Контакт

Изложби

,,Сопство” – изложба на Симона Манчева во МКЦ

Објавено пред

Во Галеријата на МКЦ во 20 часот ќе се отвори изложбата „Сопство“ на Симона Манчева. Таа е родена 1989 во Кавадарци. Во 2011 дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство.

,,Сопство е концептот што го имаме за себеси. Сопство е сѐ она што ја прави една личност. Декарт вели ‘Мислам, значи постојам’, додека Барбара Кругер вели ‘Купувам, значи постојам’. Овде е прикажано физичкото и мислечкото битие на човекот. Низ историјата човекот го менувал концептот за себеси.

Умствениот капацитет на човекот е менувачки и минлив, исто како и телото. Сѐ до ренесансата сопственик на нашите тела се сметал Бог. Телото како убаво и добро, чиј сопственик е човекот, се појавило со деконструкцијата на групните идентитети, со порастот на индивидуализмот и слабеењето на црквата.Атрибуираниот, субјективниот и оптативниот идентитет се „зависни“ од телото, од биолошкиот идентитет. Од самото раѓање (пол), па низ целиот живот (здравствена состојба, возраст) ние се бориме со ограничувања за тоа каде, како (ни доликува) треба да се однесуваме.Изворот на нашите ставови и задоволства пред сè ментален или телесен? Телото е наш понекогаш верен, понекогаш палав, а понекогаш предавнички настроен придружник.

Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата.Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи, кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби. Родовата дискриминација, наследените стереотипи, родовиот, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, различноста и варијациите на човекот и неговото тело се цел на моите истражувања каде што разбирањето на сите контрадикции и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да се интервенираат и да се преиспитаат овие општествени конструкти”, вели авторката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Во Пионерскиот дом во Гевгелија изложба на скулптури од Слободан Милошески

Објавено пред

Во Пионерскиот дом во Гевгелија, в петок, со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации“, од авторот Слободан Милошески.

„Милошески со ова негово претставување го потврдува кинетизмот како тенденција во неговиот израз, но не само во формата туку и во уметничкиот, естетскиот, но и во идејниот израз. Оттука, кинетичноста, динамизмот кај авторот има не само формална, ами и идејно-суштинска смисла. Неговите дела, иако во конкретната поставка се со мали димензии, не се само апстрактно-асоцијативни формации, туку тие се и аксиолошки, вредносни системи. Динамизмот, како примарно својство на делата на овој автор, одамна е средство преку кое тој ги гради овие аксиолошки вертикали, асоцијации на авторовиот, но и општочовечкиот вредносен стремеж. Визуелно овие форми никнуваат од земјата, устремувајќи се кон небото, со што тие вредносни тенденции некако стануваат онтолошки и метафизички фундирани и аксиолошки насочени.

Скулпторските дела претствени на оваа изложба концепциски се повеќедимензионално поврзани и претставуваат процес во тек, при што тие заеднички си потопомагаат во истрајноста на просторното коегзистирање. Секоја единка во однос на опкружувањето е поставена како елемент на комуникација, своевиден реквизит на уметничката акција. Овие уметнички дела се богати со неисцрпни енергетски потенцијали во изразување на субјективната визија. Во нивната затворена или отворена морфологија доследо е донесена компактната карактеристика на линиска цврстина и рационализам во изведбата.

Но, конечно и можеби најважно, неговата скулптура има изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен. Со тоа, естетитиката на овие дела станува комплетна затоа што станува и естетика на рецепцијата. Гледачот е повикан да учествува во тој динамизам, станувајќи просто вовлечен во растот со што овие, на прв поглед, рационални форми, сепак се доживуваат како длабоко човечки движења во потрага по спокојот. Иако геометриско-кубистички, делата на Милошоски сепак се човечки, премногу човечки“ – вели естетичарот проф. д-р Трајче Стојанов, во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 21 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 60 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во простор меѓу кои: Скулптура на Живо Чинко, Ристо Шишков, спомен-облежјето на Првото заседание на АСНОМ, скулптура на Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Муза (наменета за фасада на објектот „Стар театар“), како и две скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Мост“ претставена пред ресенската публика

Објавено пред

Уште еден производ на заедничката соработка на Домовите на култура од Ресен и Кавадарци беше реализиран преку отворањето на меѓународната изложба „Мост“, која по престојот во Кавадарци од синоќа е поставена во изложбениот салон на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

Директорот на Домот на културата во Ресен, Васко Василевски, истакна дека соработката на двете културни институции трае подолго време, но е значајно интензивирана во изминатиот период.

„Размената на културните вредности за нас, како домови на култура е од огромно значење, особено што ние припаѓаме на локалните самоуправи. На овој начин, преку театарски претстави, изложби, музички творци итн, им ги приближуваме културните настани на жителите на двете општини. Оваа изложба верувам дека и во наредните денови, додека трае поставката во Изложбениот салон на Ресенскиот Сарај, ќе биде посетена од голем дел од нашите сограѓани“, посочи Василевски.

Меѓународната изложба „Мост“ на академските сликари од Балканот Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан, како и на авторите Крсте Шупев, Нермин Чеман, Немања Величковиќ и Филип Новески, со симболичен наслов, го претставува мостот на патувањата низ различни хоризонти со спојување во една точка.

Преку изложбата, низ различните стилски концепти сликарите ги презентираат своите држави (Северна Македонија, Турција, Србија и Црна Гора) и ги рефлектираат нивните автентични култури и традиционални вредности, кои се слеваат во една универзална матрица.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Кристина Божурска во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе биде отворена самостојна изложба на Кристина Божурска со наслова Trapped.

Кристина Божурска дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, на Институтот за педагогија во Скопје ги завршува педагошко-психолошките доквалификации, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, со фокус на социјална уметничка пракса.

Во своите дела користи мноштво техники и материјали вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија13 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија14 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија14 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија15 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија16 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија17 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија18 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија19 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија20 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет22 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет22 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет22 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет22 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија23 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет23 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија23 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет2 дена

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија2 дена

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие