, на 20 април (сабота), во 21 часот, ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на Сашко Костов со наслов „Крик и прашина“.

Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката, се вели во соопштението од МКЦ.

„Осумте песни – ‘Прашина’, ‘Еј, еј’, ‘Ништо посилно’, Living, ‘Неонски хаос’, ‘Еве ти сон’, ‘Здив’ и ‘Последна’ – ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн со разни предизвици, и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања“, додаваат од таму.

Албумот „Крик и прашина“ се оценува како оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.

Целта на Костов била самостојно да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, со текстови на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска.

Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свират на целиот албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости во по една песна.

На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од него на вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, како и Симон Облешевски и Мартин Џорлев на клавијатури.

Прикажи повеќе...

концерти

„Реквием“ на Верди на сцената на Македонската филхармонија

Објавено пред

На 25 април, овој четврток, во 20 часот Филхармонијата заедно со Хорот на oперата и врвните солисти – Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков (Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – „Реквием“ од Џузепе Верди.

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза.

„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло-мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растоваруваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.

„Само гениј би можел да напише вакво дело“, изјавил композиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише дека „Реквием“ на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…

Прикажи повеќе...

Култура

На „Скопје филм фестивал“ почна ретроспективата на Мето Јовановски

Објавено пред

Со врачувањето на Повелбата за исклучителен придонес во филмската уметност, синоќа во Кинотеката започна омажот на Мето Јовановски, кој е дел од програмата на 22. издание на „Скопје филм фестивал“.

Заблагодарувајќи му за легендарните улоги, повелбата му ја врачи директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.

„Има актери кои умеат така лесно да ве убедат во невозможното, има актери кои умеат на сè да му дадат свој печат, има актери кои умеат секоја ролја да ја направат незаборавна, има актери чија умешност едноставно ве остава без здив, има актери кои така неверојатно ги минуваат границите. Има актери за кои не сте сигурни дали го одбележале македонскиот филм или се претвориле во таков симбол по кој македонскиот филм го препознаваме. И не само филмот. Мето Јовановски е еден од оние актери кои го одбележаа македонското глумиште бидејќи без оглед дали се работи за филм или за театар неговите ролји, мали или големи, секогаш остануваат во паметење. Неговата харизма, неговиот талент, неговата особеност, без нималку претерување, се нешто кое умее на секоја улога да ѝ даде не само живот, туку боја, сила, карактер, умее да ѝ даде таков печат, кој не може никого да го остави рамнодушен“, се вели во образложението на „Скопје филм фестивал“.

Заблагодарувајќи за признанието, Јовановски рече дека радоста најмногу ја споделува со најмладата генерација која со себе носи нов филмски сензибилитет ослободен од сите стереотипи и малограѓански предрасуди.

„Да се биде актер, филмски работник, соработник, да се биде дел од филмска екипа, да се влезе во светот на креативноста, во тој тајновит волшебен свет и барем за миг да се заборави тој црно-бел свет со желба да се преточи животот во возвишен и креативен чин е чест и привилегија, но и одговорност пред оние за кои постоиме, а тоа се нашите гледачи, публиката која знае да ја вреднува нашата уметничка, креативена работа и со кои заедно го славиме творештвото – уметноста и животот како највисока универзална вредност. Да ги славиме филмот и уметноста како зрак светлина против мрачните стереотипи и сè она што ја убива душата човекова“, рече Јовановски.

По свеченоста беше прикажан филмот „Кога ќе осамне ден“ (2015) во режија на Горан Паскаљевиќ.

Кинотеката и „Скопје филм фестивал“ во овој омаж на Мето Јовановски прикажуваат вкупно осум филмови. Тоа се неговите улоги кои ги играше во регионот бидејќи Јовановски го одбележа македонското глумиште, но и југословенското и многу пошироко.
Во новата фестивалска локација, кафе-кино „Котур“ се одржа проекција на краткиот документарен филм „Виолината на Џо“ („Joe’s Violin“), кој во 2017 година беше номиниран за Оскар, а потоа и средба со Кахејн Куперман (Kahane Cooperman), американска авторка, продуцентка и режисерка, која го претстави филмот и одговараше на прашањата од публиката.

Филмот е вистинска сторија за Џо, жител на Њујорк, кој го преживеал холокаустот и на повик на една хуманитарна организација, решава да ја донира својата виолина која му помогнала да ги преживее најтешките моменти во животот. Донацијата оди во едно училиште во Бронкс, ја добива 12- годишно талентирано девојче што тешко го преживува разводот на родителите. Се работи за фасцинантна и трогателна приказна, особено кога ќе се сретнат девојчето и старецот.

„Се возев во автомобил, кога на радио слшнав повик за донирањеа инструменти за училиштата во Њујорк, си помислив дека сите тие донирани инструменти имаат своја приказна и решив малку повеќе да истражам. Успеав да стапам во контакт со Џо и уште на нашата прва средба сфатив дека неговата животна приказна, чиј дел е виолината, е навистина исклучителна. Почнав со снимање со свои средства, а дури потоа успеав да соберам повеќе пари за продукцијата на филмот. Највозбудливо беше кога се сретнаа Џо Фајнголд и Бријана Перез, ќерка на имигранти од Доминиканска Република. Таа, иако беше толку млада, разбира дека инструментот е важен сам по себе. Кога првпат се запознава со Фајнголд, таа му ја свиреше трогателната ‘Песната на Солвеиг’, последното што го слушнал од мајка му пред да го однесат во логор“, рече Куперман.

Кахејн Куперман е наградувана авторка на документарни филмови и телевизиска продуцентка. Таа продуцирала седум кратки документарни филмови за аутизам, а режирала два од нив за Ејч-би-о. Неодамна беше и извршна продуцентка и режисерка на „Ладнокрвно: убиствата на семејството Клатер“, четиричасовна крими серија за вистински криминалци за Санденс ТВ на „Амазон прајм“. Таа била извршна продуцентка за „Њујоркер претставува“, серија за „Амазон прајм“. Од 1996 до 2015 година работела во познатата телевизиска емисија „Дејли шоу со Џон Стјуарт“.

„Најтешите моменти ни беа кога се случуваа големи трагедии, како 11 септември и пукањата во американските училишта. Како да правите хумор од тоа. Но Џон Стујарт беше извонреден да ја најде вистинската мерка“, раскажуваше Куперман, која во Скопје гостуваше со поддршка на американската амбасада.

Од денешните настани, (19 април) освен проекциите на филмовите, организаторите го издвојуваат свеченото отворање на програмата „Деновите на квир-кино“ во киното „Фросина“, од 20 часот, кога ќе биде прикажан филмот „Потреси“.
Програмата и распоредот на филмовите и настаните видете ги тука. 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 20191 час

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа2 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион2 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион4 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион10 часа

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 201911 час

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ11 час

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ12 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет12 часа

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа12 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет12 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 201913 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет1 ден

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20191 ден

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија1 ден

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Досие